Конфликтот во Сирија

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.354
Поени од реакции
7.116
G

Geezer

Гостин
Русите последно време, само на збор се силни. Србите ги дриблаат којзнае колку време, не па за една Сирија.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Црногорците викаа: тешко оној земји коју Србија храни и Русија брани.Тоа се мислеше за самите нив кога сакаат да се отцепат а србите им викаа-не се отцепувајте,ни ќе ве раниме а Русија ќе ве брани.На крај се оцепија и сега гледаме како `гладуваа` со 440 евра просечна плата во државата.

Најпаметно за Сирија е да се огледа на оваа случка и нека бара чаре на друга страна-по мое мислење треба да бараат милост,заштита и единство од арапскиот свет.Тука Асад греши кога се замерува со половината од нив.И нормално му вртат грб
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Конгресмените во САД дефинитивно одлучија дека ќе има напад во Сирија..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Syria: Nobel Peace Laureate Tells Her Account of What She Witnessed

Nobel Peace Prize laurete, Mairead Maguire tells her account of her visit to Syria. While Maguire was in Syria she discovered that the people the U.S. are funding are violent groups and do not want peace in Syria. Her her view is that Syria is being used as a proxy war by the U.S., Great Britain, Saudi Arabia and Qatar.

http://www.youtube.com/watch?v=msA35ATXol8&feature=youtu.be

The Arab world has harbored fantasies about the supernatural power of the United States
Noam Chomsky interviewed by Mohammad Al Attar

http://chomsky.info/interviews/20130711.htm
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.382
Поени од реакции
24.091
Мала корекција 60 години не се почитуваат меѓународните правила, а еве имаше баланс.

(од заливот на свињите до соборување на U-2,Виетнам...)

Пред распадот на варшавскиот пакт имаме 47 војни(и 14 милиони жртви) од кои најмалку 10 со регионален карактер и де факто и де јуре при баланс како претходниот немој да очекуваш било какво почитување туку повеќе мерење на кој му е поголем(како што видовме пред распадот на СССР и Варшавски пакт дека со исклучоци ретки СИТЕ војни кои се водеа имаше најмногу индиректни и поретко директни странски интервенции) така да таков баланс неќам а и не мислев на таков кој всушност беше биполарен.

Јас алудирам на мултиполаритет кој досега го немало(и сега се настојува истиот да се пролонгира) но не тврдам дека тој нема да донесе почитување на меѓународното право, напротив мислам дека кога секој ќе си ја добие својата сфера на влијание нема да се меша за него да не му се мешаат(претходно беа две страни но овде ќе бидат пет можеби 7 така да едно е една страна да се замеша против а потоа и друга да и се приклучи), а споровите даги решават по меѓународно право(пример се трговските спорови помеѓу ЕУ и САД).

Инаку ООН за жал успеа во примарната мисија сега засега(да нема светски рат) но не и во секундарната што повторно ја сведува на организација налик лигата на народите само што кај ООН има механизми кои големите сили не се двоумат да ги злоупотребат.
Имало немало баланс во тој период најповеќе земји ја стекнаја својата независност и тоа баш од големите сили. ООН вакво такво барем колку толку се почитуваше за разлика од сега, а за малите земји тоа е алфа и омега дека нема да бидат згазени од големите сили. Кој им е гарант сега ако Сад реши дека треба нешто да се смени.
Дали во денешно време корејската војна ке завршеше како што заврши. Виетнамската? Дали Иран ке станеше република или ке беше кралство. Дали Египет ке го контролираше суетскиот канал. Дали Југославија ке беше дел од варшавскиот пакт или не?
Никој не вели дека системот беше совршен посебно кога некој земји имаат право на вето некој не, но рака на срце трета светска војна немаше. А за регионални секогаш имало и ке има. Ова сега не се регионални војни туку типична отворена агресија со изговор за воведување на демократија во суверени држави. А нема кој да речи што е многу многу е.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Значи новинарите во цел свет се исти (секоја чест на исклучоци), тотално неписмена багра која се ќе направи за да привлече внимание! Ако некој заедно вечерал (и то пази дипломатска вечера) за нив значи дека многу се „мирисале“ и љубеле... а на таа вечера Кери можеби и му предложил на Асад предвреме мирно да ја напушти власта, за да не дојди до ова денес што му го направи УСА, ама ај да не нагаѓаме... Иначе подобро ќе му беше лигавењето на Асад со Ердоган, кои како све не се изнарекоа овие две години, и од да направар некоја сензационална вест за „конечно да ни ги отворат очите“ за лицемерието на политиката на УСА и Турција...










Да ги предупредам новинарчињата дека сликите се од дипломатски посети, ручеци, вечери... за да не напишат после дека; до пред 2 год. се перкаа во кревет, а сега се диктатори и терористи :ROFLMAO:
Ако САД и Турција ти се пријатели исто е ко да имаш милиони душмани, ова нека биде јасна порака до политичарите во Скопје, што се зaнесуваат со подршките на САД и Турција,стратешки партнери на Мкд,,жити партнерите....:facepalm:
--- надополнето: 5 септември 2013 во 02:50 ---
Кери го нарекува Асад Хитлер, а некогаш заедно вечерале


http://tocka.com.mk/1/104240/keri-go-narekuva-asad-hitler-a-nekogas-zaedno-vecerale

Тоа е Тоа...

 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Не знам дали да го коментирам ова, мразам шпекулации, но ако ова е вистина...
Нуклеарни боеви глави биле земени од Тексас и преврлени во Јужна Каролина без никакви документи, според(непознат) извор од базата.
Истовремено во Јужна Каролина е забележана активност на Б-2 бомбардери.
Изворот е на Алекс Џонс, кој секогаш се држел до логиката и разумот, и изнесувал факти на заговор, а не теории.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
Сеа ние за кого да навиваме? -За Сирија или за 'murica?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Јас сум легалиста по пририда,и сум на страната на Асад додека не се докажи дека користи оружје забрането со конвенции.Човекот е легално избран на власт,а од друга страна имаме признание од ЗКери дека на страната на бунтовниците се борат борци на Ал Каеда

Четврток, 05 Септември 2013 09:32​


Голем број на контроверзни ставови и оценки произлегоа од соочувањето на високите претставници на кабинетот на американскиот претседател Барак Обама со конгресмените во Претставничкиот дом околу планираниот напад врз Сирија.


Од обвинувања дека Америка со нападот ќе ја поддржи Ал каеда, до критики за слабата меѓународна поддршка и барање арапските земји да платат за нападот, државниот секретар Џон Кери и секретарот за одбрана Чак Хејгл повеќе пати се судрија со членовите на Комисијата за надворешни работи.
Една од најконтроверзните изјави беше признанието на Кери дека во бунтовничките сили кои се борат против режимот на Асад, и кои добиваат помош од САД, има припадници на терористичката мрежа Ал каеда.
- Кога и да добивам брифинг за составот на бунтовничките сили, работите се полоши и полоши. Мнозинството од нивните борци сега се радикални исламисти, кои доаѓаат од целиот свет, спремни да се борат. Стравувам дека било кој напад врз режимот во Сирија, колку и да е режимот опасен, ќе ја засили Ал каеда, обвини конгресменот Мајкл Мекол од Тексас.
- Не се согласувам дека мнозинството се од Ал каеда. Можеби 15 до 25 проценти од една или од друга група можеби се лоши момчиња, има разни групи кои понекогаш се борат и меѓу себе. Веруваме дека постои умерено движење кое е предводено од генералот Идриз и нашите сојузници и пријатели, Саудијците, Емиратите, Катарците, на дисциплиниран начин упатуваат помош до генералот Идриз, изјави Кери, на што конгресменот Мекол се повика на брифинзи што конгресмените ги добиле во кои проценката е дека 50 проценти од бунтовниците се исламисти.
Конгресменката Илеана Рос Лејтинен, пак, го потсети секретарот Кери на големите буџетски проблеми со кои се соочуваат САД и го праша дали арапските земји планираат да платат за нападот врз Сирија, односно како што рече таа, да ги исплукаат парите.
- На прашањето дали арапските земји се понудија да ги сносат трошоците и да помогнат, одговорот е целосно да. Се понудија и таа понуда е на масата, изјави секретарот Кери.
Конгресменот Џо Вилсон од Јужна Каролина инсистираше од секретарот Хејгл да одговори од каде Асад го добил хемиското оружје, алудирајќи на тврдењата изминативе денови дека оружјето поради кое претседателот Џорџ В. Буш ја започна војната со Ирак било прошверцувано во соседната Сирија.
Хејгл за тоа ги обвини Русите.
- Русите ги снабдуваат. И други земји ги снабдуваат со хемиско оружје. Нешто произведуваат и сами, одговори Хејгл.
Една од најсилните критики на конгресмените против администрацијата на Обама беше малиот број на држави кои ја поддржуваат интервенцијата, особено по повлекувањето на Британија. Кери возврати дека Стејт департментот интензивно работи на обезбедување поддршка и досега 53 држави или меѓународни организации јавно соопштиле дека е употребено хемиско оружје, а 31 го обвиниле Асад за нападот.
Кери рече дека на САД не им се потребни голем број сојузници за планираниот напад, покрај понудата на Турција и дел од арапските земји.
По долгото инсистирање на конгресмените, Кери почна по азбучен ред да ги чита земјите кои дале политичка поддршка, и стигна до Австралија, Албанија и Босна и Херцеговина.
Кери ги информираше конгресмените и дека во изминатите денови, по заканата на претседателот Обама за воен напад, десетици офицери на сириската армија пребегале на страната на бунтовниците, каде повеќе групи се предводени токму од поранешни генерали на Асад.
По вчерашната бурна расправа исходот на очекуваното гласање во Претставничкиот дом е неизвесно.
Раководството на републиканците во Претставничкиот дом најави дека лично ќе гласа за поддршка на војната, но дека нема ниту да се обиде да им сугерира на конгресмените како да гласаат, туку ќе го остави секој член да гласа според својата совест.
Од конгресмените кои јавно се изјаснија, засега околу 50 рекоа дека ќе ја поддржат војната, а околу 150 се против, но мнозинството не се определиле јавно, а бројките се менуваат од час во час.

http://www.kurir.mk/svet/vesti/129016-SAD-i-pomagaat-na-Al-Kaeda
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Само што не стигнале:icon_lol:
Добра шега. :D
--- надополнето: 5 септември 2013 во 12:19 ---
Spored nekoi izvori Sirija nema da bide lesen zalak kako Afganistan, Irak, Libija...
Velat deka Sirija raspolaga so solidna odbrana

http://www.informationclearinghouse.info/article36076.htm
Не толкова одбраната на Сириja e силна,колкото интересите на другарите на Сириja са силни.
Сириja разполага со истите оружиja,кои разполагаха државите от Варшавскиот договор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom