Шала на страна, муслимани ај вака едно прашање до вас (ќе го поставам тука, пошо е у склоп со темата и прашањето на kralot)
Ако вие верувате дека христијаните ги селектирале, кроеле и корумпирале евангелијата за да им бидат по мерка на нивните верувања, тогаш кое е вашето објаснување кога ќе најдете некои „грешки“ или „недоследности“ во нив, на пример во овие случаи:
- Кога ќе најдете некој цитат како овој со деновите и ноќите меѓу Христовото распнување и воскресение, зарем навистина верувате дека тие злонамерни христијани не знаеле да бројат до три па не ја виделе оваа „грешка“ и затоа заборавиле да ја отстранат од евангелијата?
- Или кога ќе најдете некој цитат каде што се опишува човечноста на Исус, нели си помислувате: Абе како овој цитат не го виделе Павле, Константин и дружината негова кој што, според вас, сакале Исус да го направат Бог, па ги заборавиле да ги отстранат или модифицираат тие цитати во евангелијата?
Зарем до толку биле глупи или ќори или не знам што па ништо од тоа не виделе за да нели исправат, отстранат, корегираат и сл? А ако биле толку глупи што не знаеле да бројат до три и ќори што не можеле да ги видат цитатите што вие сега ги гледате, тогаш како тоа еве на пример Павле толку цркви водел и имал големо влијание меѓу христијаните, а царот Константин цела Римска империја ја водел?