Dzish
unlike any other...
- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 13.994
- Поени од реакции
- 2.687
Ја ти едно клипче да видиш шо се дешава натре во двојниот замаец... на англиски го викаат Dual Mass Flywheel. Овај е радијален, ги има и аксијални. Мислам дека на VW се аксијални, не сум 100% сигурен, а не е ни битно, посекако федерите и опругите за отпор не се гледаат, затворени се натре.Како се приметува проблемот со замаецот?
Да видам дали сум нуб или не
Шо се дешава на мојата кола... Ко ќе го угасниш моторот, обавезно има некаков чуден звук на тропање. Отпрво мислев дека е држач на мотор, ги проверив држачите, камен се. Така ја возам колата од ко е донесена, ама уште одтогаш ме думаше шо можи да е тропањето. Мерцедесите не тропаат така. И никому ништо, така треба, а, у, си ја возам колата. Го прашвам комшијата (тој има А6 110-ка и Галакси 90 кс) вика и мојата така прај така треба, ова е VW не е мерцедес . Е арно ај така нека биди, си се помирив со фактот дека ко ќе ја угасниш, гасни како аран.
Во неделата за прв пат осетив слаби вибрации на кумплунгот (единствено кога педалата е притисната до крај), и ми падна чудно. И се заинтересирав, испадна дека кога колата е добро загреана (недлата ја возев појќе од 2 сати низ град, тргни застани) почна да вади чуден звук (како да зуе лагер, ептен слабо) кога е кумплунгот притиснат до крај. Кога колата е ладна, звукот го нема. И така дојдов до моментот дека треба да ја ѕирни мајстор (за замаецот не ни знаев дека е таков, нити дека толку ја искомплицирале работата), се си мислев дека друг-лагерот е пред умирање. И сите мајстори истото ми го рекоа: лагер на овие не паѓа, обично паѓа ламела или замаец.
Така да ако бараш нешто конкретно, освен тропањето на гаснење на мотор, друго нешто како симптом можно е и да не се јавува. Е сега, треба и да имаш тро искуство со механика и слушање на дизелаши, за да не го напрајш то шо го прај комшијата: така треба то, од мајка е такво. Затоа и пишав погоре 90% од возилата го имаат проблемот, само ретко кој знај да го препознај. Си ги возат така, можи да си изоди добри 50-100.000 км. Комшијата пример има 60.000 поминато со 6-ката од ко ја купи и прашање е уште колку да се додај од тој шо ја имаше пред него...