http://daily.mk/forward/2369406/pipan-se-naluti-doprva-kje-vidat-so-kogo-si-imaat-rabota
ПИПАН И АНТИЌ: Судијата Артеага ни се закани уште во Шпанија
Селекторот и капитенот излегоа со шокантни изјави дека шпанскиот судија планирал да ги оштети на Евробаскетот
(Фото: Македонски спорт)
Перо Антиќ и Алеш Пипан на официјалната прес-конференција кажаа декашпанскиот судија Хуан Артеага на турнирот во Сантијаго и во Леон им се заканувал дека „ќе видат што ќе им направи“ на нашите дека на Евробаскетот.
„Им честитам на Литванците за победата, но ова што се случува со судењето е срам за ФИБА и за Европското првенство. Шпанскиот судија Артеага ни се закани уште на турнирот во Шпанија дека ќе видиме што ќе ни направи на ЕП и еве тој заканата ја реализираше тука. Не барам причина за поразите само кај судиите, но ова е симптоматично“, рече Атниќ.
И Пипан ја потврди верзијата на Антиќ.
„Им честитам на момците за борбата, но веќе на два меча по ред ни се случува материјално кршење на правила на наша штета. Верувавме во себе, по негативата од 12 разликата дојдовме до минус три и тогаш ни ја запреа контрата со фаул кој беше досуден после пет секунди.
Вистина е дека Артеага ни се закани во Шпанија. ФИБА мора да реагира и да им се стави крај на ваквите работи. Имам чувство дека немаме ист третман како другите што не ми се случило во кариерата, нешто не е во ред“, рече Пипан.
(Телеграф.мк/Македонски спорт)