Hiryu
H+
- Член од
- 5 мај 2013
- Мислења
- 674
- Поени од реакции
- 848
Во ред тоа е точно, ајде за разлика од првата заливска војна каде Кувајт беше окупиран и навистина се крадеше опцијата за меѓународна интервенција беше позитивна, но не и масакрот врз Ирачките Сили кои се повлекува и согласно меѓународно право и конвенции напад во такви услови е неоправдан ова е познато како Highway of death.Ова сега не се регионални војни туку типична отворена агресија со изговор за воведување на демократија во суверени држави. А нема кој да речи што е многу многу е.
(Дури и Израел и Египет откако се договорија да мирно ги повлечат силите немаше такви бомбардирања иако тогаш небото беше практично на Израел но не го злоупотреби, но САД и Британија ДА и потоа се фалеа како беа ефективни).
Но за разлика од тогаш чиста агресија по меѓународно право беше нападот врз Југославија каде првпат беше употребен терминот Хуманитарно Бомбардирање во смисол да спречиме да србите не им го направат на Косоварите(не се албанци ниту ги сметам) како на Босанците а пропагандната машинерија тогаш беше најјака
Јебига обама не е како Буш па да успее да обезбеди поддршка и плус иако може да издаде наредба за дејствие Обама ги повика конгресмените имајте предвид од одмор за да гласаат за оваа тема конкретно.
Точно и овде морам да ја потенцирам важната улога на Југославија нашата поранешна држава која патем и им даде образование на истите.Имало немало баланс во тој период најповеќе земји ја стекнаја својата независност и тоа баш од големите сили. ООН вакво такво барем колку толку се почитуваше за разлика од сега, а за малите земји тоа е алфа и омега дека нема да бидат згазени од големите сили. Кој им е гарант сега ако Сад реши дека треба нешто да се смени.
Види да бидеме реални први нападна и тоа поддрани со најново оружје(тогаш) комунистите и го држеа цел полуостров освен Пусанг каде интервенираа Британци, Австралиски трупи и Американски, интересно е што планот им се одложи цели две недели поради морските совјетски мини, така да хипотетички да не се умешаа денес цела Кореја ќе беше обединета иако комунистичка но сигурно не како денешнава туку налик Кина.Дали во денешно време корејската војна ке завршеше како што заврши.
Виетнамската?
Некој спомна за Б-52 како партали ќе правеле врз Сирија но во Виетнам минимум 10 бомбардери(иако со 4 пара мотори дизајнирани да издржат удар) беа соборени и тоа од Двина и можеби Нева(SA-2,SA-3) а пак ако ги пратат во Сирија...тешко нив.
Тука Б-1 ќе се користи за стратегиско бомбардирање кој исто така може да лансира и крстосувачки ракети и мислам дека и Б-52 ќе биде концентриран на Крстосувачки.
А ќе појаснам и околу тие Стелт.
Ок.Дали Иран ке станеше република или ке беше кралство. Дали Египет ке го контролираше суетскиот канал. Дали Југославија ке беше дел од варшавскиот пакт или не?
Сепак моето мислење е слично со твоето и сметам дека нашиот модел т.е Југословенскиот социјализам беше многу поуспешен од Совјетскиот и останатите варијации а за Бугарскиот да не го спомнам, ова не од некоја носталгија туку од факти т.е самите показатели за тогашното продакшн ратио како и задолжување споредено со денес, но тоа се последиците на Лоботомијата наречена национализам*.Никој не вели дека системот беше совршен посебно кога некој земји имаат право на вето некој не
*да разјасниме националист или патриот родољуб како сакаш наречи го за мене е човек кој си ја сака својата татковина, си ја цени и е свесен т.е има осет за државност и одговорност но притоа не ги потценува другите народи и култури т.е се додека нема етноцентризам човекот е патриот.
Но во моментот кога ќе рече ние сме од ацета, ние вака, ние онака а другите не чинат бла бла...типичен пример за оваков тип на "патриотизам" имаш кај Грците (за кои не само ние, туку и германци англичани СИТЕ се варвари и кејвменс, друг пример ти е и форсираниот Албански национализам кој има линкови и со тероризам но нели тие се тихи додека кај нас се плука по вистинските патриоти-имај предвид според тоа погоре има наши албанци по етнос кои се поголеми патриоти од нашиве лиглиња и знам такави, дури и неколку се бореа доброволно против терористичка ОНА а не бегаа по Грција како патлиотиве.
Ехеј да видиш ти какви се тие квази патлиоти па од фамилија тешки вмбловци кои го љубеа љупчо и во спалната имаа слика од него жива вистина со свои очи видено (лелее такво дете не се раѓааа..леле милото нека биде живо и здраво-велеа за Љубчо и сега за гујко иако се со основно до четврто, е сега дојде 2001 и од 3 деца едниот беше ЈуКеј уште претходно бидејќи направи глупост со неколку џоинта т.е 20-30 гр што тогаш беше МНОГУ Марихуана( па бидејќи трчаа за партијата во 1998-99 пролонгираа таман да замине) и тој исто имаше женска и отиде со неа во лондон и кога го депортираа тука по нападите во метрото женска му на која и плаќаше адвокат за да добие државјанство зема Србин, а во меѓувреме тој и другиот мој братучед се пишаа Бугари и сега работат во Германија рмбаат како црнци за тука да се курчат додека третиот син стварно не слуша т.е слухот му е оштетен и не доби покана, но овој најстариот се криеше кај први братучедиж/ки и тоа да не оди да ја брани државата и со татко му велат-ахх ќе се борам за куќите на тетовчани и кумановци кои продадоа се на Ш*птари или имаат куќи а се во странство па нека се вратат да се борат-тоа беше изговорот и ден денес кога му викам дека е педер(не предавник-сам си знае ма и пилците знаат) ми замерува ама и женаму проста малку во смисол образование инаку ИТРА му вика цитат "ами така е бе ТИ ФУФКАШЕ мочло, брат ми не избега а иста возраст сте" е ТОА беше моментот, инаку има две деца сега накај осмо одделение едното и еве 2 години со брат му се германија а овој што не слуша работи тука, се мачи а е единствен неженет од нив буквално фер човек ама сета вина врз него за СЕ.
. А за регионални секогаш имало и ке има.
Овде интересно е што од локална може да прерасне токму во регионална, имено НИКОЈ не гарантира дека Асад нема да удри со балистика врз Израел, понатаму Турција,базите во Кипар па и Инџирлик(последниве две со конвенционални боеви глави партал ќе ги направат
А ако не на Турција или Кипар тогаш сигурно Израел ќе биде удрен, хезболах ќе разбесне и повторно Израел ќе влезе во конфликт а од друга страна Биохемиско оружјке ќе добијат Терористи на глобално ниво кое на црн пазар ќе стигне и до Европскиве терористички групи, чеченците и картелите во Колумбија и Мексико(за кои има извесни сознанија дека сакаат) значи овде има потенцијал да прерасне во регионален конфликт кој ќе го повлече и Египет можеби, Иран најверојатно има можност и Ирак.
Сега да објаснам околу тие стелтови ова важи посебно за вредните Б-2 стратегиски бомбардерои кои чинат 2 милијарди но навистина капа се симиња
Но товарот најчесто е врз Б-1 кој нема војна последниве 20 години а да нема исфрлено барем 30% од тонажата па потоа се со некои 15-20% Б-52 и Б-2.(на пример Б-52 беше користен во Авганистан строго, Б-1 во Ирак и Б-2, а сега ќе биде најверојатно Б-52 и Б-1 да лансираат крстосувачки ракети а вториов заедно со Б-2 и да бомбардираат-ова не значи дека Б-52 лоцирани во Англија нема да бомбардираат), е сега треба да забележите дека овие т.н невидливи бомбардери па и стратегискиве(Б-1
има 100 пати помал одраз на радар од Б52
Што укажува на предноста на Б-1 додека Б-2 кој чини цели 2 милијарди настрана скапото одржување и посебната стелт технологија(и напред доста висок напон да апсорбира радиобранови плус карбонил Ферит како една од состојките во повеќеслојниот RAM(Radar Absorbing Material) и слоеви како и температура под која се чува во Хангар т.е единствен авион кој бара клима уред
има 60 пати помал одраз од Б-1 или поточно е јато птици-Блур
Но фактот е дека овие летала зависат со исклучок на JDAM(Joint Direct Attack Munition) која е сателитски водена плус има и секундарни системи, зависат од информациите од земја или од останати беспилотни летала или ловци кои често пати се групираат на пример на 7000 метри а над нив е стелтот на `10 000 метри и така му прават каверинг од САМ а воедно и заштита од евентуални неочекувани пресретнувачи покрај ова ако имат информации за САМ системите било од безпилотни летала,сателити, разузнавачи(небитно) дека пред нив има САМ тогаш го прават ова(на сликата ќе додадам хипотетичка мета маркирана како квадрат, триаголник-стрелка се леталата-стратегиски бомбардер нека биде и Стелт-Б-2 или па и Б-1), како што гледате црниот курс е планиран уште предвреме а кај Б-2 посебно тоа е компјутерски но пристугнува информација дека има таму активен панцир систем и С-200 кои се закана па и вториов кој може да коиристи дата од други радари веднаш се одбира алтернатива и тоа е црвениот курс што значи тие и реално се немат соочено со вистинска закана освен во виетнам каде Б-52 паѓа од Двината па и од Мигови но после со ГПС и со новата технологија посебно после 1984 за овие летала закана се само Патриот, Израелскиот Стрела, С-300 и МИМ-23 HAWK систем кој има соборено балистичка ракета и мноогу летала се разбира модификација , истото apply и на останатите системи посебно С-300 кој може да се комбинира со нов радар(кој детектира стелт летала или новиот термин LOA (Low Observable Aircraft) слично како што и Arrow на израел може да се комбинира со патриот, ова се разбира од земја додека во воздух закана е и МИГ-21 кој доволно е да го детектира а потоа не верувам да го пуштат туку така некој(лку) кој им пуштил неколку тона бомби со експлозив и се што е класирано biohazard и убил 300-1000 луѓе меѓу кои и цивили по правило.
Секако и за МИГ или Сухој па и Јаковлев(дали 21, 25 и 31 како специјалци за пресретнување а 25-ката стара 40 години Ирачка собори нов Ф-18 во Ирак) така да и овде претпоставка е леталата да се модифицирани а не како Српските МиГ-29 на кои де ќе откаже радар, па систем за контрола на оган и нормално тогаш си Flying duck за Ф-15 а.к.а MIG Killer псевдоним доделен по најголема заслуга на Израел а и рака насрце е солиден авион а уште подобра е неговата нова верзија F-15 SE(Silent Eagle)
--- надополнето: 5 септември 2013 во 18:41 ---
Да но Интересно е што и Русија се реши да го испрати единствениот Носач на Авиони Адмирал Кузњецов кој правно се класира како тежок крстосувач па заобиколува многу работи(Забележете ги лансирните платформи, а уникат е и по тоа што има и способност да сам се бори против подморници, всушност тоа беше и филозофијата на овој проект инаку Изграден во Украина ако е Руски)Сириja разполага со истите оружиja,кои разполагаха државите от Варшавскиот договор.
, но во основа добил наредби да се упати кон пристаништето во Сирија
, а токму таа правна НАТО класификација ќе му овозможи премин уште кај гибралтар, воедно испратен е и еден од руските шпионски бродови(сличен како Американскиот Сентинел кој беше присутен за време на несреќата Курск, но САД и капетаните не се нервозни и нивната реакиција е Носач со 20 СУ-33 и неколку СУ-25(поморска варијанта и те како опасна тоа е жилаво авионче народски кажано бидејќи во авганистан кога СССР нападна добил ракета и над 140 погодоци од противавионска артилерија и пак се вратил во матична база но АРМ нашиве ги остави да скапуваат ) не е закана за нас но за поголема закана се смета рускиот SIGINT брод кој наводно ќе им давал инфо на Сирија.(која самоувереност, добро и не за џабе)
Исто така САД испратија и брод со неколку стотина Маринци значи амфибиски брод кој има и два VH-22 како и можност да испорача сила и на копно по желба, интересно е што овој брод беше задолжен за Африка и се повлекуваше кон Крит но добил други наредби-очигледно очекуват загуби и паднати летала и пилоти кои ќе треба да си ги собираат.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 19:13 ---
Би се согласил ако ги немаше барем FSA или Нусра, но веќе има оперативци кои маркираат, плаќаат милиони долари и бележат мети, депоа со муниција, храна на армијата и сл.Spored nekoi izvori Sirija nema da bide lesen zalak kako Afganistan, Irak, Libija...
Velat deka Sirija raspolaga so solidna odbrana
http://www.informationclearinghouse.info/article36076.htm
Они ќе остават на Фанатиците да гинат во Дамаск за добиен квадратен инч да губхат по 10 мл крв.
Ова ќе биде многу хирушки прецизно изведено а нападот нема да биде само од медитеранот и ако мислите дека нема да делуваат на копно тогаш што прават во јордан 800 делти спремни секој момент да реагираат, да не спомнувам и за други.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 19:16 ---
Пааа за Југославија и милошевиќ беше Кредит од ММФ(уствари е повеќе поткуп отколку кредит) за некои 20-30 милијарди во кеш и додатни 20 во донации.По мое мислење(го влечам од поранешните искуства) енигма е само цената по која Русија ќе ја `продаде` Сирија на западот.На крај баќушката ќе најде интерес и Асад ќе заврши во прав и пепел бомбардиран од сите можни и неможни оружја.
Пред секоја ваква интервенција упорно посакувам да видам руска тупаница удрена на маса,ама излгеда тоа се само желби
Attachments
-
563,7 KB Прегледи: 8