Како ја замислувате вашата свадба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Како и секоја обична свадба се знае како си ја замислувам со обезбедување, специјална танчерска група од странство и се така одиме во хотелот со мојата жена и сите играат само ние со екипата цел ден пиеме седеме и ништо не гледаме, потоа се правиме важни пред камера и мајка и на жена ми почнува некој чудни погледи да ми праќа а келнерот оди и се враќа само алкохол носи бидејки нема да ни стаса, сите гости јас си ги шмриглам по газот а жена ми почнува на мојот другар некој сексуални погледи да му прака.

Еве сликовит приказ од орото со моите браќа и невестата......

09.08svadba1.jpg


Ова е мојата специјална танчерска група.......

miss_ladyboy_01.jpg


Ова е мојата жена со специјално црно калугерско одело за свадба дизајнирано.........

50234_118451471560424_6077408_n.jpg


Исто така да не го заборавам и моето обезбедување специјално за свадба изнајмено од прецедателот на Р.М во спцијални одела и посебни ручни играчки........

extract_from_4365_4525_alfi%20novo__makedonija24_272.jpg

alfi1_jpg.jpg


Ова е блиндираното ламборгини на мојата специјална организација за обезбедуање само има еден проблем како наркоман троши гориво......

fico_milicija.jpg


Ова мајката на мојата мила драга женичка......

66500D60012CD64E8F29301F34742137.jpg


Ете тоа е тоа само ја презентирав свадбата моја, инаку не се разликува многу од останатите свадби....(простете за грешките)......
 
Ај сите адети, венчавањето в црква, ова она, ок, а што се однесува до веселбата, прво нека биде народно(нели да им се направи кеиф на постарите, оти ќе има коментари од типот :,,Ииии дете како така, свадба без оро не бидува свадба...)ќе се проврткаме тука, на народното со постарите, и после ги земам помладите и откачуваме во некој ноќен клуб(ако ме држат уште нозете)
 
Што се однесува до мене јас воопшто не би ни правел свадба зашто во овие кризни времиња е тотално непотребен трошок а свадбите не се воопшто ефтини со тие пари што во ветер ќе ги фрлам ќе си купам кола или можам стан да си уред не е важно важно дека ќе ги вложам во нешто што ќе ми користи понатаму во животот
--- надополнето: 16 август 2013 во 19:06 ---
Немам посебна визија како би ми изгледала свадбата.
Ама затоа знам дека сакам да имам најубава венчаница :pos:

Ако би живеела на друго место, знам дека би имала свадба со 20сетина најблиски луѓе на море, покрај плажа и сите во бело. Ама тоа нема шанси.
Затоа вајда ќе имам циркус со 80% непознати гости, со традиции од кои ќе поцрвенам од срам, ќе климам со глава само и ќе имам лажна насмевка, ќе ме испобацуваат сите и ќе го полнам лицето со бактерии, ќе играм 10 саати ора и ќе одам со цело срце да имам прва брачна ноќ, на која претпоставувам дека одма ќе заспијам поради уморот од 24 часовната свадба. :icon_lol:

ептен ме изнасмеа па покрај тоа што најмногу ме одвраќа тоа што е скапо дефинитивно на второ место би ставил дека сакам да ја одбегнам македонската свадаба и заборави да го спомнеш земањето на невестата од дома кога цела зграда ечи од свирачите па после кога се игра оро и цело маало те гледа сите комшии се редат како меркати да проследат и после ќе шират муабети каква била невестата и такви слични работи од такви глупости добивам мигрена
 
Јас облечен во бело, лакирани ципели, качен на коња, кубурот в појас. И дури ојме со тајфата да ја грабиме нестата во кафаната веќе ги ставиле прасињата да се печат, неколку бочки пијачка се растовараат. Веќе се собираат неколку илјади народ, сите ѕвезди од турбофолкот, музика трешти. И оп се појавуваме со нестата (врзана е со мене за секој случај) пред кафаната. Почнуваат рафали, огномети, пукања. Веселбата трае три дена и три ноќи...
 
Јас облечен во бело, лакирани ципели, качен на коња, кубурот в појас. И друи ојме со тајфата да ја грабиме нестата во кафаната веќе ги ставиле прасињата да се печат, неколку бочки пијачка се растовараат. Веќе се собираат неколку илјади народ, сите ѕвезди од турбофолкот, музика трешти. И оп се појавуваме со нестата (врзана е со мене за секој случај) пред кафаната. Почнуваат рафали, огномети, пукања. Веселбата трае три дена и три ноќи...
Нешто вака
http://www.youtube.com/watch?v=AmkdWuMoVbM

Знам оти сакаш лакована шпицковача, наместо опинок.
Има поголем волумен, а и бољи нагиб за пиење.
Раце у вис и признај. Признај!! :):)
 
Никако.

На последната свадба на која бев, беше на блиска роднина и учествував во сите глупости.
Цел ден не знаев главата каде ми е, оди ваму, па оди таму ... Во ресторанот веќе бев преморена, а тек пола свадба помина. Сум заспала ко заклана таа вечер, утредента бев ко пијана, а не пиев.
Ако мене ми беше вака, на невестата па како и беше можам да замислам.

Значи такви глупости, адети, нит сакам, нит правам, кој сака нека се лути, не верувам да ме натераат на свадба како што моиве си замислуваат.
Тие најблиските да се соберат некаде, колку да не биде без ич, и чао пријатно.
 
И мене последнава ме натера да напишам нешто, инаку темава ми е последно нешто на кое што мислам. Самиот чин претежно жени инсистираат да се доведе до размер на настан кој чини многу пари, време и енергија.....без некоја посебна причина.

Јас би направил нешто кратко, достоинствено и само во најблизок круг од луѓе. Некои леви роднини што не сум ги видел во живот претходно да ги викам само за да праат гужва - фала, не треба!

Некои од другариве нешто пробаа да напраат поинаку, ама па после им јаделе бабури некои роднини и пријатели за неовозможени прилики да се прикажат во сељачки фазон и им ги оквалификувале како малку досадни, па и нетрадиционални. Или па нешто некој обичај ако не се истера немало да ги следи среќа младите - жити све!? Со 300 глупости праење, па издржаа неколку месеци....големи тикви низ прстени што се гледале...

Последните неколку на кои сум бил - шаблон, криво ми е за луѓето што нема да им ги памтам по ништо. На последнава на која бев - сите срозани, запиени - галамење во матично, па во црква улетаа девојчиња во допичњаци (каишеви ајде...)....храната катастрофа по дифолт......што ќе ти е таква работа?! На никој близок не би му замерил ако не ме викне, дури и благодарен би му бил....би го дал поклонот после и чао, без бламажи, не дека на некого нешто не му посакувам добро или му завидувам - самиот чин е избанализиран и доведен до перверзија, која ич не ми е потребна....
 
Не ја замислувам, туку ја кошмарам во последно време.
Веќина од моите пријатели ја завршија обврската, па направија, кои традиционална, кои модерна.
За првата веќе се знае дека сите имаат аверзија, ама втората е уште посмешна.
Инаку, доколку се женам, ќе стиснам стиснам заби, а како компензација за траумата ќе давам ручек, за да им го расипам ќефот на гостите со народна ориентација кои сосе целиот кич претендираат да го киднапираат моментот.
Уште немам одлучено како ќе го решам моментот со легалното подмитување (т.н целивање рака), со кое гостите ти ја плаќаат забавата што ја приредуваш доброволно.
 
Site se puvaat kao...ne praam svadba, troshok, glupost ova ona!! Arno ama koa ke doe vreme mama i tato od dvete strani ke platat za svadbata a parite od poklonite vo plik neli, ke gi lapnat mladite.
Vrti suchi se e okolu parite....nejkam svadba nejkam svadba ama na kraj em svadba em ke si lapnat pari!
E toa e presudno u zadnje vreme!
 
Се надевам дека ќе биде весела свадба каде со сигурност ќе се фатам за микрофонот да направам некоја песна. Или некоја апла традиционална македонска, или некое денсерско рокче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom