Англиски Маја: Многу интелегентна жена. На почетокот мислев дека има околу 30 години, а она веќе во 40тите влегла
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
. Пишувај ги редовно домашните, од нив највеќе полза ќе имаш. Може да ти се случи некогаш да не носиш и она ќе има разбирање. Само немој да пробуваш да наоѓаш тетратки со туѓи домашни и да ги покажуваш, затоа што не е глупа. Тестовите ги прави малку потешки(малку повеќе, реално) и многу обемни, та цел час поминува во пишување. Биди активна на час, тоа е најголема предност. Супер е Маја.
Биологија Елизабета: Професорка која е родена за Корчагин. Толку мозок и толку веродостојност не сум видел. Секогаш имала разбирање и секогаш од воз прави игла. Имало денови кога сме биле полни со тестови и испрашувања и она ќе седне и ќе рече: Денес деца, затоа што знам дека сте изморени и полни со тестови, наместо да прашувам - ќе предавам цел час. Тоа многу ни има помогнато. Плус, многу е амбициозна и секогаш спремна за работа. Предавањата не и се класични клише планови и зборења, туку на пројектор. Лекциите и се направени на павер поинт, и тоа направени се многу подобро од било кој ученик да ги направи. Е сега тестовите и се малку потешки, но со тек на време ќе ги навикнете. И нова е професоркава, ако е постара.
Ликовно Сашо: Обично го ставаат Раде да биде на прва година, незнам сега зошто вака. Со него нема да ви биде ликовно лабав час, како што замислувате еден час по ликовно. Ама како професор е супер, никакви проблеми немало никогаш.
Информатика Жаклина: Многу специфична професорка за многу ученици. Тестовите што ги прави се таман, ни лесни ни тешки. Кога испрашува ептен страв те фаќа и скоро секој втор час испрашува, дури и секој час. За сета среќа, прва година ви е лесна информатика, само кога ќе стигнете второ полугодие ќе имате проблеми со C/C++. Редовно учење само, ништо друго.
Географија Весна: Одличен професор, од помладите и поновите. Многу добро предава, но и секој час испрашува. И тоа на пик се или тие од почеток или некаде измеѓу 23-29. Секогаш овие броеви го јадат. Тестовите и се многу добри, ни лесни, ни тешки, зачинети со малку зафркнати прашања.
За други професори ако те интересира кажи.
И во овие години во кои сум во Корчагин, неможам да се пожалам на ниедно нешто. Имало многу ненаспани ноќи и нервози, но ако ти мава акалот во глава, се ќе решиш без проблеми. Сите професори се исти, нема професор што мрази дете. Убаво викаат, како се понашаш ти - така се понашаат и они. Кога ќе дојдеш 3та - 4та година, ќе имаш многу поразлична преспектива за работите околу тебе. Различно ќе ги гледаш училиштата. Ќе бидеш среќна што овие 4ти години си ги поминала таму.
Ако те интересира уште нешто, слободно прашај.