ibn kajjim да не ти го цитирам целиот пост, и ќе кажам..... ОК за ова затоа што сме луѓе. али останува прашањето зошто направил луѓе и им дал упаство, кога можел многу полесно да направи роботи и сите да идат во рајот.
или пак бог (ќе ги цитирам depeche mode-Blasphemous rumours)
Got a sick sense of humor па се забавља со нас?
верувам дека сега ќе ми кажеш дека бог сите не сака и дека ни дава еднаква шанса на сите

своето дете се сака безусловно, нема тука ова-она, така да ако тој навистина не сака би ни ги дал на сите вистинските очи. или пак пошто сме робови, не сме негови деца, сега ќе си играм играчки.
а и ........ зошто сме му потребни во рајот? нели е семоќен, па нека си направи во рајот своја раја и нека не остави нас на мира.
Не му сме потребни во рајот,рајот ни е потребен на нас
Ќе ти објаснам сега со наши зборови.
Тој што те створил,и што ги створил небесата и земјата и се што е меѓу нив,и ти дал разни благодати,ти дал разни плодови со кои се служиш,ти дал да одиш,слушаш,гледаш,зборуваш,итн итн итн..
и како шлаг на сето тоа ти дал разум и ти дал концепт,рецепт,водилка,како правилно да го усмериш тој разум.
и сега не е фер да те остави така да луташ покрај сите овие благодати,за возврат од тебе бара покорност и благодарнот,да не му правиш ширк(да му придружуваш некого во власта и стварањето)
не бара од нас ни пари за возврат ни физичка работа,и тоа што го бара е пак за наше добро,пак да се сочуваме од грешење,пак да ја заработиме Неговата милост,за да заработиме она што е најдобро за нас,а тоа е вечниот живот во џеннетот(рајот).
За муслиманите,Овој свет не е главна цел,Овој свет е средство до целта,а целта е Оној свет,вечниот живот во џеннетот иншаАллах
Е сега,тебе со твојот разум ти е дадено на Овој свет да си избереш дали ќе веруваш или нема да веруваш,за верување имаш награда,за неверување има казна. Па бујрум,избери си.
Ти ќе речеш:
Како тоа можам да бирам,а ќе бидам казнет за тоа што сум го избрал.
Вака: Замисли да патуваш од Скопје до Велес,и имаш да бираш дали ќе идеш по автопат или калдрма,ти одбираш калдрма,и кога ќе стигнеш во Велес се жалиш дека си ја искршил колата
Зошто сме створени како луѓе и даен ни е разум,па заради нас самите,дадена ни е шанса.
На Аллах ништо не му е тешко,биле уништувани многу народи пред нас заради неверувањето,Аллах вели Биди и тоа биднува.
Значи не е прашањето зошто Аллах направил луѓе и слично,туку кога веќе те створил,ти дал шанса и упатство да си ја оствариш целта.
Во рајот ќе биде раја и без мене и тебе,ако мислиш дека рајот може без мене и без тебе си се зезнал.
На нас е дали ние сакаме во рајот а не дали сме му потребни.
