Со откривањето на група антички гробници во Египет, археолозите фрлија сериозен сомнеж врз општоприфатеното тврдење дека пирамидите во Гиза биле изградени од робови.
Гробниците кои датираат од времето на фараоните Кеопс и Кефрен (2609 и 2551 година п.н.е.) се дел од комплекс од гробови на работници кои случајно беа откриени во 1990-та. Изненадува тоа што работниците биле погребани покрај кралската пирамида.
”Тоа укажува на фактот дека овие луѓе воопшто не биле робови. Доколку биле поробени, тогаш не би им било дозволено да ги изградат своите гробови покрај почивалиштето на кралот”, објаснува Захи Хавас, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети при египетското Министерство за култура.
Додека Херодот тврдеше дека пирамидите ги изградиле 100.000 луѓе, новото откритие укажува на тоа дека нивната бројка веројатно не била поголема од 10.000. Хавас вели дека сè уште е тешко да се утврди точното време на изградба, бидејќи претходните претпоставки дека градењето се одвивало во време на поплави кои траеле 3 месеци, се покажаа како неточни.
Доказите на локалитетот покажуваат дека семејствата од регионот на Нил и Горен Египет секојдневно праќале по 21 бивол и 23 овци како храна за работниците. Овие фармери биле ослободени од плаќање данок, што е доказ дека доброволно учествувале во државен проект.
x+
x