Верски вести III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Лидерот на Ал каеда повика на воздржаност во првите напади на џихадот

Објавено: 08:40, 17/09/2013
zawahirii.jpg

Лидерот на терористичката мрежа Ал каеда Ајман ал Завахири ги објави првите конкретни насоки за џихад, повикувајќи на воздржаност при напади на следбеници на други гранки на исламот како шиити и немуслимани, како и при започнување конфликти во земји, каде џихадистите може да најдат безбедно место за промовирање на своите идеи.
Документот, објавен од страна на Канцеларијата за набљудување на исламистичките активности на Интернет СИТЕ, овозможува увид во стратегијата на Ал Каеда 12 години по нападите на 11 септември 2001 година во САД и фрла поглед врз глобалните амбиции на организацијата од Северна Африка преку Кавказ до Кашмир.
Иако, воената цел на организацијата е ослабнување на САД и Израел, Завахири го истакна значењето на „дауа“ или мисионерската работа за ширење на нејзините идеи.
- Во однос на сојузниците на Америка, работите се разликуваат од место до место. Главниот принцип е да се избегнува влегување во конфликт со нив, освен во земјите каде конфронтирањето со нив е неизбежно, изјави лидерот на Ал Каеда.
Според Завахири местата каде конфликтот е неизбежен се Авганистан, Ирак, Сирија, Јемен и Сомалија. Завахири нагласи дека борбата во Пакистан има за цел да создаде безбедно упориште за муџахедините што ќе може да се користи како појдовна точка на борбата за воспоставување на исламски систем.






Завахри ја истакнува потребата да се ослаби Алжир, кој во 90-тите години извојува победа над милитантните исламски сили за влијанието на џихадистите да се прошири низ целиот Магреб и во западна Африка. Тој ја поддржува борбата на милитантните исламисти против Русите на Kавказ, Индијците во Kашмир и против Kинезите во Сјинџијанг.

Освен што се залага против нападите врз шиитите, потег што ја направи Ал каеда непопуларна кај многу муслимани, Завахри истакнува дека треба да се остават на мир и христијаните, хиндусите и сиките, кои живеат во муслиманските земји, како и дека треба да се почитуваат животите на жените и на децата и да се воздржуваат од напади на џамиите, пазарите и на собирите на кои има и муслимани што не се во судир со Ал каеда.
http://a1on.mk/wordpress/archives/205985
--- надополнето: 18 септември 2013 во 12:50 ---
„Револуционерната“ фотографија на бакнеж што го обиколи светот
Пред неколку дена на Фејсбук осамнала фотографија на двајца млади Египќани како се бакнуваат на улица, која со голема брзина се проширила по социјалните мрежи предизвикувајќи поделени реакции, пишува Индекс.
mkd-75913.jpg
Имено, бидејќи актерите од фотографијата поради ваквото искажување љубов во јавност може да завршат во затвор, некои го искажувале својот восхит нарекувајќи ја револуционерна, додека други биле ужасени, пренесува порталот Глобал воисис онлајн.
Фотографијата, која дополнително ги вознемирила духовите бидејќи девојката што на неа се бакнува на главата носи хиџаб, кој симболизира традиционалност, ја објавил Ахмед Ел Гохари, а покрај неа ги напишал стиховите од една песна на Јусре Ел Хаварије: „Некои луѓе пцујат на улица, се убиваат на улица. Некои луѓе спијат на земја на улица. Некои луѓе си ја продаваат честа на улица. Но навистина би било скандал кога еден ден би заборавиле што не смееме и би се бакнале на улица!

--- надополнето: 18 септември 2013 во 13:06 ---
18 Sep 13
Десетици муслимани биле живи запалени во Бикавац

На судењето на поранешниот припадник на војската на босанските Срби, ВРС, Оливер Крсмановиќ, беа прочитани сведоштва за тоа како бошњачките цивили биле заклучени и живи запалени во една куќа во Бикавац, во близина на босанскиот град Вишеград, во 1992 година.
Justice Report

БИРН
Сараево
Во судот во Сараево во вторникот беа прочитани сведоштва за убиствата на бошњачките селани во Бикавац, бидејќи двете жени, заштитени сведоци, одбија да се појават пред судот поради нивната лоша здравствена состојба и доживеаната траума.

Во своето сведоштво, заштитениот сведок OK- 10, изјави дека во летото 1992 година таа престојувала во Бикавац, северна Босна. Еден ден видела како војници ги повикуваат луѓето да се соберат.
„Набргу потоа започна пукање, а потоа видовме пламен кој доаѓаше од правец на куќата на Мехо Аљиќ . Тогаш и реков на мајка ми: „Господе, тие се запалија“, вели сведокот во својата изјава.
„Околу полноќ некој тивко затропа на вратата. Тоа беше Зехра Турјачанин. Таа ми кажа дека во куќата на Мехо Аљиќ, биле запалени 75 жени и деца“, изјави ОК-10.
Поранешниот припадник на ВРС, Оливер Крсмановиќ, е обвинет дека на 27 јуни 1992 година, учествувал во палењето на куќата во која припадниците на ВРС претходно затвориле околу 70 цивили.
Како припадник на втората подрињска лесна пешадиска бригада на ВРС, Крсмановиќ е обвинет и за убиства, силувања и принудни исчезнувања на Бошњаците во Вишеград.
Сведокот OK- 10 вели дека таа го знаела Крсмановиќ, бидејќи тој бил соученик на нејзина пријателка, но, нагласи дека таа не го видела за време на војната.
Вториот сведок, ОК-9, им изјавила на иследниците дека една ноќ некој тропнал на вратата од куќата во која таа се наоѓала. Кога отворила, ја видела Зехра Турјачанин која била „сета изгорена“.
„Ни рече да бегаме и дека таа ќе се предаде. Ни ги кажа имињата на сите оние што беа запалени во пожарот. Ја чув кога рече дека [српскиот паравоен водач] Милан Лукиќ и неговите луѓе ја запалиле куќата. Потоа избегавме од таму“, вели сведокот во својата писмена изјава.
Хашкиот трибунал го осуди Лукиќ на доживотен затвор за воени злосторства во Вишеград, вклучително и за убиствата на околу 70 жени, деца и постари лица во Бикавац.
Судењето на Крсмановиќ ќе продолжи на 24 септември.
http://www.balkaninsight.com/mk/article/десетици-муслимани-биле-живи-запалени-во-бикавац
 
Бог и наложил да ги нарани стриптизетите

  • Објавено: пред 3 часа
Ерин Стивенс од САД верува дека добила повик од Бог, кој и рекол дека треба да ги нарани гладните стриптизети во светот.
- Почувствував дека самиот Господ ми вели „Оди, нарани ги стриптезетите“ - вели жената на свештеник од Нешвил, САД.
Таа 21 ден била на строг пост, а потоа го добила повикот.
Госпоѓа Стивенс, потоа организирала сопствен клуб во Црквата за стриптезите, каде им носи домашно, готвено јадење на девојките. Досега се запознала со 100 девојки од 15 клубови, а неколку веќе ја промениле кариерата благодарение на поддршката од Ерин.
http://www.plusinfo.mk/vest/106476/Bog-i-nalozhil-da-gi-narani-striptizetite
--- надополнето: 19 септември 2013 во 18:42 ---
НАРУШЕН ВЕРСКИОТ СОЖИВОТ ВО ДОБРОШИНЦИ

DOBROSINCI_PATOKAZ.jpg
Фото: Ристо Тасев
Жителите на селото Доброшинци од православна вероисповед велат дека во последните два месеци е нарушен верскиот соживот со припадниците на исламската вероисповед. Причина за тоа според нив е што од верскиот објект на Исламската верска заедница преку разглас се пуштаат повици за молитви во раните утрински и доцните вечерни часови. Кажуваат дека претходно тоа не се случувало и дека тоа се прави од прославата на Рамазан Бајрам.

-Оџата применува некои негови службени работи, не знам дали се во согласност со законите на ИВЗ или не се. Ама, наутро во 4 часот пушта музика, а народот одмора. Вечер во 11 часот исто, напладне, да не речам кога ќе му текне, вели Јован Пелтековски,жител на село Доброшинци.
-Да будиш земјоделци во 11 часот навечер или во 4 наутро малку е несоодветно за наши услови. Така луѓето почнаа да реагираат за да се корегира тоа, да се намали бучвата. Ние тоа му го пренесовме службеникот на ИВЗ, ама тој не сака да ги прифати тие работи, вели Ѓорѓи Вучковски, претседател на МЗ на село Доброшинци.
Од раководството на месната заедница велат дека досега повеќе пати се обратиле до надлежните за да се реши проблемот, но се уште не добиле одговор. Велат дека не сакаат во селото да има никакви проблеми, а најмалку судири врз верска и национална основа. Бараат проблемот да се реши што поскоро за да не се случи тој да ескалира.
DOBROSINCI.jpg

Службеникот на Исламската верска заедница во селото ги отфрла обвинувањата од православните жители за гласното повикување на молитва. Вели дека работи според правилата на неговата верска заедница, а повиците за молитва преку разгласот ги пушта пред изгрејсонце.
-Значи, пред да изгрее сонцето тое не е во 4 часот, туку во 5,30, односно 6 часот, кога веќе сите селани одат на работа. Значи, тоа не е будење од спиење, туку некој намерно негодува, да речеме. Тие досега не биле навикнати на гласот и сега сакаат на некој начин тоа да се прекине, вели оџата Ирфан Асанов.
Од општина Василево информираат дека знаат за проблемот во селото Доброшинци и преземаат мерки тој да биде надминат.
-Неодамна имавме состанок во самото населено место со претставници од православните христијани и со граѓаните од исламска вероисповед и сметам дека веќе сме на добар пат да ги надминеме проблемите кои ги имаме во самото населено место, вели градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов.
Инаку, во селото Доброшинци има 240 домаќинства, од кои четириесетина се со исламска вероисповед, а останатите се православни
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=30638
--- надополнето: 19 септември 2013 во 18:47 ---
Четврток, 19 Септември 2013 09:44

поред календарот на МПЦ денеска е Св. Архангел Михаил.

43082.jpg

Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска.
Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит За небесната хиерархија. Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.
Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит За небесната хиерархија.
Михаил е архангел споменат во Откровението во Стариот Завет по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел.Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска.
Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“. По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“).
Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.
Би било природно св. Михаил, како поборник за евреите, да биде и поборник за христијаните, донесувајќи им победи во војните. Меѓутоа раните христијани ги сметале некои од великомачениците за нивни воени заштитници: Св. Ѓроѓи, Св. Теодор Тирон, Св. Димитриј, Св. Сергиј, Св. Прокопиј, Св. Меркуриј, и тн.; а на Св. Михаил му ги доверувале болните.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/13...l-Mihail--vojvodata-na-celata-angelska-vojska
 
Муслимански трофеј у Сирији: Беживотно тело обезглављеног хришћанског детета (Видео)
+18

devojcica-glavasyria2.jpg



Овај видео је направљен за лажну пропаганду, поруку да су наводно “сиријске снаге“ убиле “побуњеничко” дете; уствари исламисти су убили и обезглавали хришћанску девојчицу.
(У Сирији се људи препознају и по одећи коју носе. Овакву проевропску одећу носе деца хришћана, алавита, секуларних Сиријаца и умерених сунита који се искључиво боре на страни легалне Сиријске армије против екстремистичких исламиста које подржава САД и већина држава ЕУ)
http://srbin.info/2013/09/muslimanski-trofej-u-siriji-bezivotno-telo-obezglavljenog/
--- надополнето: 21 септември 2013 во 05:32 ---
20/09/2013 - 23:11
Тунижанските со секс војуваат во Сирија

Ако е за возвишена цел, како што е светата војна, тогаш вонбрачниот секс со повеќе партнери е дозволен


blog_yg_638616_1189544_tr_muzulmanka.jpg
Муслиманка (Фото: aonang.blog.onet.pl)

Бројни Тунижанки отишле во Сирија каде водат џихад ал-никах (света сексуална војна), јавува британскиот весник „Дејли Мејл“

Весникот наведува дека девојките, во знак на поддршка имаат бројни сексуални односи со исламските борци кои борат во Сирија.
- Имаат сексуални односи со 20, 30 100 борци во име на џихад ал-никах, а потоа се враќаат трудни, изјави министерот за внатрешни работи на Тунис Лотфи Бен Џедоу пред националното собрание, наведувајќи дека тоа станува се поголем проблем на земјата.
Во исламот, институцијата џихад ал-никаџ дозволува вонбрачни сексуални односи со повеќе партнери, а некои салафисти го сметаат како легитимен облик на светата војна.
Туниските весници пишуваат дека стотина жени се наоѓаат во Сирија на своја света должност.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/svet/39398-tunizanskite-so-seks-vojuvaat-vo-sirija
--- надополнето: 21 септември 2013 во 05:40 ---
Индија: 17 верници се удавиле за време на обред

20.09.2013 - 12:03:40

g_indijabog.jpg

Реката Јемуна ги исфрли телата на 17 верници кои се удавиле за време на обред во индискиот главен град Мумбаи.

Трагедијата се случила на последниот ден од десетдневниот фестивал посветен на богот Ганеш, богот на мудроста, просперитетот и среќата.


Обредот подразбира молење пред статуите на богот, а потоа нивно преместување во реки, езера и морето.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=138191&kategorija=6
 
Контроверзниот Качавенда се парализирал

од НОВА | објавено на: 21-09-2013 15:11:34

од НОВА | објавено на: 21-09-2013 15:11:34
7693golema.jpg

Пензиониран епископ на Зворник и Тузла доживеал мозочен удар по што бил однесен во Клиничкиот центар во Белград и е надвор од животна опасност.
Контроверзниот Качавенда, Светиот Архиерејски Синод на Српската православна црква на седницата во мај го разреши од црковните должности, но не му го отдезе чинот владика.
>>Раскошот и бедата на срскиот владика Качавенда
Владиката стана актуелен во јавноста во април годинава, кога беа објавени снимки од неговите блудни дејствија кои беа на ализирани и од страна на членовите на Синодот на СПЦ.
Српскиот владиката Качавенда, под името Пабло повеќе од 50 години бил соработника на странски и домашни разузнувачки служби кои го врбувале со компромитирачки материјал за неговите хомосексуални испади.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=7693 :cuc:

--- надополнето: 21 септември 2013 во 16:54 ---
21/09/2013 - 10:17
УЖАС: Јадат мачки на ражен во чест на светица!

Во градот Ла Куебрада, јужно од Лима, во текот на прославата во чест на света Ифигенија се јадат над сто мачки, но перуанските пратеници бараат овој обичај да сопре

Macke-pred-klanje.jpg
Мачки пред колење (Фото Wikipedia/Anna Frodesiak)


Еден перуански пратеник им се придружил на активистите за права на животните во барањето за забрана за печење мачкино месо на ражен во текот на еден годишен верски празник.
Активистите велат дека најмалку сто мачки ќе бидат изедени овој викенд за време на прославата на света Ифигенија, во градот Куебрада, јужно од Лима.
Пратеникот Хуан Укруиса испрати писмо до градоначлникот на областа и министерката за здравство на Перу, барајќи забрана за користење на мачките како храна, а бара и закон за заштита на животните.
Активистите тврдат дека мачкиното месо е опасно за здравјето. Министерката за здравство Мидори де Хабич рече дека тој обичај треба да се прекине, но не презема никакви мерки.
Жителите на Ла Куебрада ја бранат својата традиција и велат дека мачките што ги жртвуваат ги одгледуваат на посебен начин, а убиваат и јадат „само по неколку“.
http://www.telegraf.mk/aktuelno/39438-uzas-jadat-macki-na-razen-vo-cest-na-svetica
--- надополнето: 21 септември 2013 во 17:07 ---
Петок, 20 Септември 2013, 16:13


Познат турски пијанист осуден за навреда на верските вредности


Апелацискиот суд во Истанбул денеска ја потврди условната затворска казна на познатиот турски пијанист Фазил Сај, кој е осуден за навреда на верските вредности.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Судот ја потврди условната затворска казна од десет месеци, што нема да се спроведе доколку осудениот не го повтори истото дело во следните пет години.

Основниот суд на 15 април го осуди Сај за „навреда на верските вредности на дел од населението“ поради неговите коментари објавени на социјалнста мрежа Твитер.

„Навредлилвите забелешки“ се однесуваа на неговото прашање дали „исламскиот рај наликува на бордел или крчма, бидејќи, како што пишува во Куранот, таму има реки од вино и прекрасни убавици“.

Покрај ова Сај беше обвинет и поради неговиот коментар за должината на траењето на еден повик за вечерна молитва, кој траел само 22 секунди. Сај на Твитер запрашал „дали на муезинот му се брзало за да оди да има секс или да пие ракија“.

Ваквите коментари на Сај педизвикаа реакции во јавноста, по што тој набрзо ги избриша од својот профил.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balk..._osuden_za_navreda_na_verskite_vrednosti.aspx
--- надополнето: 21 септември 2013 во 17:12 ---
Илјадници верници во Калишта



Илјадници верници утрово го преполнија манастирот “Пресвета Богородица” во струшкото село Калишта. На светата архиерејска литургија со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски Македонски г.г Стефан присуствуваше и претседателот Горѓе Иванов со сопругата.

kalishta.jpg



На големиот христијански празник “Рожденство на Пресвета Богородица” треба да се посветиме на семејството, порача Иванов.

- Ова е празник и за славење и за радување. Празник кога го славиме семејството, кога ги славиме рожбите. Празник на кој треба да се посветиме обврските кон децата, кон семејството и да даде Господ да имаме што повеќе рожби, истакна претседателот Иванов.
Верниците масовно се враќаат во црквата. Денес во живописниот манастир на брегот на Охридското езеро се помолија верници од сите краишта на земјава.
- Религијата не одржува. Поколението ни било православно ние сме македонци. Не сме ни срби ни бугари. Веруваме во Македонија, вели една штипјанка.
- Црквата била единствена што не спојува. И буквално и иднината се состои во тоа што на ваквите денови сме сплотени за да си го покажеме единството и вербата во нашата вера, вели еден верник.
- Да си ја зачуваме нашата вера нашата иднина, вели друг верник.
- Ова ни е дар божји. Што треба да си ја чуваме верата христијанска православна. И сите цркви во православието треба да бидат едно бидејќи еден е Бог за сите, вели трет верник.
Манастирот во Калишта е познат по чудотворната икона на “Мајката Божја”. “Богородица” е насликана во црно а иконата е пронајдена во малата пештерска црква во комплексот. Таа денес се смета за една од највредните икони во земјава.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=17762
 

Повторно напад врз немуслиманско население од страна на муслимански вандалисти.
Вооружени лица денес убија најмалку 20 лица во Најроби, отварајќи оган на посетителите на најпрестижниот шопинг центар во главниот град на Кенија.

Сведоците велат дека напаѓачите им рекле на муслиманите да го напуштат трговскиот центар, а пукале на оние за кои сметале дека не се муслимани.

Нападот во трговскиот центар Ветгејт во Најроби се’ уште трае, а новинарите на АП на лице место известуваат за дваесетина мртви тела, повеќе од два часа откако се слушнале првите истрели. Десетина лица се ранети, а официјалните лица се’ уште не даваат официјална проценка на бројот на жртви.
Полицијата прво соопштила дека станува збор за грабеж, но набргу се испоставило дека станува збор за терористички напади, бидејќи сведоците навеле дека напаѓачите убивале само немуслимани.
Шефот на полицијата на Најроби Бенсон Кибуе рекол дека се работи за терористички напад во кој најверојатно учествуваат десетина терористи.

Пукањата во Вестгејт се’ уште се слушаат.
najrobi-voznemiruvacki-sliki-01.jpg

najrobi-voznemiruvacki-sliki-02.jpg

najrobi-voznemiruvacki-sliki-05.jpg



Извор.
 
група на постари христијани од овој град преживуваат токму благодарение на „бунтовницитеСабота, 21 Септември 2013 11:34

И додека медиумите се преполни со ужасни приказни за злосторствата на сиријските „бунтовници“, од
Алепо доаѓа приказна која што покажува сосема друга реалност. Имено, група на постари христијани од овој град преживуваат токму благодарение на „бунтовниците“ кои што се грижат за нив.
Тие ги отфрлаат тврдењата дека сите бунтовници во Сирија се џихадисти, кои, со намера да го урнат режимот на Башар ал -Асад, ги убиваат сите кои што не се ултраконзервативни Сунити.

Помеѓу 20 и 30 % од жителите на Алепо, некогаш комерцијален центар на Сирија, беа христијани. Денеска се само еден мал број, бидејќи повеќето избегале од бруталните судири кои што го зафатија градот пред повеќе од година дена.
Една група живее во црковниот престој за сиромашни во стариот дел на градот кој што го контролираат бунтовниците. Токму тие ги штитат овие луѓе.
- Многумина слушаат вести за тоа дека сите исламисти се на Ал Каеда и дека ги прогонуваат христијаните и Алевитите, но не е така, изјавила 71-годишната Георгете Јури.
Хостелот е под заштита на Слободната сиријска војска и бригата Лива - ал - Тавид.
- Секое утро командирот на бригдата Ебу Аммар ни носи вреќи со леб, а на секои две недели ни носат брашно, ориз и тестенини. Благодарение на борците можеме слободно да се движиме, изјавил друг жител на прифатилиштето Михаел Обери, на што Јури додава „Ебу Аммар и неговите луѓе се грижат за нас. Доколку се тие тука да ги убиваат христијаните зошто тогаш не штитат нас“.
Неколку метри подалеку од црквата се наоѓа штабот на бригадата Лив ал Тавид, каде што новинарите на Асошијетед прес се сретнале со Ебу Аммар.
- Христијаните не се наши непријатели. Пратеникот Мухаммед, а.с., ги почитувал и ние ги почитуваме. Така беше и пред војната, а така ќе биде и по неа, изјавил тој.
Сунитскиот имам Сеиј Абу Мухаммед вели дека за стравот кој што го чувствуваат христијаните е виновна пропагандата на Асадовиот режим.
- Ние никогаш не би повредиле луѓе само затоа што се од друга вера, изјавил Ебу Мухамед.
„Мислат дека сите сме верски фанатици доколку имаме долги бради и му се молиме на Бога. Мораат да знаат дека исламот проповеда мир и почитување“, заклучува Ебу Мухамед во разговорот со Асошијетед прес.

www.islamski-centar.org
 
Барам некој од вехабиите на форум да ми држи часови по арапски, ќе се договориме за цена.

НАЈРОБИ: Бројот на жртви се искачи на 59, 200 се повредени (ОБНОВЕНО)

Ни викаа дека денеска ќе го видиме Ал Шабаб во вистинското светло, рекол еден од очевидците на нападот во трговскиот центар каде беа убиени 43 лица


Tweet

Najrobi-pukanje.jpg
Пукање во Најроби (Фото: images.tvnz.co.nz)
Според податоци објавени на социјалната мрежа Твитер, бројот на убиените во трговскиот центар во Најроби се искачи на 59 лица, се бараат донатори на крв од крвната група нулта, а меѓу убиените е и поетот од Гана Кофи Авонор.

Претходно агенцијата Франспрес објави дека 43 луѓе се убиени, а над 200 се повредени, повикувајќи се на Црвениот крст.
Агенцијата Франс прес, пак, објави дека и утрово се слушало пукање во трговскиот вентар каде се уште има заложници. Утрово пристигнале возила на брза помош и припадници на армијата.
Сведоци пренесуваат дека напаѓачите им рекле на муслиманите да го напуштат трговскиот центар, а пукале во оние за кои верувале дека не се муслимани.
Кенискиот претседател Ухуру Кенијата објасни дека во нападот во „Вестгејт мол“ и самиот изгубил членови на семејството.
nairobi.jpg

(Принтскрин: Јутјуб/CNN)
Одговорноста за нападот ја презеде групата Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда.
-Муџахедините попладнето влегоа во Вестгејт. Убија повеќе од 100 кениски неверници и борбата продолжува-објавија исламистите од Ал Шабаб на Твитер.
Кенискиот претседател рече дека стотина луѓе брзо биле евакуирани од Вестгејт, како и дека безбедносните сили спроведуваат деликатна операција против екстремистите, но дека најголем приоритет е да се спасат што е можно повеќе животи.
Анонимен извор за Франс прес кажал дека било уапсено едно осомничено лице кое му подлегнало на повредите. Еден од преживеаните во нападот објаснил дека во трговскиот центар, напаѓачите на секој му покажувале тест на арапски јазик. Оној што не знаел арапски, веднаш бил стрелан во главата.
-Ни викаа дека денеска ќе го видиме Ал Шабаб во вистинското светло – рекол овој очевидец. Според информациите на полицијата, имало околу 10 напаѓачи. Меѓу жртвите, како што преенсува британски „Гардијан“ има и странски државјани. Францускиот претседател рекол дека биле убиени две Французинки, а канадскиот премиер кажал дека има две жртви од Канада, од кои еден е дипломат. Четворица Американци се повредени.

Извор
 
Десетици загинати во напад врз црква во Пакистан

D7DEDD66-1A0E-4643-B7A5-947BDD7F44A9_w308_r1_cy4.jpg

22.09.2013

Околу 50 луѓе загинаа, а околу 70 се ранети кога двајца бомбаши-самоубијци ги активирале бомбите пред црквата Свети Јован во градот Пешавар во Пакистан. Голем дел од повредените се во сериозна состојба. За време на експлозијата во црквата имало околу 600 верници. Христијаните сочинуваат околу 4 отсто од населението во Пакистан. Обично не се наметливи, но понекогаш се цел на напади од страна на исламистичките екстремисти кои на нив гледаат како на еретици. Пешавар е главен град на провинцијата Хибер-Пахтунква.
http://www.makdenes.org/archive/news/20130922/428/428.html?id=25113927
--- надополнето: 22 септември 2013 во 16:45 ---
21 септември 2013 - 19:56
Повеќе од 50 жртви во бомбашки напади врз шиитите во Багдад
9090cd1b-9003-4251-a273-bb75d7fd79ed

Повеќе од 50 луѓе се убиени во тројниот бомбашки напад врз поворка којашто одела на погреб во багдадската шиитска населба Садр Сити во саботата, соопштија полициски и медицински извори.


Два автомобила-бомби експлодирале со паѓањето на вечерта во близина на шатор традиционално подигнат за учесниците на погребот, соопшти полицијата.

Третата експлозија одекнала кога полицијата, возилата на брза помош и пожарникарските екипи пристигнале на местото на нападот.

Засега ниедна група не ја презема одговорноста за нападот во кој најмалку сто луѓе се ранети, според медицински извори.

Овој напад следи ден по бомбашкиот напад врз сунитска џамија во која беа убиени 18 луѓе близина во Самара, 110 километри северно од ирачката престолнина Багдад.

Ирак минува низ еден од најсмртоносните бранови насилства во последните пет години. Повеќе од илјада луѓе беа убиени во нападите во јули, кој е најсмртоносниот месец од 2008 година. Според податоците на властите во Ирак, од почетокот на 2013 година, загинаа повеќе од 4.400 луѓе.

Според канцеларијата на Обединетите нации во Ирак, 1.057 Ирачани, од кои 928 цивили се убиени, а уште 2.326 се ранети во терористичките напади низ целата земја во јули, којшто е најсмртоносниот месец од 2008 година. Според првичните процени на Канцеларијата, 804 Ирачани ги загубија животите во август во смртоносни напади, од кои една третина се случиле во главниот Багдад.

Засега никоја од познатите радикални групи на сунитите и шиитите, како и на оние поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, не ја презема одговорноста за нападите во неделата.

Овие напади уследија откако во саботата беа убиени 26 лица а 45 беа ранети во бомбашки напад во северната провинција Нинива. Во петокот, пак, 30 луѓе загинаа во две експлозии во близина на џамија во северниот град Бакуба.

За повеќето бомбашки напади одговорноста ја преземаа сунитските бунтовници блиски на Ал Каеда, кои се борат против централната влада во којашто доминираат мнозинските шиити.

Новиот бран насилства во Ирак започна на 23-ти април кога безбедносните сили се судрија со милитантите и сунитските антивладини демонстранти, во неколку градови како Рамади и Хавиџа во близина на Киркук.

Според процените, сегашните напори на ирачките безбедносни сили да му стават крај на насилството, најголеми по повлекувањето на американските единици во 2011 година, нема да дадат резултат, бидејќи не е начната сржта на проблемот. Аналитичарите и странските дипломати, сметаат дека насилството произлегува од чувството на незадоволство кај сунитското малцинство кое смета дека е искористено во шиитското мнозинство кое сега ја контролира власта во земјата, што придонесува со привлекување нови борци.

Најновите напади во Ирак се поврзани со големата историска нетрпеливост меѓу двете најголеми верски заедници во земјата, шиитите и сунитите. Екстремистичките групи во Ирак ги засилија нападите минатите седмици за да ја дестабилизираат власта на премиерот Нури ал-Малики, во време на одржувањето на кампањата за локалните избори што се одржаа минатата недела, први по заминувањето на американските сили од земјата. Неговата влада влезе во жесток судир со милитантите, особено по подобрувањето на односите меѓу Багдад и Техеран каде што мнозинство, исто така, се шиитските муслимани, а Малики зазема неутрален став и во однос на граѓанската војна во соседна Сирија каде што сунитските опозициски бунтовници две години се борат да го соборат од власта претседателот Башар ал-Асад кој е припадник на малцинските алавити (органок на шиитскиот ислам).

Некои групи од сунитите, коишто во времето на диктаторот Садам Хусеин ја држеа власта, коишто на државно ниво се малцинство со 33 отсто наспроти 66 проценти шиити, се блиски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и вршат напади врз припадници на шиитското мнозинство, врз ирачките безбедносни сили, како и врз сунитските прозападни политичари

http://makfax.com.mk/318932/povekje_od_50_zhrtvi_vo_bombashki_napadi_vrz_shiitite_vo_bagdad
--- надополнето: 22 септември 2013 во 16:50 ---
Петнаесет загинати при напад во село во Сирија

21.09.2013 | 13:07
Прочитано: 111

Најмалку 15 лица се убиени, а 10 повредени во напад на сириските безбедносни сили врз едно сунитско село во централната провинција Хама, соопшти денеска опозициската Сириска организација за човекови права, со седиште во Лондон.

59248.jpg
Во соопштението на оваа група се наведува дека нападот бил извршен доцна синоќа, а сириските и прорежимските сили од редовите на алавитите „извршиле масакр“.

- Петнаесет лица се убиени - две жени, едно дете и 12 мажи, се вели во соопштението, потенцирајќи дека засега не се знае дали сите загинати мажи биле цивили.
Според податоците на ОН, во судирите во Сирија од март 2011 година животот го загубиле повеќе од 100.000 луѓе.

http://24vesti.mk/petnaeset-zaginati-pri-napad-vo-selo-vo-sirija
 
quote="Io Sono Interista, post: 6058859, member: 10854"]Ѕвер! (y)
http://mkd-news.com/religijata-mu-nalagala-da-se-slika-so-tsedilka-na-glava-za-lichna-karta/
Религијата му налагала да се слика со цедилка на глава за лична карта?!

Лукас Нови од Брно во Чешка тврди дека неговата „пастафаријанска“ вера му налага постојано да носи цедилка на главата.


Поради тоа, властите заклучиле дека со забрана така и да се слика за личната карта би претставувала кршење на неговите човечки права.

- Неговото барање е во рамки на чешкото законодавство според кое, е дозволено носење на предмети на глава поради религиски и медицински причини – изјавил претставник на градскиот совет Павел Зара.

Нови тврди дека е член на „Црквата на летечкиот шпагети монструм“ чија „единствена догма е одбивањето на секаква догма“.[/quote]
ee seshto. he he
 
Датум: 23.09.2013, 16:18
ТРЕТ ДЕН ОПСАДА НА „ВЕСТГЕЈТ“
БРИТАНСКА „БЕЛА ВДОВИЦА“ НА ЧЕЛО НА КРВАВИОТ ПИР ВО НАЈРОБИ
0A8418B3CDDD26428CF33DD6A1CD2563.jpg

Акцијата на кениските сили против исламистите што три дена држат заложници во трговски центар во Најроби е при крај, изјави вчера министерот за внатрешни работи Џозеф Оле Ленку.
- Мислам дека операцијата е при крај. Ги контролираме сите катови, терористите немаат каде да побегнат - им рече Ленку на новинарите.
Во трговскиот центар „Вестгејт“ и вчера се слушаа пукотници, а на еден од катовите беше забележан густ црн чад, за кој кениските власти рекоа дека е од запалени перници. Главна вест беше дека исламистичката група, која уби најмалку 68 лица, е Саманта Лувтвајт „белата вдовица“ на Џермејн Линдси, еден од напаѓачите, кој во јули 2005 година се разнесе за време на терористичкиот напад во Лондон, тврди таблоидот „Дејли мејл“.
По експлозиите, како што пренесе Ројтерс, можеле да се слушнат помали детонации и пукање со огнено оружје. Неименуван претставник на безбедносните сили за Ројтерс изјави дека тие ја предизвикале експлозијата затоа што се обидувале да влезат преку покривот, но портпаролот на војската не го коментира тоа. Министерот Ленку рече дека неколку лица с` уште се заробени, но дека силите се трудат да извлечат што е можно повеќе луѓе. Тој додаде дека двајца од напаѓачите се убиени. Портпарол на Ал-Шабаб, која побара Kенија да ги повлече трупите од соседна Сомалија, предупреди дека ќе ги убијат заробениците ако безбедносните сили на Kенија, потпомогнати од западните и израелските експерти, се обидат да ги нападнат нивните позиции.
Од Црвениот крст во Kенија соопштија дека 63 лица се пријавени за исчезнати, а 69 се убиени, но Ленку негира.

ВО ГРУПАТА ИСЛАМИСТИ ОД САД, ФИНСКА И ОД БРИТАНИЈА
Американскиот ФБИ ги истражува тврдењата дека во исламистичката група се тројца американски државјани, јави Си-ен-ен. На еден твитер-профил беа објавени имињата на деветмина за кои изворот тврди оти се во групата. Според тој извор, тројца од напаѓачите се од САД, двајца од Сомалија, а по еден од Kанада, Финска, Kенија и од Велика Британија.http://dnevnik.mk/?ItemID=8D6B4980C128D64CAF323EC844D5AD21
--- надополнето: 24 септември 2013 во 00:59 ---
ЅВЕРСТВО: Сириски бунтовници врзаа девојче и ја присилија да го гледа убиството на сопствените родители!

Српскиот Курир јавува дека „Борците за слободна Сирија“ на монструозен начин им покажаа на западните Европски велесили и САД кого всушност тие поддржуваат!
zverstvo.jpg

Оваа фотографија со молскавична брзина го обиколи светот и ги остави вџашени оние и кои до вчера ги поддржуваа сириските бунтовници.

Под фотографијата стои дека Ал Каеда заробило шиитско семејство, по што пред очите на малата ќерка ги мачеле и ги убиле на најѕверски начин!
Расте бројот на западните медиуми кои се откажуваат од поддршката на Сириската ослободителна армија, која под изговор - рушење на режимот на Ал Асад, вршат бестијални измачувања и убиства.
Се поставува прашањето...дали можеби Русија е во право кога тврди дека има докази со кои потврдува дека нападот со хемиско оружје сепак го извршиле сириските бунтовници?
--- надополнето: 24 септември 2013 во 01:01 ---
23 септември 2013 - 20:19
Најмалку 16 загинати во бомбашки напад на погреб во Багдад
64efc22b-7809-4079-88f2-ab6fe3b64212

Две бомби поставени меѓу присутните на еден погреб во Багдад, во кварт населен со мнозинско сунитско население, усмртија во понеделникот најмалку 16 лица, соопштија полициски и медицински извори.
Уште 30 лица се ранети во експлозијата во квартот Адамија, на северот на Багдад, пренесе Ројтерс.

Во петокот две бомби експлодираа во сунитската џамија во близина на градот Самара, северно од Багдад, усмртувајќи 18 лица, а во саботата и во неделата се случија исто така напади за време на погреби, со што денешниот напад во Адамија е трет во низа врз ожалостена поворка, објави АФП

http://makfax.com.mk/319062/najmalku_16_zaginati_vo_bombashki_napad_na_pogreb_vo_bagdad
--- надополнето: 24 септември 2013 во 01:08 ---
Протести на христијаните во Пакистан


23.09.2013
Пакистанските христијани протестираа ширум земјата по двојниот бомбашки напад врз црквата на Сите Светци во неделата во Пешевар.

Станува збор за еден од најголемите напади врз христијаните.
Загинаа 81 лице, а 130 беа ранети.

92B898F3-461F-4C95-B0D6-5C96869495CE_w308_r1.jpg

http://www.makdenes.org/archive/news/20130923/428/428.html?id=25115109
 
Папата Франциск: Треба да учиме од православните

пред 2 часа
Треба да дејствуваме сите заедно, луѓето, епископите и Папата. Соборноста се пројавува на различни нивоа. Можеби е време да ја промениме методологијата на Синодот, бидејќи денешното состојба ми изгледа статична. Тоа тоа може да има и екуменично значење особено по однос на нашите православни браќа “, вели римокатоличкиот Поглавар.
Папата Францис во интервју за познатото католички магазин ” La Civilta Cattolica ” посветува големо внимание на дијалогот со православните , но и на можноста католиците да научат многу работи од начинот на кој функционира соборниот систем во православните цркви. Во интервјуто , долго околу 30 страници, Папата вели: “Треба да дејствуваме сите заедно, луѓето, епископите и Папата. Соборноста се пројавува на различни нивоа. Можеби е време да ја промениме методологијата на Синодот, бидејќи денешното состојба ми изгледа статична. Тоа тоа може да има и екуменично значење особено по однос на нашите православни браќа “.
Папата истакнува дека од православните “можеме да научиме повеќе за епископските собранија на основата на преданието за соборноста”. ” Обидот да се најде решение за заедничките проблеми, низ призмата на управувањето на Црквата во првите векови пред поделбата на Исток и Запад, ќе донесе плодови денес . Преку екуменски врски најважно е, не само да се запознаат подобро, но и да признаеш дека Светиот Дух дејствува и кај другите како дар, како и кај нас “, вели Папата Франциск. Тој потенцира дека сака да се продолжи потрагата за начинот на кој функционира првенството на Петар – еден разговор кој започна во 2007 година од Мешаната комисија, која дојде во својата работа до потпишување на текстот во Равена. Дијалогот е потребно да продолжи во оваа насока.
Според западните теолози овие еклисиологични рефлексии на Папата Францис за соборноста се продолжение на неговите ставови за Црквата, кои тој ги открива во истото интервју. Според Папата значење има не мислењето на еден, туку мислењето на Црквата како “полнота на Божјиот народ”.

--- надополнето: 24 септември 2013 во 16:28 ---
Фото: Во вкрстен оган - во манастир во Сирија гладуваат 40 калуѓерки и сираци!

Tan2013-9-8_173234119_3.jpg



Околу 40 калуѓерки и сирачиња се без вода и храна во манастирот Мар Такла во сирискиот христијански град Малула каде режимските сили и бунтовниците војуваат уште од почетокот на овој месец.
- Манастирот Мар Такла преживува болни денови бидејќи се наоѓа среде зоната на вкрстен оган така што многу е тешко и опасно да се дојде до основните животни продукти – соопштила православната патријаршија со седиште во главниот град Дамаск.
Патријаршијата апелирала и до хуманитарните организации да обезбедат потребни намерници за жителите на манастирот.
- Генераторот не ни работи, а немаме ниту вода. Загрозени се животите на луѓето кои се наоѓаат во манастирот – стоело во соопштението.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=18033
--- надополнето: 24 септември 2013 во 16:29 ---
Свештеник силувал тинејџери

ijdwqijfoewkogvkprelbhtrhlbpryhnyhyuj.jpg
Свештеникот Хулио Цезар Граси е уапсен за сексуална злоупотреба на тинејџер, поради што ќе добие казна затвор од 15 години.

Овој 57-годишен свештеник пред четири години беше осуден за злоупотреба на неговата фондација наменете за деца, а минатата недела ја прекршил условната казна.
Тој ги одрекува обвиненијата и изјави дека обвинителството лаже.
-Експертите велат дека немам ниедна карактеристика на педофил. Адвокатот на обвинителството лаже, изјави свешетникот.Уште пред десет години овој свештеник бил обвинуван но сепак си продолжил со својата работа.
Група подржувачи на свештеникот протестираа пред судот за тој да биде ослободен.
http://www.press24.mk/sveshtenik-siluval-tinejdzheri
--- надополнето: 24 септември 2013 во 16:32 ---
ВИДЕО: Запознајте ја жената која ги победи демоните!


untitledthrt87589y569yurtjhoirhehrh.png

Ед Ворен која заедно со својот сопруг во Америка е позната по тоа што се занимава со паранормални активности, вели дека ги победила демоните.
Оваа жена вели дека демонството има три фази: Зараза-кога слушате гласови и чекори, прогонување-кога демонот ја обележал својата жртва, а тоа доведува до последната фаза - поседување.
Лорен со војот сопруг успеала да помогне на семејство кое го прогонувале демони и така се здобиле сосветска слава.

http://www.press24.mk/video-zapoznajte-ja-zhenata-koja-gi-pobedi-demonite
--- надополнето: 24 септември 2013 во 16:36 ---
Германски исламисти сѐ почесто заминуваат за Сирија


http://www.dw.de/германски-исламисти-сѐ-почесто-заминуваат-за-сирија/a-17075747?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
 
Ватикански кардинал: Исус е првиот "твитерџија"
tocka-106327.jpg

26.09.2013 | 13:56




"Исус Христос е првиот светски "твитерџија", поради тоа што неговите реченици се кратки и јасни", изјавил ватиканскиот кардинал, Џанфранко Раваси.

„Исус користел Твитови пред сите други, со основни фрази од помалку од 45 карактери, како што е ’Сакајте се еден со друг‘. Како денешната телевизија, тој ја испраќал својата порака преку приказна или симболи“, рекол Раваси на конференцијата со уредниците од италијанските медиуми.
Тој истакнал дека свештенството треба во потполност да ја искористи модерната компјутерска технологија.
„Ако свештениците не се заинтересирани за комуникација, тоа би било во спротивност од нивните должности“, истакнал тој.
Во последниве години, Ватикан го засили своето присуство на интернет, најпрво во времето на Бенедикт XVI, а сега на чело со Францис, кој има повеќе од три милиони следбеници на Твитер, и тоа само на англиската верзија.
Папата Францис не ги заборава и традиционалните медиуми, одговарајќи на писмата од верниците и пишувајќи долги писма за религиозните теми што се појавуваат во италијанскиот печат
http://tocka.com.mk/8/106327/vatikanski-kardinal-isus-e-prviot-tviterdzija

--- надополнето: 26 септември 2013 во 18:48 ---
четврток, 26 септември 2013, 09:01
Европа
Младите Британци не им веруваат на муслиманите
Повеќе од една четвртина од младите Британци на возраст меѓу 18 и 24 години, не им веруваат на муслиманите, покажува истражувањето на лондонската агенција „Комрес“, пренесува МИА
26092013090154_velika%20britanija.jpg

Истражувањето открива дека над 27 отсто од младите немаат доверба во муслиманите во земјата, додека помалку од една третина или 29 отсто од нив сметаат дека тие прават доволно за да се справат со екстремизмот во својата заедница.
Околу 28 отсто анкетирани се уверени дека на Велика Британија ќе и биде подобро доколку има помалку муслимани, а други 44 проценти мислат дека британските муслимани не ги делат истите вредности како сите другите со кои живеат.
Анкетата на „Комрес“ е спроведена во текот на јуни, помалку од еден месец по бруталното убиство на британскиот војник Ли Ригби, кој беше заклан среде ден на улица во Лондон, од двајца британски муслимани.
Околу 48 отсто од младите Британци, сепак, веруваат дека муслиманската религија, во основа, е мирољубива, наспроти 29 отсто кои сметаат дека не е така.
Најголема подвоеност околу муслиманите во Велика Британија, младите Британци имаат кога станува збор за имиграцијата од муслиманските земји и за тоа дали е таа корисна или штетна за земјата. Вкупно 42 отсто од анкетираните мислат дека генерално, странските имигранти се корисни за државата, додека 35 проценти имаат сосема спротивно мислење.
Младите имаат поделено мислење и околу прашањето за тоа кој е виновен за создавањето на исламофобијата во земјата, па 26 отсто од нив сметаат дека вината е во терористичките напади изведени во странство, 23 отсто за тоа ги обвинуваат домашните медиуми, додека според 21 отсто од младите Британци исламофобијата се должи на учеството или извршувањето на терористички напади од страна на британските муслимани.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=24758
--- надополнето: 26 септември 2013 во 18:49 ---
26 септември 2013 - 12:55
Уште еден државјанин на БиХ убиен во Сирија
2c730301-7feb-4bbb-b87b-4903232e75ac




Уште еден државјанин на Босна и Херцеговина, припадник на радикалното исламистичкото селафиско движење загинал во борбите на страна на бунтовниците во Сирија, објавија босанските медиуми во четвртокот повикувајќи се на портал близок на исламистите кои доаѓаа од боиштата ширум светот, а засега оваа информација не можат да ја потврдат локалните власти.



Според информациите на порталот близок на селафиската заедница на Балканот, во Сирија загинала Емедин Велиќ, пишува Hina. Тој настрадал наводно кога се обидел да спаси ранет соборец кој бил ранет во стомакот и бил опериран. На порталот се објавени и фотографии на коишто Велиќ се наоѓа во друштво на Бајро Икановиќ кој во 2007 година е осуден за тероризам од судот на БиХ поради сомневања дека се обидел да крене во воздух некои од цели на западните земји во Сараево. Икановиќ, исто така, се наоѓа во Сирија и според истите вести претходно бил ранет.

Според истите информации во Сирија на страната на исламистичките сунитски бунтовници кои се борат против владата на претседателот Башар ал-Асад загинале шест припадници на селафиската заедница во БиХ.

Портпаролот на министерството за безбедност Адмир Малагиќ не можел д аги потврди овие медиумски наводи за загинувањето на државјанин на БиХ во Сирија. Рекол дека според податоците на безбедносните служби во Сирија заминале околу 60 лица од БиХ, припадници на селафиското движење.

Кон средината на мај, телевизијата на Федерацијата на БиХ (FTV) повикувајќи се на полициските и разузнавачките агенции од Босна и Херцеговина собрале информации дека најмалку 52 државјани на оваа земја се бореле на страна на бунтовниците во Сирија, а до тогаш најмалку еден од нив загинал. Во Сирија загинал Муаз Шадиќ чиешто семејство живее во околината на Зеница, а тоа го потврдила и неговата мајка која изјавила дека тој во Сирија заминал бидејќи сакал да стане шехид (маченик).


Според телевизијата, од Сирија досега се вратиле 32 исламистички доброволци од Босна и Херцеговина, а во оваа земја во која повеќе до 30 месеци беснее граѓанска војна којашто прерасна во меѓуконфесионален судир останале уште дваесетина босански државјани.

Според информациите на босанските безбедносни служби заминувањето во Сирија го организира селефијската заедница од селото Горња Маоча кај Брчко коешто со години се смета за центар на радикалниот вехабизам и во кое владеат строгите шеријатски закони.

Селефијската заедница привлекува радикални исламисти како што беше и Мевлуд Јашаревиќ од српската област Санџак кој во 2011 година изведе терористички напад врза амбасадата на САД во Сараево.

Сите исламски доброволци од Босна и Херцеговина во Сирија се бореле за Фронтот ал-Нусра движење коешто се смета за блиско на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. И чии членови изведоа неколку брутални јавни погубувања на припадниците на воените и полициските сили на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад кој потекнува од алавитската заедница (шиитски огранок на исламот) и потоа снимките од овие погубувања ги поставува на интернет.

Албанци од Албанија, Македонија и Косово се регрутираат за потребите на Сириската војска за слобода, од страна на турска организација под превез на хуманитарни активности, кон средината на август објави агенцијата AINA со седиште во Техеран, која има податоци дека 769 Албанци, меѓи кои и државјани на Македонија, биле регрутирани во Тирана од турска организација под името IHH..

Пред да бидат испратени на боиштата во Сирија, регрутираните се обучувале во турскиот воен камп „Рејханли" од страна на американски воени пензионирани офицери, информира агенцијата AINA. Според истиот извор последната група на Албанци која заминала на подготовки во Турција одлетала од аеродромот во Тирана кон Истанбул на 30 јуни годинава со лет на Туркиш Ервајс.

На 3-ти август порталот на албански јазик Almakos, повикувајќи се на сигурни извори објави дека еден Албанец од Македонија е убиен во борбите во Сирија. Според порталот, бил убиен оџата од Скопје, Сами Абдулахи, кој настрадал во жестоките борби меѓу сириските бунтовници и милициите на Курдите во Сирија. Порталот Depo Portal во септември претходно во Сирија загинале на страна на џихадистите и 38-годишниот Ниметулах Имери од Скопје и Расим Зеќири од Гостивар.

Абдулахи е вториот Албанец од Македонија кој е убиен во Сирија,откако кон крајот на мај беше објавено дека Албанец од Македонија загинал во Сирија во борбата против власта на претседателот Башар ал-Асад. Младиот гостиварец Расим бил дел од опозициската движење во Сирија Jabha el-nusrah (Фронтот ал-Нусра), во кој се борат и доброволци од Бодна и Херцеговина. Расим беше првиот доброволец од Македонија, кој е убиен во Сирија.

Што се однесува до регионот, пак, кон крајот на февруари беше забележан и случајот на 23-годишниот етнички Албанец Мират Ахмети од селото Велики Трновац кај Бујановац, во јужна Србија кој според локалните медиуми загинал во борбите во Сирија. Тој како одличен ученик успеал да се запише на студии по теологија на престижниот исламски универзитет Ал Ажар во египетската престолнина Каиро, а на сириските бунтовници им се придружил заедно со други негови колеги од трета и четврта година на студиите.

Порано медиумите објавија вести за убиени Албанци од Косово, во борбата против силите на претседателот Башар ал-Асад. Овие вести оставија сомнение дека во Сирија има и други групи од по десетина Албанци, добро вооружени кои војуваат против Асад во Сирија.

http://makfax.com.mk/319278/ushte_eden_drzhavjanin_na_bih_ubien_vo_sirija
 
Нов предмет: Основците во Ирска ќе учат за атеизмот

Атеистите во Ирска го обезбедија правото да ги учат децата во основните училишта дека бог не постои.

mkd-77849.jpg
Во образовниот систем, во кој традиционално доминира Католичката црква, неодамна е внесен првиот наставен план за атеизам наменет за илјадниците основци во Ирска. Планот го состави организацијата Атеисти на Ирска.
Дo 16.000 основци, кои ќе ги посетуваат ирските училишта што не се под надзор на црквата, ќе имаат можност да учат за атеизмот во рамките на изучувањето на етиката и системот на верувањето, пренесе „Гардијан“.
Мајкл Нагет, соосновачот на Атеисти на Ирска, нагласи дека основците, па и тие што ги посетуваат училиштата што ги води Католичката црква, може да пристапат кон нивниот курс за атеизмот по пат на интернет или апликации за паметни телефони.
„Ќe постои модул од 10 часа, со траење oд 30 дo 40 минути за сите лица постари од четири години. Тоа e неопходно, зашто ирскиот образовен систем веќе предолго е пристрасен во корист на религиската индоктринација. А доколку родителите, чии деца се во училиштата под контрола на црквата и не сакаат тие да учат за религијата (што е нивно право), може да го изберат нашиот курс како алтернатива за своите деца“, рече тој.
„Религијата не се изучува адекватно како предмет кој е објективен, во кој се изучуваат и се објаснуваат повеќе различни религии и нивното потекло. Тоа изучување има пред се= цел да создава верници, а не објективно образование. Нашиот курс го гледаме како шанса за ирските деца да добијат алтернативно гледиште за тоа како функционира светот“.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/nov-predmet-osnovcite-vo-irska-kje-uchat-za-ateizmot
 
Соопштение во сите активни теми на подфорумот Религија

Доколку забележите мислење кое е надвор од форумската етика на однесување, навреда, оф-топик или слично, користете ја опцијата "Пријави" што се наоѓа во менито на долниот дел од секој пост.
Со тоа си помагате себе, на модераторот.. и пред се, придонесувате во квалитетна дискусија за која сите ние сме овде.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom