Чекај да видам дали добро те разбирам.
Значи според тебе, дали некоја е дама или не, зависи од тоа каков карактер има?
Јас пак мислев дека тоа предодредува дали си чоек ил` нечоек.
Ах, сили ми.
Сето она што си го болдирала се учи, покажува и укажува, се` додека не ти стане second nature. Начинот на кој ја држиш чашата, начинот на кој ја бришеш устата, начинот на кој клекнуваш или се поздравуваш, начинот на изразување и дикцијата, начинот на кој ја префрлаш марамата преку рамо и држењето на телото, дали грофташ или се кикотиш, стилот на облекување и начинот на кој ја носиш облеката ...
... се` тоа се УЧИ.
Но, како што кажав.
Ѕвездата, освен Господ, никој друг не може да ти ја залепи на чело.
Дури и скромноста и хуманоста се учат и покажуваат. Не знам дали си имала прилика да бидеш помеѓу чопор мали деца, па да видиш колку скромноста и хуманоста се вродени карактеристики. Прво имаш мое, мое, мое, и ако си го земат едни на други од раце, да видиш каква "хумана" борба се води. Оние деца што не реагираат така, не значи дека се родени дами, туку само значи дека се плашливи и неснаодливи.