- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
- Возраст
- 41
- Локација
- кај дримон
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Oh, madre mia..
Ама изгледа не му успева да смири .... ме радува што и нашите излегле на улица
Обновено:Тензична состојба во струшко Октиси поради изградба на црквата Св. Димитрија
Вести | Охрид | 25.08.2013 13:03
Посети : 672

Верниците од муслиманска вероисповед пред локацијата каде е предвидена изградба на црквата излегле по утринскиот повик од локалниот оџа, изјави за OhridNews, Поп Зоран од Вевчанската парохија под која се црквите во Октиси, Вевчани и Горна Белица.
- Оџата утрово ги повика верниците од муслиманска вероисповед на мирен протест да го спречат поставувањето на темели на црквата, кои требаше да бидат осветени од страна на Митрополитот дебарско- кичевски г. Тимотеј. Локацијата на која треба да се гради црквата се наоѓа на земјиште во сопственост на македонската православна црква и ги имаме сите потребни документи и одобренија за нејзина изградба, вели Поп Зоран.
Како што информираат од СВР Охрид засега не се предизвикани посериозни инциденти и дека полициските службеници остануваат на терен се додека не се смират страстите меѓу жителите.