Какво беше вашето пораѓање?

  • Креатор на темата Креатор на темата obicna&sexy
  • Време на започнување Време на започнување
Прашај си прво што инјекција ти дале.
Таа другата ќе мора да ја примиш, дури и спомни им/прашај ги лекарите кај што ќе се пораѓаш.
Ништо страшно, заштита за следното дете што ќе го родиш :)
 
Царски = операција на стомак која се користи за раѓање на бебето. Зошто си толку против царски? Не е поризична од природното породување. Ако жената мисли дека раѓањето со царски е полесно, зошто да не се охрабри да се пораѓа со царски?
--- надополнето: 2 септември 2013 во 21:13 ---
Ауф што е сега со муабетиве за инекцииве??
Ај вака, јас имам крвна група 0-. Во 28ма недела од бременоста (мислам) примав инекција, која не е обавезителна. Знам жени кои не ја имаат примено а имаат иста крвна група ко мојава.
Е сега наводно инекцијата која се прима 72 часа после породувањето, таа мора да се прими.
Ќе ме просветли некој околу ова?

Царскиот рез вклучува сечење на сите слоеви на стомакот (кожата, масното ткиво, мускулите, матката). Притоа, постои ризик од длабока венска тромбоза доколку докторот не го дозира хепаринот многу внимателно. Тоа, за жал, понекогаш се случува. Потоа те шијат, значи имаш рана сред стомак која е зашиена со n-конци и која боли додека да зарасне. Плус, те ставаат во општа анестезија што самото по себе е шок за организмот.
Не е финтава само „полесно“ да се пројде, тоа е само навидум полесно, после тоа ќе имаш повеќе последици отколку при природно пораѓање.
Што толку си се уплашила, жените со милениуми се пораѓале природно и ништо бутур не им било :P
Последниве години стана „модерен“ царскиот рез поради размазени мајки и алчноста на гинеколозите по приватните клиники бидејќи царскиот повеќе се наплаќа.
Зошто самостојно и доброволно би се подложила на операција ако не е неопходно?
Едит: Јас немам деца, но мајка ми има две :P Отсекогаш ми викала дека не ѝ и е јасно зошто жените толку викаат и се пренемагаат кога болката не е толку трагична. Ја споредува отприлика со посилни стомачни грчеви. Сетете се дека кога главчето на бебенцето се спушта низ грлото на матката, притиска на ткивото и со самото тоа ја анестезира болката во моментот, а подоцна болката е сигурно помала во споредба со рез на сред стомак.
 
Srcee, според тоа што го прочитав и го имам читано, јас би се одлучила за епидурална, ако можам... За царски само ако се мора. Секоја операција е штетна, помалку или повеќе. Како сакаш, твое си е.
 
Прашај си прво што инјекција ти дале.
Таа другата ќе мора да ја примиш, дури и спомни им/прашај ги лекарите кај што ќе се пораѓаш.
Ништо страшно, заштита за следното дете што ќе го родиш :)

Rhophylac пишува на кутијава, на таа што сум ја примила.
--- надополнето: 2 септември 2013 во 21:47 ---
Царскиот рез вклучува сечење на сите слоеви на стомакот (кожата, масното ткиво, мускулите, матката). Притоа, постои ризик од длабока венска тромбоза доколку докторот не го дозира хепаринот многу внимателно. Тоа, за жал, понекогаш се случува. Потоа те шијат, значи имаш рана сред стомак која е зашиена со n-конци и која боли додека да зарасне. Плус, те ставаат во општа анестезија што самото по себе е шок за организмот.
Не е финтава само „полесно“ да се пројде, тоа е само навидум полесно, после тоа ќе имаш повеќе последици отколку при природно пораѓање.
Што толку си се уплашила, жените со милениуми се пораѓале природно и ништо бутур не им било :P
Последниве години стана „модерен“ царскиот рез поради размазени мајки и алчноста на гинеколозите по приватните клиники бидејќи царскиот повеќе се наплаќа.
Зошто самостојно и доброволно би се подложила на операција ако не е неопходно?
Едит: Јас немам деца, но мајка ми има две :P Отсекогаш ми викала дека не ѝ и е јасно зошто жените толку викаат и се пренемагаат кога болката не е толку трагична. Ја споредува отприлика со посилни стомачни грчеви. Сетете се дека кога главчето на бебенцето се спушта низ грлото на матката, притиска на ткивото и со самото тоа ја анестезира болката во моментот, а подоцна болката е сигурно помала во споредба со рез на сред стомак.

Ете ова ме интересираше.
Инаку не, јас не планирам со царски да се пораѓам, ама ме интересираше зошто луѓево се толку против тоа.
Јас планирам природно да се породам, ама сега имам дилема дали епидурална или таа другата спинална се викаше?
 
Царскиот рез вклучува сечење на сите слоеви на стомакот (кожата, масното ткиво, мускулите, матката). Притоа, постои ризик од длабока венска тромбоза доколку докторот не го дозира хепаринот многу внимателно. Тоа, за жал, понекогаш се случува. Потоа те шијат, значи имаш рана сред стомак која е зашиена со n-конци и која боли додека да зарасне. Плус, те ставаат во општа анестезија што самото по себе е шок за организмот.
Не е финтава само „полесно“ да се пројде, тоа е само навидум полесно, после тоа ќе имаш повеќе последици отколку при природно пораѓање.
Што толку си се уплашила, жените со милениуми се пораѓале природно и ништо бутур не им било :P
Последниве години стана „модерен“ царскиот рез поради размазени мајки и алчноста на гинеколозите по приватните клиники бидејќи царскиот повеќе се наплаќа.
Зошто самостојно и доброволно би се подложила на операција ако не е неопходно?

И да не заборавиме.
Освен сечењето, при операцијата се вади (буквално се отстранува од телото) и мочниот меур. :)

И после ќе ми кажуваат не било операција, туку било, паднав од лулашки, си го изгребав коленото.
Помодарки!!
 
А сега и од мајчин гледан аспект зошто да не се прави царски рез ако не е потребно.
Ако се врши со целосна анестезија, едноставно не си присутен. Заспиваш,се будиш и ти велат еве ти го бебето.. Сите болки, солзи, очекување, првиот плач на малото не го доживуваш со царскиот рез. Јас сеуште неможам да се помирам што синот не ми е по природен пат.
А башка 100 листа што мораш да потпишеш, да си го земеш ризикот на своја плешка за време и после операцијата,што кажува дека и не е баш на исто скалило со природното.
 
Srcee таа инекција по ново се прима во 28 недела и 72 часа по породувањето.

Се прави Кумбс тест и по него се глада дали се развиваат антитела односно дали мајката е компатибилна со бебето, кажано најпросто
Мене не ми примија инекција зашто и моето дете го зема мојот - фактор
Ако се со различен ПХ фактор мајката и детето ја ставаат таа инекција, Вие најверојатно имате различен фактор кога ти е примена таа инекција и не заборавај да ги подсетиш кога ке се породиш уште една
Нека ти е со лесно:)




Мајки i идни мамички пишете нешто и за ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ при породување
Ми вика докторот диши правилно....како ти е тоа правилно дишам нормално :D како знам и можам:icon_lol:



Диши школски .....повлекуваш длабоооооко на нос,,,,издишуваш длабоко на уста​
 
Лудо и незаборавно пошто почна од четврток на пладне, а заврши наредниот ден после пладне. На пораѓај отидов ко на кафе, нит болки, нит контракции, со се водењак итн. И јас не сакав епидурална, нит царски, сакав, нели, се тоа природно да се случи, ама бебето не сакаше така. :) И се заврши со епидурална прво (пошто природно ќе раѓав) и со итен царски на кој бев потполно свесна и си слушав се, само ништо не гледав. И најточно е тоа кога ќе кажат дека се се заборава по првото гушнување со бебчо. Лузна скоро и да немам сега, болки ич, нит од царски, нит од епидуралната, станав после вториот ден пошто ти го носат бебето во соба, а кога тоа ќе заплаче последно нешто на што ќе помислиш е твојата болка. Единствено непријатно и краткотрајно болно е станувањето прв пат од кревет по царскиот, имаш чувство дека цело тело ти го влече нешто надоле. Ама многу кратко трае и се заборава. :)

Идни мајки, ич да не се плашите. Знам дека звучи као фраза, ама и да боли дури и ептен најмногу, се е тоа временски ограничено и однапред знаеш дека ќе помине. Јас така си се тешев кога ме фаќаше страв.
 
Царски рез ептен ако не може да излезе детето или ако не е свртено како што треба. Еве братучед ми на пример што се роди пред 4 месеца, со главата не беше наместен за искачање, свртен беше надесно. И среќа тетка ми е педијатар па знаеше се за бременоста нејзина и им кажа на овие од државна (таму само се пораѓаше не ја пратеа бременоста) иначе ќе пробуваа тие нормално да ја породат а така кога е свртено детето нема шанси природно, само царски.

Зборот ми е, ми вика и тетин ми, кажувајте им на тие што ќе ве пораѓаат (освен ако не е истиот што ви ја води бременоста) се што знаете за бременоста ваша зошто како што гледам, ниту се интересираат, ниту прашуваат, ниту прават тестови, тетка ми да не им кажела ќе се пораѓаше 20 саата.
 
Imam fora uste mesec dena mozebi ova do kraj ke tera ;D Ne znam. Ama zaminav so mislive sto ke nosam denta koga ke ne pustat doma :D
 
Кај секој е различно,секој има поинакво искуство и затава чтајте,информирајте се,но не си ставајте ного на душа...бременоста треба да ви помине со позитивни вибрации:):)

Е сега на сите,ама баш на сите им посакувам породувањето да им биде како моето ПРИРОДНО,лесно,без компликации и со здраво бебенце:)

А болките се субјективни:)
сите ми вика болело,стршно било ,незнам кој на бели гашти ќе сум видела,за к.. нема да ми текнало:):) и јас така спремна си чекам страшното...и си чекам....и си чекам.....и оп на боксо и се породив за пола саат...:):):)
не дека немав болки,имав цели 24часа болки со различен интензитет ама се ми беше издржливо.Издржливо бидејки јас имав "напад" на бубрезите во 7 месец од бременоста...е тогаш сите ги видех и Господ и Богородица од болки..страшно беше...никој да не ја осете таа болка
Уживајте си у бременоста и се до последнио момент мислите да ви бидат ПИНКИ:):)
 
сите ми вика болело,стршно било ,незнам кој на бели гашти ќе сум видела,за к.. нема да ми текнало:):) и јас така спремна си чекам страшното...и си чекам....и си чекам.....и оп на боксо и се породив за пола саат...:):):)

Па зар пола саат смртни болки малку е?
 
Па зар пола саат смртни болки малку е?

Кога би знаела што ќе чувствуваш после тие пола саат болки ќе сакаш што побргу да дојдат. :) Се раѓа нов живот, ново човече, твое - нека боли до небото и назад, ќе помине се. Уживај и радувај се на чинот и спреми се да се радуваш секој нареден ден потоа.
 
Е сега, убавата страна од пораѓајот, цицињата ќе ви бидат наааа бабачо големи тврди, силиконки г да јадат, и така топли, коа ќе се погледенете у огледало ќе си мислите дека сте некоја порн стар :icon_lol:
Особено за мушка родителска единица ова е за мерак и за гледање и за галење!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom