Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
кој те лажеше дека нема списоци. И кај СДСМ и кај ВМРО сум пишан.

Башка што 50 тина соби одат за советот на станари да си ги распредели.
Башка тоа што во Гоце ќе остават 100 места непополнети за да ги пополат со бруцоши.

Шо бидна со списоциве, можеби два пати те има?
 
Ај сеа кажувајте што документи треба за вселување
 
http://www.fakulteti.mk/news/13-08-...o_drzhavnite_studentski_domovi_2013_2014.aspx
еве го новиот конкурс за оние кои не се примени
--- надополнето: 29 август 2013 во 23:45 ---
Ај кои документи треба да се носат при вселување и дали имате некој инфо што е она за ослободување од плаќање. Нешто беше за студенти без родители (дали важи и без еден родител), ако имате некој инфо пишете.
“Правото за ослободување од плаќање надоместок за сместувањето се остварува со
поднесување барање и соодветна докумнтација.“ за кого важи ова ме интересира и која документација се носи
Благодарам
 
Документи: Обврска за жиранти, меница, копии од личните карти на жирантите и од твојата лк, документи што се купуваат на вселувањето и се пополнуваат, и треба за нешто таму да се уплати за ксж и за првиот месец станарина. Ова лани беше, годинава истите ке бидат најверојатно.
Инаку ослобедени од плаќање се тие со примања испод 8000 мислам.
 
Ме има :cuc:

Се наоѓа и по некој врскаџија тек-тук, ама не е како минативе години дефинитивно.
има има, повеќето богаташи :ROFLMAO:
ајде и да се пофалам I'm IN :vozbud:
 
Ајде давајте линк од кај да ја симнам обврската за жиранти
 
Примени сме двете со другарка ми, без врски, со просечни примања, ако можи така да кажам (дефинитивно не се некои високи, али знам дека ги има со значително помали) ама имаме високи просеци, па веројатно сме од таа категорија.
Изминатите години сум влегувала со врски, секако сум ги исполнувала потребните услови али мислам дека врските одлучуваа на крај, али годинава истите тие шо ми фаќаа врски ми рекоа дека нема шанси за то, строго ќе се гледало на материјална состојба, успех и тие останатите услови. Дури и да имало некаква врска (во шо се сомневам) ако не јас, барем другарка ми беше без врски примена, а го имаме истиот просек и слични примања.
Ако ништо друго, можи барем за годинава да се кажи дека се далеку по фер од досега во овој поглед. Такви шо влегуваат со врски секогаш ќе има, ама значително е намалено то влијание годинава. Барем така мене ми изгледа.
--- надополнето: 30 август 2013 во 00:16 ---
Инаку за потребни документи за вселување, ова го имам зачувано од лани, тука беше постирано, не можам да го барам пак:
-Обврска за жиранти
- Копии од личните карти на жирантите
- Меница од 100 денари (најдобро да ја однесете празна, па ако треба ќе ја пополните таму)
- Kопија од лична карта на студентот
- Платена станарија за месец септември
- Платено КЗЖ (културно забавен живот) - 250 денари
- Три сликички.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom