Конфликтот во Сирија

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Интересно ми е зашто мешате НАТО овде?!
НАТО нема резолуциja и нема единен став за Сириja во овоj момент. Овде имаме коалициja,коja вклучува многу држави надвор от НАТО ...
--- надополнето: 2 септември 2013 во 20:32 ---


Тоа и велам и jaс и ако знаеме,дека Сириja урна турски авион веке, пагат гранати во Турциja се уште, умират на турска териториja легу от куршуми изпукани во Сириja...
Турција е член на НАТО,точка 5 од повелбата на НАТО вика Напад на една земја членка се смета за напад на сите земји членки.Ако Турција се повика на таа точка,твојата држава заедно со другите мора да испрати некој Миг да го руши режимот на Башар Ал Асад :)
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Турција е член на НАТО,точка 5 од повелбата на НАТО вика Напад на една земја членка се смета за напад на сите земји членки.Ако Турција се повика на таа точка,твојата држава заедно со другите мора да испрати некој Миг да го руши режимот на Башар Ал Асад :)
Докато нема реакциja на ниво НАТО, не мешете НАТО. Само неколко држави от НАТО са готови да интервенират, без решение на совет на НАТО... овде станува прашане за сосем нешто различно - ке има коалициja от повеке држави,кои не са членки на НАТО...
--- надополнето: 3 септември 2013 во 17:30 ---
36 Pancir-S1E x 12 missiles= 432 hits(tomahawks) , 28 BUK-M!-2 x 4 missiles = 112 hits...

Не знам америве со колку томахавки располаагаат
Зборува се дека на разполагане во моментот на бродовите около Сириja имат около 250, а ударите сметат да ги нанесат со не повеке от 30-40.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ме потсети изјавата на Асад,да се сети Америка на Виетнам :D ако му ги донесе Америка истите Б 52 што им ги пушти на Виетнам,има Америка да ги погреба сите заедно и Асадовци и Бунотвници и овие останати хоштаплери :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.382
Поени од реакции
24.091
Го губиме тронот.

Бидејќи Кинезите се развиваат и тоа успејаа преку преземање на Know-How да добијат цели фабрики и дизајни за производни линии како Јапонски така и Американски и има низа случаи, Кина сега Гради Флота, Има оружје способно да го среди GPS а наскоро и нема да свитка опаш како во 1995 кога се палеа ракети кон Тајван па пристигна Американски носачи од База во Јапонија и Кина свитка опаш-е сега развиваат Балистичка Ракета од Која нема спас за носачот а е Конвенционална(што на другата страна не и дава право употреба на неконвенционално оружје, но неконвенционални тактики ќе се користат како Британците кои учеле како да се однесуваат како Германски војници и така носејќи Британски САС затвореници правеле огромни штети но тоа е многу различно од Неконвенционално оружје), понатаму тука е Индија која заедно со Русија ќе Добијат и ќе бараат своја сфера на Влијание и Интерес(СУ-50 т.е ПАК-ФА е Индиско-Руски проект), исто така и Бразил е овде, секако Јапонија ќе Мора да се ослободи од базите на САД бидејќи таму има штаб на флотата, единствено Јапонија останува навидум неврзана но сепак развива и шеста генерација летала Митсубиши АТД и ја имаме Третата најмоќна морнарица(некои ја сметаат и за втора а други за четврта), но Настрана Америте и ќе се реди со Кина и уште подобро ќе ќарат..

Западот паѓа и ќе влијае врз Балканот, Кина веќе ја "зазема" Африка Индија и Русија го прават тоа со Јужна Америка и Сега западот настојува што е можно полесно да го пролонгира губењето на моќта и својата моќ на влијание т.е ЦЕЛ СВЕТ- е Сега ќе мораат и Британците, и Французите па и САД да се свестат дека нема сите да играат по нивно оро.
Ова го губиме тронот некако не ми држи вода. Ние не сме Америка да па го губиме тронот. Искрено пет пари не давам ако Америка го изгуби тронот, не дека навивам за некој друг туку кога има баланс на силите( како на времето што би рекле) тогаш има поголеми шанси да се почитуваат меѓународното право, што секао не е случај во претходните 20 и кусурот години кога некој ги почитуваше тие правила само кога му одговара, кога не ке ги заобиколи или едноставно ке ги игнорира. Последните неколку конфликти се школски пример за тоа, посебно нападот на Србија. Искрено и ние си имаме мака од тие непочитувања на меѓународно право баш ради тоа што нема баланс на силите и едноставно нема на кој да се жалиш. Кадија те куди, кадија те суди испаѓа работата.
Во секој случај анализата ти е обемна но секако безпотребна и безвредна и нема никаква практична корист од неа. Не се работи тука само кој колку моќно оружје има. Во светот има неколку држави кои поседуваат нуклеарно оружје( за хемиско и биолошко само господ знае кој се поседува). Русија, Кина, Индија , Пакистан, Израел сигурно имаат и тоа не од вчера, па пак си го свиткаја опашот. И за крај можеби идејата за арапска пролет беше друга но конкретно за Сирија сега тоа е најмалце битно. Како што реков и во претходниот пост замина возот за мирно и дипломатско решение. Асад мора да падни па што сака нека биди.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Кери го нарекува Асад Хитлер, а некогаш заедно вечерале

03.09.2013 | 16:53
Извор: Точка
Прочитано: 4192 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот



На сликата се гледа како во пријатна и интимна атмосфера Џон Кери и неговата сопруга вечера со Башар ал Асад и неговата жена Асма.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад после „нападот со хемиско оружје над сопствениот народ им се придружи на Адолф Хитлер и Садам Хусеин“.

Сега мисли така, а пред четири години очигледно мислел друго. Доказ за тоа е и оваа фотографија која вчера подигна прашина, а на која се глеа како тој вечера со Башар ал Асад и неговата Асма, која на Запад се’ почесто ја нарекуваат бездушна убавица.

Станува збор за фотографија која излезе во јавност токму во моментот кога Кери се залага за бомбардирање на Сирија и симнување на Асад од власт. Кери, кој во неделата сирискиот претседател го спореди со Хитлер и Садам Хусеин, фотографиран е како ужива во интимна вечера во друштво на сопругата Тереза и Асадови.



Фотографијата е наводно сликана во 2009 година, кога Кери бил сенатор од Масачусетс. На таа фотографија се гледа и како тие двајцата се наведнати еден кон друг во близок разговор, додека нивните сопруги седат една спроти друга. Во близина стои и келнерот кој на послужавникот држи пијалак со зелена боја. Фотографијата е најверојатно снимана во февруари 2009 година во ресторанот Наранџ во Дамаск, кога Кери ја предводел делегацијата со цел да се пронајде начин за постигнување на мир во регионот.

Кери сега, како цврст поборник за воена интервенција против Сирија, вели дека светот не може да остане настрана и мирно да гледа како Асад користи хемиско оружје.

Иако го делат мислењето, Обама сепак направи одлука евентуалната интервенција да ја префрли на Конгресот кој почнува да заседава на 9 септември. Дамаск дотогаш може да здивне, бидејќи во дипломатските кругови се верува дека Обама нема да делува без одлука на Конгресот како ветер во грбот.
http://tocka.com.mk/1/104240/keri-go-narekuva-asad-hitler-a-nekogas-zaedno-vecerale
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
Строго доверлива тајна: Сирија собори американски воен авион „Ф-22 Рептор“


Според коментарите на светските медиуми причина за одложување на американската воена интервенција во Сирија не е тоа што претседателот на САД, Барак Обама го чека мислењето на Конгресот туку, тоа што минатиот месец сириската војска го собори американскиот борбен авион „Ф-22 Рептор“, како и четирите ракети „томахавк“.

Оваа тајна ја потврди воен експерт во интервју за телевизискиот канал„ Ал Манар“.

„Ф-22 Раптор“ е еден од најнапредните ловци во светот. Неговата моќ да лета многу високо и да развива голема брзина е тоа поради што е дури невозможно да биде соборен.

На теренот е потполно невидлив и има оружје со кое може да го собори непријателот дури на одалеченост од 50 километри. Токму затоа американскиот воен врв беше шокиран, поради падот на авионот и ракетите од видот на Томахавк, кои професионално беа уништени, од сиријците.

Американскиот борбен авион беше срушен во близина на границата со Јордан, а оштетените ракети паднаа во морето.Повикувајќи се на американски воени извори, „Оклахома пост“, објави дека на 30 август Сириската противвоздушна одбрана со помош на рускиот антиракетен систем „Панцир 1 “, соборила четири американски ракети „томахавк“.

Воениот експерт Џон Рид Плава изјави дека Сирија покрај Ц-300, ја има и новата поусовршена верзија, како и системот Ц-400.

За настанот сведочат и жителите на сирискиот град Тартус., кои потврдуваат дека на 30-ти август, во попладневните часови слушнале звук од три авиони.

Едниот бил „Миг -23“, вториот „Миг-29“ кој се упатил кон издвоениот американски авион, кој што бил забележан во близина на сириските територијални води.

Американските авиони биле на околу 20 милји одалеченост од крајбрежјето на Сирија. Секој од нив во секој момент можел да влезе во сирискиот воздушен простор. Кога ги забележале сириските авиони како им се приближуваат, американските заминале кон морето.

На 1-ви септември, околу десет часот играта се повторила.Се знае дека со лансирните позиции во Сирија раководат добро обучени и искусни руски експерти. kolku e ova verno
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Кери го нарекува Асад Хитлер, а некогаш заедно вечерале
Значи новинарите во цел свет се исти (секоја чест на исклучоци), тотално неписмена багра која се ќе направи за да привлече внимание! Ако некој заедно вечерал (и то пази дипломатска вечера) за нив значи дека многу се „мирисале“ и љубеле... а на таа вечера Кери можеби и му предложил на Асад предвреме мирно да ја напушти власта, за да не дојди до ова денес што му го направи УСА, ама ај да не нагаѓаме... Иначе подобро ќе му беше лигавењето на Асад со Ердоган, кои како све не се изнарекоа овие две години, и од да направар некоја сензационална вест за „конечно да ни ги отворат очите“ за лицемерието на политиката на УСА и Турција...



















Еве му ги и жените:





Посебно пазете на оваа тројка :D



Да ги предупредам новинарчињата дека сликите се од дипломатски посети, ручеци, вечери... за да не напишат после дека; до пред 2 год. се перкаа во кревет, а сега се диктатори и терористи :ROFLMAO:
 
Член од
26 декември 2012
Мислења
229
Поени од реакции
159


Според BBC, Обама штотуку доби подршка за воздушни напади, од страна на клучните лидери на републиканците.
http://www.bbc.co.uk/news/world-middle-east-23950253
--- надополнето: 4 септември 2013 во 09:50 ---
Еве нешто интересно за Џон Кери
http://nexus-svjetlost.com/vijesti/u-pozadini-vijesti/item/150-e-moj-kerry-americki-ratni-huskac-nekada-vodio-vijetnamske-antiratne-prosvjede-s-johnom-lennonom
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Ова го губиме тронот некако не ми држи вода. Ние не сме Америка да па го губиме тронот. Искрено пет пари не давам ако Америка го изгуби тронот, не дека навивам за некој друг туку кога има баланс на силите( како на времето што би рекле) тогаш има поголеми шанси да се почитуваат меѓународното право, што секао не е случај во претходните 20 и кусурот години кога некој ги почитуваше тие правила само кога му одговара
Мала корекција 60 години не се почитуваат меѓународните правила, а еве имаше баланс.

(од заливот на свињите до соборување на U-2,Виетнам...)

Пред распадот на варшавскиот пакт имаме 47 војни(и 14 милиони жртви) од кои најмалку 10 со регионален карактер и де факто и де јуре при баланс како претходниот немој да очекуваш било какво почитување туку повеќе мерење на кој му е поголем(како што видовме пред распадот на СССР и Варшавски пакт дека со исклучоци ретки СИТЕ војни кои се водеа имаше најмногу индиректни и поретко директни странски интервенции) така да таков баланс неќам а и не мислев на таков кој всушност беше биполарен.

Јас алудирам на мултиполаритет кој досега го немало(и сега се настојува истиот да се пролонгира) но не тврдам дека тој нема да донесе почитување на меѓународното право, напротив мислам дека кога секој ќе си ја добие својата сфера на влијание нема да се меша за него да не му се мешаат(претходно беа две страни но овде ќе бидат пет можеби 7 така да едно е една страна да се замеша против а потоа и друга да и се приклучи), а споровите даги решават по меѓународно право(пример се трговските спорови помеѓу ЕУ и САД).

Инаку ООН за жал успеа во примарната мисија сега засега(да нема светски рат) но не и во секундарната што повторно ја сведува на организација налик лигата на народите само што кај ООН има механизми кои големите сили не се двоумат да ги злоупотребат.
--- надополнето: 4 септември 2013 во 17:20 ---
Зборува се дека на разполагане во моментот на бродовите около Сириja имат около 250, а ударите сметат да ги нанесат со не повеке от 30-40.

И 150 од подморници.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
По мое мислење(го влечам од поранешните искуства) енигма е само цената по која Русија ќе ја `продаде` Сирија на западот.На крај баќушката ќе најде интерес и Асад ќе заврши во прав и пепел бомбардиран од сите можни и неможни оружја.

Пред секоја ваква интервенција упорно посакувам да видам руска тупаница удрена на маса,ама излгеда тоа се само желби
 

Kajgana Shop

На врв Bottom