A да му намонтирам мењач од мерцедес 123 сосе заден трап и да го напрам да оди на задна а? Шо викаш на тоа? Поефтино ќе поминам + ќе имам погон на задни, а ти гарантирам дека сетот од Мерцедес е едно 30 пати поиздржлив од тој на Ауди.
Ако требало ламела со федери да има на 110 кс мотор, таква ќе туреле. Го праев и тој муабет со мајстори, прво ламелата од 90 кс А4 не одговара на 110 кс А4. Треба да се бара половен замаец од Б3 и сет плоча и ламела за Б3... мене сето тоа ми изгледа мачка во вреќа, пошто мајсторот ми кажа дека некој пробал со такво решение, кое завршило со скршени федери на ламелата (читај оптеретувањето е поголемо од предвиденото)... така да јас побрзо би ставил половен замаец од 110-ка (оригинален ко шо треба) отколку да се заебавам со комбинации и преправки кои во 90% од случаите не функционираат.
Колку километри има изминато сетот шо е на кола кај мене незнам, мада според мајсторите (го носев и во VW овластен сервис), рекоа дека ќе изоди уште 10-20.000 км без мака (ептен малку се слуша тропањето на многу загреана кола), нема проблеми со тргање/менување брзини... Ко шо читам по сервисната книшка, до сега таму никој ништо нема буричкано, најверојатно фабричкиот сет е на кола. Сепак треба да се отвори за да се провери.
Чисто од љубопитност завртив низ сервисите вчера... И замисли, најевтина понуда (за чудо) добив од VW сервисот. ЛУК комплет сет во продавница е околу 40.000. Во VW сервис за 35.000 ќе го сменат целиот сет со ОРИГИНАЛЕН VW сет, сосе работна рака ПОД УСЛОВ деловите што ќе ги извадат да се оригинал VW (имале некоја политика, на извадени оригинал VW делови враќале добар процент). Чисто за споредба, ламела и потисна од VW со враќање на старата, коштаат 7000 денари во сервис, а истите од LUK/Sachs в продавница се 12.000.
јас ти правам муабет за возните својства на колата, и чувството ко ќе ја затвориш возачката врата однатре. Дефец имаат сите, тоа е факт и треба да си се помириш со фактите. Спомнав горе дека 1.9 TDI е можеби и најекономичниот мотор што постои моментално... но сето тоа паѓа во вода ко во колата нема чувство на удобност и сигурност. Јас возев мерцедес 123 од 1978 цели 2 години. Шо да ти кажам, освен дека возилото е напраено за уживање? Не е за трка, троши дупло од Аудито... ама ко ќе седниш во фотељата, чувството е посебно. Ауди нема ништо од тоа. Толку. Зато ти викам не си видел подалеку од носо. Мене не ми се мота гастербајтерски филм низ глата, нити пак сум тркач... уживам ко ќе возам. То е то.
А ужувањето шо го има во Мерцедес и донекаде BMW, во останатите таратајки го нема. Не џабе рекле колите се делат на мерцедес и се останато. Мада за да го сватиш тоа, треба да си сопственик на добар примерок... Авто отпадот и рѓосаните канти шо ги влечкаат од горе, немаат ни М од мерцедес, Б од BMW, A од Ауди... Ги земаат со 500.000 км, доодени и извозени примероци и ни млатат празна слама дека имат 120-150.000 км поминато... Кај се видело бре на дизел да откажи турбина на 150-200.000 км? Или пумпа за притисок? Од лошото гориво жими газот, возилата во мк се возат 20-30.000 км и рикаат... Животниот век на еден дизел мотор правилно одржуван е 500-700.000 км... шо можи да очекуваш од возило кое ја ближи 500-ката? Математиката е проста, јас ко просечен македонец возам 10.000 км годишно. Германецот гарант вози 5 до 7 пати појќе од мене, ама ќе речиме дека вози 3 пати, или 30.000 км годишно. За 10 години, колку ќе помини со таа кола? 300.000? епа пресметај си сам колку имаат просечно поминато кантите шо ги носат во Мкд по 15 години стари...