Dzish
unlike any other...
- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 13.994
- Поени од реакции
- 2.689
- Возраст
- 38
Ја ти едно клипче да видиш шо се дешава натре во двојниот замаец... на англиски го викаат Dual Mass Flywheel. Овај е радијален, ги има и аксијални. Мислам дека на VW се аксијални, не сум 100% сигурен, а не е ни битно, посекако федерите и опругите за отпор не се гледаат, затворени се натре.Како се приметува проблемот со замаецот?
Да видам дали сум нуб или не![]()
Шо се дешава на мојата кола... Ко ќе го угасниш моторот, обавезно има некаков чуден звук на тропање. Отпрво мислев дека е држач на мотор, ги проверив држачите, камен се. Така ја возам колата од ко е донесена, ама уште одтогаш ме думаше шо можи да е тропањето. Мерцедесите не тропаат така. И никому ништо, така треба, а, у, си ја возам колата. Го прашвам комшијата (тој има А6 110-ка и Галакси 90 кс) вика и мојата така прај така треба, ова е VW не е мерцедес

Во неделата за прв пат осетив слаби вибрации на кумплунгот (единствено кога педалата е притисната до крај), и ми падна чудно. И се заинтересирав, испадна дека кога колата е добро загреана (недлата ја возев појќе од 2 сати низ град, тргни застани) почна да вади чуден звук (како да зуе лагер, ептен слабо) кога е кумплунгот притиснат до крај. Кога колата е ладна, звукот го нема. И така дојдов до моментот дека треба да ја ѕирни мајстор (за замаецот не ни знаев дека е таков, нити дека толку ја искомплицирале работата), се си мислев дека друг-лагерот е пред умирање. И сите мајстори истото ми го рекоа: лагер на овие не паѓа, обично паѓа ламела или замаец.
Така да ако бараш нешто конкретно, освен тропањето на гаснење на мотор, друго нешто како симптом можно е и да не се јавува. Е сега, треба и да имаш тро искуство со механика и слушање на дизелаши, за да не го напрајш то шо го прај комшијата: така треба то, од мајка е такво. Затоа и пишав погоре 90% од возилата го имаат проблемот, само ретко кој знај да го препознај. Си ги возат така, можи да си изоди добри 50-100.000 км. Комшијата пример има 60.000 поминато со 6-ката од ко ја купи и прашање е уште колку да се додај од тој шо ја имаше пред него...