Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Двојна одговорност? Те молам Бисера. Лежам на операција од крајници во три по полноќ слушам се тресе петти спрат и ми ја отвараат вратата: Тука ли влезе? Викам кој да влезе? - Стаорецот! Опремени сестрите до заби со метли го бркаат во дел каде не смее мува да прелета.
Сигурно оти пациентите јадат храна од дома, бидејќи храната од болницата е на навистина завидно ниво може и да се замисли како е подговтвена. Особено бисквит од резервите од Втора светска војна и планински чај во шол кој очигледно не е измиен од претходна употреба.
Туку да не ја влечам темава, тука ја завршувам дискусијата за условите во кои се раѓаат бебињата. Значи со еден збор - тоа не се ни услови, државно здравство е руина и гадотија.
јануар 2009
и сите жени со крвна група А- не заборавајте на инекцијата што треба да ја примите ако детето не ви е таа крвна група.
јануар 2009
и сите жени со крвна група А- не заборавајте на инекцијата што треба да ја примите ако детето не ви е таа крвна група.
И за сите трудници, обавезно тест за GBS - група Б стрептокока.
Повеќето ниту знаат, ниту го прават овој тест.
Во случај на нормално породување може да предизвика сериозна инфекција кај бебето.
Зошто?
Успат да прашам, нели исто така требаше да се прими инекција ако родителите, или некој од родителите е со некаква крвна група, па тоа да може да му наштетии некако на детето? (Не знам како да го поставам прашањето, затоа што не сум сигурна ни што треба да прашам)
Јас писнав да се карам тука со мојов за тие инекции, цел е параноичен во врска со ова(сега ми стои на глава и инсистира да пишам дека тоа поради добри причини) .
--- надополнето: 1 септември 2013 во 22:54 ---
Што е пак ова?
За второто.
Бактерија која ја има во ректумот (неретко и во вагината), а која кај новороденчето (кое практично има слаб имунитет) може да предизвика воспаление на мозокот, ментална ретардација, слепило или губење на слухот. Воопшто не е заебанција и жално е што најчесто трудниците не се ниту информирани за истата. Се решава со давање на јак антибиотик пред самото породување.
Кога се прима оваа инекција? Кога се вршат испитувања?
Значи ако вие сте Рх негатив а партнерот е Рх позитив, детето 100% ќе биде Рх позитив и мора да се прими таа инјекција. Ако двата партнера се исти фактор тогаш ок е.
Колку е добро кога вака некој ќе ти даде стручно објаснување за нештата.Не е потполно точно. Детето може да наследи било чиј Rh фактор. Само ако двајцата родители се Rh -, нема друга опција за детето освен да е Rh -, во секој друг случај, сите опции се можни.
Вистина е дека ваквите инјекции се даваат на Rh- мајки.
Доколку бебето е Rh+, при породувањето, (условно речено) антигените од крвта на бебето ќе предизвикаат создавање на специфични антитела кај мајката (во текот на бременоста не дошло до ова заради плацентата, како бариера).
Доколку при евентуалната втора бременост, детето е повторно Rh+, антителата од мајката ќе можат да ја преминат плацентата, да навлезат во крвотокот на плодот, да му ги „нападнат“ еритроцитите (erythroblastosis foetalis), да предизвикаат нивна распаѓање (хемолиза), осободување на хемоглобин во слободен крвоток, негово преработување во билирубин и складирање, најчесто во нервните ткива, состојба позната како керниктерус. Овие бебиња немаат добра прогноза за преживување.
Иако звучи страшно, веројатно било страшно „во стари времиња“, во голема мера, затоа во минатото имало и огромна стапка на мртвородени деца.
Денес, знаејќи го ова, се дава споменатата инјекција, која содржи антитела против антителата кои се создале во мајкиниот крвоток, тие се неутрализираат и при следната бременост, дури и да е Rh+, бебето е безбедно.
Секако, важно е инјекцијата да се даде во еден одреден интервал после породувањето.
Ајде сега со показалчето (избери сама лево ил` десно) земи и точно покажи каде тоа го кажав.
А потоа прочитај уште еднаш што е точно напишано.
Еве, ако треба и уште еднаш ќе го напишам.
Да бидеме на чисто и да ги кажеме работите со нивното право име.
Царски = операција на стомак.
Односно, операција на отворен стомак.
И тоа е факт.