Како ја замислувам мојата свадба. Стресно.
Пошто знам дека стариов мој ќе сака да се чепидлачи демек видете ме мене како и секој родител ќе гледам да зберам куп пари и еден организатор добар да направи голема свадба каде сака со колку гости сака и јас таму да се појавам со ear plugs пошто знам дека музиката ќе биде убитачно гласна и тиње ( народњачко анд шит)до таа мера што или ќе добиам нервен слом или ќе морам да ставам ear plugs( дискретни со стил нормално порачани од америка/ европа и скапо платени) . И ќе се одвива вака: појавување во голем бел фустан со скап накит кој ќе тежи пет тона + се ќе запотам од тоа чудото што ќе го носам на себе( знаеш мора да се покажеш дека си јебо ) сликање, осмех, сликање,неколку танца, ора што и да е ( боже помогни ми амин) трчкање да се поздравиш со гостите , осмех, климање со главата, пак сликање, што порано да се изгубиш од таму под изговор дека треба да фатите авион за накај хаваи, бахами, некоја фенси дестинација ( уствари ќе одиме у казакстан, камчатка или тасманија ќе видиме) под рака пијаниот младоженец ( со закани со пиштол нормално ) и надвор од ресторанот.Нормално пред тоа треба да се поздравам со кумот кој е полупијан/пијан и испотен под мишки и рандом роднини ( кои се овие луѓе? о.О) повторно кез, сликање, мавтање , фрлање бидермаерот она чудоно со цвеќиња како и да се викаше, качување у кола ( вриштење на возачот жити мене што побрзо вози да се спасам додека младожењата се трезни) Фала курцу .
Се спасив од настанот наречен Модерна Македонска свадба . Само што младожењата не умира туку добива титула говедо ( нормално веќе сте у брак хурај !)
И после ќе си честитам дека ако ова го преживеам се можам да издржам дури ебано бомбардирање од НАТО трупите.
Ете ја мојата визија за како треба да изгледа мојата свадба
Coming soon : матично и миризбата на амонијак >.>