Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Видете во Фан Клуб Арсенал мислењето на Македонец под точка 2:D


Останатите гласини се однесуваат за играчи кои играат во шпанска Примера. Според Супердепортес, Арсенал се откажал од намерата го доведе Гуата бидејќи Валенсија не сакале да ја спуштат неговата цена. Марка пренесува дека Арсенал е заинтересиран за Икер Касиљас. Икер Касиљас повторно беше на клупата и на првиот лигашки натпревар, па Арсенал ги информирале лицата околу голманот за својот интерес доколку се вистинити гласините дека Касиљас сака да си замине од Реал Мадрид. Арсенал е заинтересиран и за Месут Озил и планира да испрати понуда од 38 милиони фунти за крилото на Реал Мадрид. Третиот играч кој е поврзуван со Арсенал е Анхел Ди Марија за кого според новинарот Пол Брин-Тарнер, Реал веќе прифатиле понуда од Арсенал.“
--- надополнето: 27 август 2013 во 01:02 ---
Значи не измислувам, само се тешам дека Венгер ке купи некој. Некогаш. Некако. :D :D
 
Педерче ќе ги гледаш Клеверли,Џонс,Мозес и Шурле :facepalm:

Јебига, немам Макс, немам нет...шо да праем :/ Иначе да, барем тоа гледав :D

Него гледам се жалите, не била атрактивна играта. Може била досадна, одвратна за гледање. Ама лани токму против Гранада загубивме 3 важни бода, Гранада која беше една од повеќето “никакви“ екипи кои успеа да ни откине бодов/и.
Атрактивната игра ќе си дојде сама по себе, не барајте одма од Карло и екипата да играа невиден фудбал. Нов тренер, нова тактика, нови играчи. Не се понашајте ко прв пут да гледате фудбал па не знаете како идат работите :D
Важни се 3-те бода и ништо друго. Шо фајде ако лани имавме “атрактивна“ игра? Што ни донесе таа игра?
Крај краева, од таквото барање на АТРАКТИВНА игра, ние бел ден не видовме 12 години.
Додека Барса си го фура стилот со “нати го-дај ми го“ и си зема титули, ние ќе бараме атрактивна игра и ќе си седиме со прстот во уста. Додека повеќето од оние што идат на Бернабе, а исто така и оние што гледаат преку ТВ повеќе сакаат “циркус“ и забава од Реал место титули, ќе тапкаме во место.

Да не пимплам и ја многу, само сакам да кажем дека е добро што и покрај никаква игра освојуваме бодови. Така се станува шампион, а не со атрактивна игра и газење на противници на Бернабе, а на гости нерешени или загубени натпревари.
 
Лошата игра може да се подобри,изгубените бодови не....


мада денес игравме со тежок противник.не се залажувајте толку дека требаше 5-6-7 голови да дадеме или било што..се ќе се среди..само со тек на време
 
Абе ве читам и ви се чудам ...не била важна играта важни биле бодовите :facepalm: Зошто го земавме тогаш Анчелоти (како тренер за атрактивна игра и голем стручњак ) можевме да земеме некој просечен еве од лацио Петкович мислам дека е за да освојуваме бодови без атрактивна игра . Ајде според вас во првенствово бодовите значат , во ЛШ во нокаут фаза нема бодови е тогаш се бара игра а со вакви глупави формации од Анчелоти не знам како ќе победиме против еден Баерн или Челзи , Јунајтед ... Ако не се смени нешто во формацијава тешко дека ќе освои нешто Анчелоти оваа година . Како да знаев дека ќе проба да ја вметне неговата формација што ја практикуваше од Милан 4-3-3 , наместо до сега најдобрата 4-2-3-1 за Реал . И да вечерва да тргниш без деструктивец ти е слично како да се затрчаш дирекно во минско поле , а после замените :facepalm: ваѓаш креативци ставаш деструктивец и уште еден десен бек и и дозволуваш на екипа како Гранада да дојде во ситуација да постигне гол , за мене е несфатливо тоа не знам вие што арно видовте па што сте толку среќни на трите бода што сме ги освоиле кога бевме мизерии .
ПС. Ќе заборавев некој читам сакаат Озил да го продадат горе , со кој памет бре да се продаде во моментов еден од најдобрите во Реал ?
 
Ама ја ств неможам да ги сфатам некои тренери... Мурињо убаво имаше изјавено дека добро склопен тим нетреба да менуваш ништо туку само да продолжиш со истата тактита и формација.

Така се поеба Бенитез,еве и Гвардиола од Ферари се спушти на Мицубиши .... така прави и Анчелоти машинерија со Роналдо претвори во Фиат.
 
Тише тамо иди гледај Клеверли вс Шурле :D

Не лај бе, немам Прајм, а нетот и стримот лоши, фризурата на Бензема изгледаше баш ко да има гомно на главата, ќе ми поцрвенеше окото ко на Карло од мака. :D
 
Што очекувате од нов тренер и неколку нови играчи веднаш атракција од прво/второ коло o_O


Може не очекувам атракција и којзнае какви игри и високи победи, али бранењето против Гранада и бедните и срамни замени што ги направи Карло никако не ги очекував
 
денес ако нема официјлано за Бејл -нема да дојде...
сите можни медиуми кажуваа за денес ,а ни трага ни глас..
 
Рутинирано, ова фалеше минатата сезона.
3 бодови без големо залагање. (y)
 
Ама ја ств неможам да ги сфатам некои тренери... Мурињо убаво имаше изјавено дека добро склопен тим нетреба да менуваш ништо туку само да продолжиш со истата тактита и формација.

Така се поеба Бенитез,еве и Гвардиола од Ферари се спушти на Мицубиши .... така прави и Анчелоти машинерија со Роналдо претвори во Фиат.



Тоа што го правеше Мурињо во Реал не беше доволно за титула во ЛШ. Затоа и промени... Полека, во фудбал е потребно трпение. Мурињо го чекаа/чекавте неколку сезони, а Анчелоти само два натпревара и сакате чудо, не оди тоа така.

Ако раководството сакаше да продолжи со старата приказна, тогаш немаше да го земе Анчелоти за само да ја прераскажува таа приказна.
 
Ама ја ств неможам да ги сфатам некои тренери... Мурињо убаво имаше изјавено дека добро склопен тим нетреба да менуваш ништо туку само да продолжиш со истата тактита и формација.

Така се поеба Бенитез,еве и Гвардиола од Ферари се спушти на Мицубиши .... така прави и Анчелоти машинерија со Роналдо претвори во Фиат.
Тоа што наследи Бенитез и Гвардиола беа шампиони со три титули во сезона за разлика од нашата "машинерија" што не успеа ни фиќо да победи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom