- Член од
- 13 февруари 2012
- Мислења
- 2.733
- Поени од реакции
- 1.226
Острог: Карпа се сруши врз група верници
25.08.2013 - 12:57:09
Три жени се полесно повредени откако се одронила голема карпа на платото пред горниот манастир под Острог.
Директорот на болницата во Никшиќ потврдил дека три жени се хоспитализирани вчера по 18 часот со полесни повреди, но откако им била укажана лекарска помош тие биле пуштени на домашно лекување.
Големата карпа паднала на платото во моментот кога таму имало голем број верници. Карпата од падот се поделила на три големи дела, а остатоците биле отстранети со багер.
Црногорско-приморската митрополија најавила соопштение по повод несреќата, а нејзиниот протереј Велибор Џомиќ соопштил дека управата на манастирот Острог, заедно со аплипинистите редовно го одржуваат просторот над манастирот за да се спречат поголеми одрони.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=136175&kategorija=5
--- надополнето: 25 август 2013 во 14:24 ---
25/08/2013 - 13:33
Ограбена џамија сред бел ден
Крадците со себе го однеле сефот, за кој не се знае колку пари чувал
Непознати сторители вчера околу 11:40 часот насилно ја отвориле влезната врата на скопската џамија Султан Мурат и извршиле тешка кражба.
СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите, кои со себе го собрале сефот со неутврдена сума пари.
http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/29576-ograbena-dzamija-sred-bel-den
--- надополнето: 25 август 2013 во 14:35 ---
Флорида: Оџа помагал терористички напади
Објавено: 11:08, 24/08/2013
Седумдесет и осумгодишниот имам Хафиз Кан, од Флорида е осуден на 25 години затворска казна, бидејќи донирал неколку десетици илјади долари на пакистанските талибанци, кои парите ги употребиле за терористички напади.
Во текот на доказната постапка е утврдено дека Кан за три години испратил околу 50.000 долари во Пакистан, а парите се употребени за финансирање напади на американски и пакистански мети.
Кан кој бил имам во џамија во Мајами, тврди дека парите им биле наменети на семејството, пријателите и верското училиште кое што тој го основал.
http://a1on.mk/wordpress/archives/195857--- надополнето: 25 август 2013 во 14:41 ---
Внимавајте: Папата се јавува кога најмалку очекувате
прочитано 784 пати
24-08-2013 12:05:17
Оние кои му се обратиле на римокатоличкиот поглавар, нека бидат претпазливи бидејќи папа Франсис би можел да им одговори или да им се јави преку телефон, стои во статијата на италијанскиот весник „Koriere dela Sera“.
Римокатоличкиот поглавар папа Франсис веќе го воодушеви светот, со својата едноставност, лежерен стил и смисла за хумор, а многу лица добија неочекуван телфонски повик од папата, откако му пишале или пак преживеале некоја лична трагедија.
По еден таков втор случаен телефонски повик од папата, водечкиот медиум понуди патокази за оние кои ќе ја имаат таа среќа да им се јави папата, па им порача на читателите да бидат подготвени доколку им заѕвони домашниот телефон.
Седумдесет и шестгодишниот папа, лично го избира бројот и телефонира на старомоден начин, користејќи ги домашните броеви,поради што често знае да ги изненади своите соговорници.
Откако дојде на чело на Ватикан, телефонски ги повика весниците во Буенос Аирес и ја откажа претплатата, како и својот чевлар за да му каже да не изработува црвени папски мокасини, туку да продолжи да ги прави за него вообичаените црни ортопедски чевли.
Бепе Северњини колумнист во „Коriere dela Sera“, во својот текст им порача на оние на кои што ќе им се јави папата, да го сослушаат па потоа да разговараат.
- Бидете природни. Избегнувајте незгодни теми, како политиката или скандалот. Секогаш прашајте како е неговиот претходник Бенедикт. Тоа ќе го усреќи – стои во статијата на Северњини.
http://libertas.mk/внимавајте-папата-се-јавува-кога-најм/
--- надополнето: 25 август 2013 во 14:46 ---
Датум: 23.08.2013, 17:58
ТЕЖОK ИНЦИДЕНТ НА ЈУГОТ ОД АЛБАНИЈА
ЦРКВА ГИ СКАРА ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА
Откако градоначалникот на Пермет, јужна Албанија, испрати обезбедување за да ја испразни локалната православна црква за да може таа да се врати во сопственост на општината, тензии се појавија не само на општинско, туку и на меѓудржавно ниво. Недоразбирањата беа повод за вчерашната средба меѓу градоначалникот на Пермет, Гилберто Јаче, и грчкиот конзул во Ѓирокастро, Николас Kотрокои. На средбата Јаче истакна дека немирите што беа предизвикани поради земањето на црквата се неприфатливи, а грчкиот конзул истакна дека црквата е независна институција, која сама донесува одлуки, пренесе „Шекули“.
-Автокефалната албанска црква не зависи од никој. Нејзините одлуки треба да се почитуваат. Грција е единствената земја што ја поддржа Албанија во процесот на евроинтегрирање и ќе продолжиме. Ние сме два пријателски народа, сме биле и ќе бидеме за зајакнување на меѓуетничките, меѓуверските и регионалните односи - истакна грчкиот конзул по средбата.
http://dnevnik.mk/?ItemID=790E1784DCD95640A836AFC0164DE169

ЛИБАН
Страотен момент кога верници бегаат од џамија во која експлодира бомба (ВИДЕО)
За време на петочната молитва во две џамии во Триполи експлодираа бомби, при што загинале 42 лица, додека либанскиот Црвен крст јавува дека се повредени повеќе од 500 луѓе. На вознемирувачката снимка од локалната телевизија се гледа силната експлозија и како се крева магла од прашината во преполната џамија Ал-Салам во моментот кога завршува молитвата, во градот во кој доминираат сунитските муслимани.

По овие два очигледно координирани напади, најголеми и најкрвави во Триполи од завршувањето на граѓанската војна во Либан, најверојатно ќе се засилат секташките напади, кои се прелеаја од соседна Сирија.
Првата експлозија се случила во џамијата Таква, во која се моли тврдото крило на сунитските исламисти и во која, според првичните извештаи, загинале најмалку 14 лица. Втората експлозија се случила пред џамијата Ал Салам, кога бил разнесен автомобил со 100 килограми експлозив.
Кога почнале да се зголемуваат тензиите во Триполи, либанските официјални лица повикале на смиреност и воздржаност.

Поранешниот шеф на внатрешната безбедност Ашраф Рифи, чија куќа исто така била оштетена во втората експлозија, предупредил дека Либан се соочува со растечки бран насилство.
Хезболах издал соопштение во кое ги осудува експлозиите, изразува солидарност со жртвите и вели дека тие биле цел на обидите за поттикнување поголемо насилство во Либан.
Ројтерс јавува дека кратерот од експлозијата бил четири метри широк и 2,5 метри длабок, додека подот на џамијата бил покриен со крв.
Во близина на џамијата Таква разбеснети мажи излетале на улица носејќи калашникови и пукале во воздухот, додека некои ги гаѓале либанските војници што стоеле недалеку од нив.
--- надополнето: 25 август 2013 во 14:38 ---Флорида: Оџа помагал терористички напади