СУГС Раде Јовчевски - Корчагин

  • Креатор на темата Креатор на темата .mARIJA.
  • Време на започнување Време на започнување
Корчагин е на второ место. Ништо чудно, претпоставувам дека разликата меѓу просечните оценки на двете училишта ќе биде од тип 0,02 како и секоја година, така што кој ќе биде прв веќе е прашање на среќа. Честитки за ЈБТ Битола како и да е. :)
 
Треба еден ќотек да им се удри на матурантите од Корчагин годинава, после долгогодишно суеверено владеење го испуштивме тронот :pos:

Како и да е, ЈБТ од Битола секогаш било во топ 3, така да не ме изненадува што се оваа година најдобри.
 
Бесилка за матурантите од оваа година, срамота го испуштија тронот :icon_mrgr:
 
Ќе искочат ваљда деновиве просеците на школите па ќе видиме дали било до нас. :P Како и да е, среќа е таа работа, разликата лани беше 0,02, претпоставувам и оваа година нешто слично.
 
Ејјј како бе така второ место, срамота, го избрукавте школоно...цццц :) се надевам ова ќе им е прв и последен пат. Ама изгледа и тортура доволно не ви вршеле, на времето јас кога полагав ни викаа мора да се покажеме во најдобро светло, немојте да се посрамотите, од Корчагин сте деца! БРЕ ЧОВЕЧЕ.
 
Ајде среќна нова учебна година на сите Корчагинци кои се дел од најдоброто македонско... упс... скопско средно училиште. :pos:

Посебно среќа на сите од прва година (ако ги има тука нека се јават :)) и на матурантите за да го вратат Корчагин на тронот каде што му е местото. :D
 
Лани завршив у Корчагин и стварно можам да кажам дека многу работи се промениле од тогаш. али гајле им е, нека си ладат :pos:
 
Инаку по 4 години поминати во Корчагин, враќајки си го филмот наназад, вака би си го сумирал своето поминато време таму:

Настрана квалитетното образование што го добив, Корчагин дефинитивно ме направи човек, а и многу луѓе од оваа (а и претходните генерации). Научив како да се справувам со секакви (не)пријатни ситуации и како да ги извадам бенефициите од истите, како да се снајдам во околината, и на кого се' можам да му верувам во моето опкружување. А сите овие животни лекции се многу повредни отколку учење вектори по физика или рандом историски датуми на памет. Можам да кажам дека Корчагин апсолутно ме спреми за животните предизивици во иднина. Голема препорака за сите идни средношколци, ако воопшто им дојде мисла да доаѓат во Корчагин, воопшто да не се двоумат и да не ги слушаат глупавите и злобни коментари од страна дека „било многу лошо“ (а тоа се луѓе кои понатаму нема ни да знаат што сакаат да прават во животот).
 
Не ми предаваше мене ама имав слушано за човеков...почина Митруш Петрушев. Нека му е лесна земјата. :(
 
Здраво. Моментално сум прва година во Корчагин, искрено ми изгледа како многу добро школо а и децата се многу фини. Ако може да ми кажете нешто повеќе за професорите кои предаваат. Слушнав дека сега има многу нови професори а старите се отидени во пензија. Имате некои информации за новити професори? Како предаваат дали се строги итн.. Ви благодарам :)
 
Здраво. Моментално сум прва година во Корчагин, искрено ми изгледа како многу добро школо а и децата се многу фини. Ако може да ми кажете нешто повеќе за професорите кои предаваат. Слушнав дека сега има многу нови професори а старите се отидени во пензија. Имате некои информации за новити професори? Како предаваат дали се строги итн.. Ви благодарам :)

Пошто си прва претпоставувам дека дел од професорите кои ти предаваат, ми предаваа и мене. Пиши ги кои се, па ќе ти кажеме збор-два со Lincoln Burrows. :D
 
Пошто си прва претпоставувам дека дел од професорите кои ти предаваат, ми предаваа и мене. Пиши ги кои се, па ќе ти кажеме збор-два со Lincoln Burrows. :D

На пола не им ги знам имињата али ајде... :D Историја ми предава Дарко, англиски Маја, музичко еден многу фин професор :D македонски Роска, хемија таа со репчето, биологија Елизабета, ликовно Сашо, спорт не знам кој ми предава маж е, математика една млада плавуша, информатика Жаклина, германски пак некоја млада е, физика незнам и Географија е млада многу убаво предава со црна коса. :)
 
Географија е Весна, Математика Сузана Ничота претпоставувам (не ми предавала), Германски таа со црвена коса? (неам учено германски ама ја знам професорката де :D) Музичко Виктор мислам се викаше, ама тој од лани е, појма неам за него, Сашо е ваљда оној што го викаат Исус (со интересна боја на коса и брада), а Спорт еден така околу 50 години, со ептен кратка коса, Роберт претпоставувам :) Дарко ми предаваше, Маја не, Роска не ми предаваше, хемија искрено не знам која може да биде, каква коса има лол? :D И таа биологија не ја знам, изгледа некоја понова е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom