Примени сме двете со другарка ми, без врски, со просечни примања, ако можи така да кажам (дефинитивно не се некои високи, али знам дека ги има со значително помали) ама имаме високи просеци, па веројатно сме од таа категорија.
Изминатите години сум влегувала со врски, секако сум ги исполнувала потребните услови али мислам дека врските одлучуваа на крај, али годинава истите тие шо ми фаќаа врски ми рекоа дека нема шанси за то, строго ќе се гледало на материјална состојба, успех и тие останатите услови. Дури и да имало некаква врска (во шо се сомневам) ако не јас, барем другарка ми беше без врски примена, а го имаме истиот просек и слични примања.
Ако ништо друго, можи барем за годинава да се кажи дека се далеку по фер од досега во овој поглед. Такви шо влегуваат со врски секогаш ќе има, ама значително е намалено то влијание годинава. Барем така мене ми изгледа.
--- надополнето: 30 август 2013 во 00:16 ---
Инаку за потребни документи за вселување, ова го имам зачувано од лани, тука беше постирано, не можам да го барам пак:
-Обврска за жиранти
- Копии од личните карти на жирантите
- Меница од 100 денари (најдобро да ја однесете празна, па ако треба ќе ја пополните таму)
- Kопија од лична карта на студентот
- Платена станарија за месец септември
- Платено КЗЖ (културно забавен живот) - 250 денари
- Три сликички.