Верски вести III

Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
За сите скептици и испревртувачи на вистината:

Коптскиот свештеник Ебу Ејјуб изјавил дека прорежимските сили ( балтаџијјех) - стојат зад палењето на црквите. Тие тоа го прават ( како што изјавил тој) за да ги придобијат христијаните и да ги вовлечат во колењето на муслиманите. Познат е ставот на исламот дека е забрането уништување и палење на христијанските верски објекти.

http://www.livestation.com/en/aljazeera-arabic.To

едитирано од модератор.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Египет: Убиен синот на врховниот верски лидер на Муслиманско братство

Еден од синовите на врховниот верски лидер на движењето Муслиманско братство Мохамед Бадије, е убиен вчера во Каиро.

17.08.2013 13:46:05

Еден од синовите на врховниот верски лидер на движењето Муслиманско братство Мохамед Бадије, е убиен вчера во Каиро, за време на протестите наречени „Ден на гневот“ против актуелната египетска Влада, која ја поддржува војската, соопшти денеска партијата Слобода и правда.
Амар Бадије (38) починал од повредите при ранување додека протестирал на плоштадот Рамзез вчера.
Засега не е познато каде се наоѓа неговиот татко Мохамед, кој е обвинет за предизвикување насилство и кому судењето треба да почне на 25 август.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=61672#.Ug-q09JHLKg--- надополнето: 17 август 2013 во 19:00 ---
Египет:Привремен мир-испразнета џамијата на плоштадот Рамзас


од НОВА | објавено на: 17-08-2013 18:30:07
Попладнево египетската војска упадна во џамијата на плоштадот Рамзас, каде околу 1000 побуненици беа засолнети. Откако џамијата беше полна со солзавец насилно бунтовниците беа извлечени на улица, јавува BBC.

Сите бунтвници се надвор, најголем број исламисти кои Муслиманското братсво ги изнесе на улица, сега се уапсени. Во текот на ноќта војската во неколку наврати пукаше врз подржувачите на симнатиот од власт претседател Морси.

Ден по „денот на гневот“, ситуацијата на улиците на Каиро е мирна. Прашање е меѓутоа колку долго тоа ќе трае.

Во судирите меѓу демонстрантите и војската вчера загинале 170 луѓе. А од почетокот на судирите убиени се над 1.1000 лица.

Муслинаското братство најавува нови протести. На својата интернет страница објавија дека вчера бил убиен синот на нивниот духовен водач Мохамед Бадеј.

Стравувањата од граѓанска војна се се пореални.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=6650
--- надополнето: 17 август 2013 во 19:01 ---
Во Индија уапсен еден од најбараните терористи во светот

17.08.2013 - 12:50:54

На границата со Непал минатата ноќ беше уапсен еден од најбараните терористи во Индија, Абдул Карим Тунда, тесно поврзан со екстремистичката муслиманска група Laškar e Taiba или „Легија на правоверните“ со седиште во Пакистан, соопшти денеска весникот „Тајмс оф Индија“

Терористот Тунда е меѓу првите 20 најопасни криминалци на листата на индиската полиција.
Тој е одговорен за 450 експлозии во Њу Делхи и Мумбај.

Тунда во 2001 година побегна од Индија во Бангладеш и се ширеа гласини дека загинал во Дака.


Меѓутоа набрзо се огласил од пакистанскиот град Лахоре каде има продавница. Во летото 2006 беше уапсен во Кенија каде подоцна избега од затворот.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=135577&kategorija=6
--- надополнето: 17 август 2013 во 19:09 ---
Христијаните на удар на исламистите во Египет - Коптите претепувани до смрт


Привраниците на Мохамед Морси удрија по христијаните бесни поради тоа што силите за безбедност го гушат нивниот бунт. Во знак на одмазда се претепуваат Копти на сред улица, се палат цркви меѓу кои и такви кои датираат од 4 от вк, исламистите упаѓаат во училишта...

Вчера во Египет приврзаниците на Морси и припадници на Муслиманското братство организираа уште еден Ден на гневот сличен на оние кои Коптите ги паметат од пред 2 години од времето на Арапската пролет и уривањето на режимот на Мубаракпо што Морси дојде на власт.

Сега се повторува сценариото по кое православните Копти кои се десетина од 90 милионскиот Египет, се жртвени јагниња за исламистите./ извор Блиц


http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=14865
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Вознемирувачко видео: Невооружен демонстрант убиен пред тенк во Египет

17.08.2013 | 17:17
Извор: Точка
На снимката се гледаат демонстранти кои мирно се спротивставуваат на тенкови, а потоа се гледа како еден од нив паѓа на улицата, погоден од куршум.

Снимката на која е прикажано убиството на невооружен демонстрант во египетскиот град Исмајлија го обиколи светот.

Видеото е снимено со мобилен телефон, а новинската агенција Сторифул ја потврдила неговата автентичност.

Под снимката еден од коментарите гласи: "Тој ми е пријател. Неговото име е Ахмед Ахим, едно од најдобрите момчиња кои ги познавав. Имаше син и ќерка."

Во извештаите е наведено дека повеќе од 40 луѓе загинале во судирите кои се прошириле во Александрија, Исмајлија, Фајум и други градови. Владата од друга страна, објавила дека во Египет
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=_IBW9Y94tIUhttp://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Y0zcNThq05Y

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Y0zcNThq05Y
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Сириските бунтовници кај Хомс убиле 11 лица, од кои повеќето христијани

18.08.2013 | 10:04​
Свет

Сириските бунтовници вчера убија најмалку 11 лица, вклучувајќи и цивили, при напад на контролен пункт западно од градот Хомс, пренесоа британските медиуми.

Државните сирииски медиуми настанот го окарактеризираа како масакр.


Повеќето од убиените биле христијани, изјавија активисти и локални жители.

Некои биле членови на „Армијата за национална одбрана“ - милиции што се борат на страната на претседателот Башар ал Асад, а други биле цивили, изјавија тие.

Државните медиуми, цитирајќи сириски претставник, соопштија дека „терористи“ вчера извршиле напад во околината на Хомс, убивајќи 11 лица.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека вооружени лица го нападнале пунктот, убивајќи петмина борци на милициите и шестмина цивили, вклучувајќи и две жени.

Според организацијата, бунтовничките борци, исто така, имале жртви.

Локален жител изјави дека го посетил местото на нападот и видел останки од разурнатиот пункт и две цивилни возила, чии патници можно е случајно да се нашле во средина на судирот.

Според него, пунктот се користел како артилериска база за гаѓање на бунтовничкиот град Хосн, на околу два километри, што се наоѓа под тврдината Крак де Шевалие од времето на Крстоносните војни.

Многу христијани, бегајќи од насилството во Хомс во последните две години, се сместија во христијанските села во реонот на вчерашниот напад, забележуваат британските медиуми.
http://24vesti.mk/siriskite-buntovnici-kaj-homs-ubile-11-lica-od-koi-povekjeto-hristijani
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Терор над христијански свети места во Египет
Четириесетина цркви во цел Египет се ограбени и запалени, а 23 се разорени во напади во последните неколку дена. Уште е непознато кој стои зад нападите. Муслиманско братство ја негира вмешаноста во сквернавењето на христијанските верски објекти

Во судирите кои изминатите денови го достигнаа врвот во Египет, не се поштедени ниту христијанските цркви и верски објекти. Запалени се и ограбени околу 40 христијански храмови а 23 се осквернавени. Коптското жителство често е на мета на екстремистите.
Последната црква која се најде на пат на насилството е храмот Архангел Михаил, кој се наоѓа на 50 километри од Каиро.
Непознатите напаѓачи со графити ги испишале ѕидовите на црквата со натписи според кои Египет е исклучиво исламски, или со кои генералот Сиси се нарекува убиец.
Рушејќи ги верските објекти, екстремистите не го поштедија ниту христијанското население. По палењето на една Фрањевска школа во текот на викендот, исламистите изведоа три монахињи на улиците и сексуално ги вознемируваа.
Нападите се насочени кон храмовите на египетските коптски цркви, како и кон домовите на припадниците на христијанското малцинство во Египет. Коптите не се поштедени ниту од уништување на деловни објекти.
Коптските верски лидери истакнуваат дека никогаш не биле нападнати толку христијански цркви во така краток период.
За да се заштитат од екстремистички напади, некои христијани се здружија со умерените муслимани. Нивниот труд сепак не беше доволен да ги обезбеди верските знаменитости.
Инаку, христијаните сочинуваат 10% од египетската популација која брои околу 90 милиони лица. Нападите на Коптите драматично пораснаа по Арапската пролет и со доаѓањето на Муслиманско братство на власт.
Анкетите покажуваат дека голем број египетски муслимани се непријателски расположени кон Коптите. Покрај тоа, се уште не е познато кој стои зад бранот напади и уништувања на цркви.
Поедини аналитичари и организации за човекови права ја обвинуваат војската дека при донесувањето на одлуки за иселување на пристапниците на Морси, воопшто не донела процена за тоа во кој правец ќе се насочи одмазничкиот гнев на Муслиманско братство и салафистите.
Сепак, Муслиманско братство негираше вмешаност во нападите и наведе дека обвинувањата на нивна сметка ги сервираат оние кои сакаат да ја оправдаат агресијата на демонстрантите.


http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=22977

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.679
Поени од реакции
59.807
Ѕвер! (y)
http://mkd-news.com/religijata-mu-nalagala-da-se-slika-so-tsedilka-na-glava-za-lichna-karta/
Религијата му налагала да се слика со цедилка на глава за лична карта?!

Лукас Нови од Брно во Чешка тврди дека неговата „пастафаријанска“ вера му налага постојано да носи цедилка на главата.


Поради тоа, властите заклучиле дека со забрана така и да се слика за личната карта би претставувала кршење на неговите човечки права.

- Неговото барање е во рамки на чешкото законодавство според кое, е дозволено носење на предмети на глава поради религиски и медицински причини – изјавил претставник на градскиот совет Павел Зара.

Нови тврди дека е член на „Црквата на летечкиот шпагети монструм“ чија „единствена догма е одбивањето на секаква догма“.
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
Швеѓанките се сликаат во хиџаб во знак на солидарност со жените муслиманки



Швеѓанките денес и вчера објавуваат фотографии од себе си во знак на солидарност со жените кои се нападнати поради носење превез. Помеѓу протестантите се наоѓаат политичарки и ТВ водителки.
Активистите на кампањата-„Вресок за хиџабот“ ја повикаа Владата да им го„обезбедат правото на верска слобода на Шведската муслиманка“.
Последната од низа жртви е однесена во болница. Се работи за бремена жена на која и бил тргнат хиџабот и била удрена во глава. Напаѓачот исто така извикувал расистички навреди. Полицијата сеуште го истражува инцидентот.
Поради овој настан голем број на швеѓанки на своите твитер профили и социјални мрежи објавија свои слики со хиџаб во понеделникот. Меѓу нив се наоѓаат адвокатките Аса Ромсон и Вероника Палм, како и ТВ водителката Гина Дирави.
Активистите велат дека со ова сакаат да привлечат внимание во Шведската јавност и да укажат на дискриминацијата која владее во Шведското општество.
Како одговор на нападите, министерот на правда Беатрис Аск изјави дека таквите напади „мора да бидат земени со сериозност“ и денес најави средба со водачите на кампањата .
ББЦ
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Абдулах: Верското насилство е закана за исламот

Објавено: 17:33, 20/08/2013
Jорданскиот крал Абдулах, на конференцијата во Аман, предупреди дека етничкото и верско насилство би можеле да доведат до уништување на муслиманскиот свет.

-Оваа конференција се однесува на нашите чести повици да се отфрли и прекине верското и етничко насилство, што би можело да биде рецепт за уништување на исламскиот свет – истакна тој, на конференцијата на која што присуствуваа 100 претставници на верски заедници и сунити и шиити од 35 држави.
„Асошиејтед прес“ укажа дека судирите во Сирија се „верски обоени“, а дека Јордан е загрижен поради можноста насилството да премине преку границата.
Тензиите помеѓу суните и шиитите предизвикаа судири и во Бахреин, Ирак и Либан.

http://a1on.mk/wordpress/archives/194605
--- надополнето: 20 август 2013 во 21:33 ---



СВЕТ | 20. АВГУСТ 2013 - 11:44
Руски специјалци убија денеска петмина исламисти во Дагестан
Руски специјалци убија денеска петмина исламисти во Република Дагестан, во нестабилниот севернокавкаски регион, јавија руски медиуми.
Еден војник бил ранет во престрелката во градот Бујнакск со екстремистите.
Руските сили за безбедност повеќе од две децении се борат со исламистички бунтовници кои бараат независна држава во Северен Кавказ.

--- надополнето: 20 август 2013 во 21:39 ---
Датум: 19.08.2013, 17:26
НОВ ТУРИЗАМ ВО БИХ
„ТУРИСТИ“ ВРБУВААТ ЏИХАДИСТИ ЗА СИРИЈА

Во Босна и Херцеговина има с` повеќе припадници на вехабиското движење, кои, користејќи ги туристичките аранжмани, доаѓаат во земјата со намера да ангажираат џихадисти за војната во Сирија, пишува бањалучкиот дневен весник „Глас Српске’. Директорот на Службата за работи со странци, Драган Мектиќ, изјавил дека неколку странци со афро-азиско потекло биле вратени во земјите од кои допатувале.

- Тоа се најчесто припадници на вехабиското движење, кои во БиХ стапуваат во контакт со домашните вехабисти, со кои врбуваат и регрутираат војници. Во последно време главно ангажираат џихадисти за војната во Сирија. Ние имаме податоци за тоа и активно ги следиме тие случаи. Знаеме кои се клучните луѓе што се занимаваат со тоа и кои се нивните врски во БиХ - вели Мектиќ.

Тој истакнува дека споменатите лица влегуваат во БиХ легално, користејќи ги седумдневните туристички аранжмани.

- Дури откако ќе стигнат, за некои од нив утврдуваме дека целта на престојот не им е тоа што е наведено, туку врбување борци, па им го откажуваме престојот. Досега имавме неколку такви случаи - наведува Мектиќ.

Но, државјаните на БиХ и самите како „туристи“ заминуваат во кризните подрачја. Kако што пишува босанскиот дневен весник „Дневни лист“, египетската војска во неделата во Kаиро уапсила неколку државјани на БиХ под обвинение за тероризам и воена побуна против египетските власти, па ќе им се суди по кратка постапка. Kако дошле овие милитанти од БиХ во Египет не е познато, но извори од полицијата посочуваат дека е можно да патувале во рамките на некој туристички аранжман бидејќи патувањата во египетските летувалишта не се забранети.

Првиот заменик на претседателот на Заедничката комисија на Парламентот на БиХ за надзор над работата на Разузнавачко-безбедносната агенција (ОБА), Сташа Kошарац, вели дека коренот на проблемите со џихадистите во БиХ лежи во политиката на Алија Изетбеговиќ и Харис Силајџиќ од 90-тите години, која е актуелна и денес. Се проценува дека на бојните полиња во Сирија, Ирак, Авганистан, Чеченија, Дагестан и во Ингушетија има повеќе од 550 државјани на БиХ, а само на страната на сириските бунтовници војуваат околу 330 Босанци.

http://dnevnik.mk/?ItemID=2268ADEAF2A5884E8418D55964B964F9
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Бог ми кажа да се повлечам!
Бенедикт Шеснаесетти изјави дека Бог е тој што му рекол да се пензионира, објави Јутарњи лист повикувајќи се на католичката информативна агенција Зенит.

Откако ја шокираше јавноста со своето повлекување Бенедикт Шеснаесетти прими само неколку луѓе во приватна посета.

На прашањето зошто одлучил да се повлече, Бенедикт одговорил: - Бог ми го кажа тоа.

Поранешниот папа, сепак појасни, дека се работи за "мистично искуство".
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
среда, 21 август 2013, 18:46
Свет
Иранец осуден на затвор поради дистрибуција на Библии
Еден ирански човек кој се преобратил во христијанство, осуден е на десет години затвор, затоа што дистрибуирал Библија, објави денес ватиканската новинска агенција Фидес

Мохамед Хади Бордар е уапсен во Иран во декември минатата година, а во истрагата наводно изјавил дека сакал да шири евангелие делејќи 12.000 џебни Библии. Бордар е обвинет за злосторство против државната безбедност.
Откако што бил крстен, Бордар организирал домашна црква во својот дом во местото Рашт, на северот на Иран, каде полицијата пронашла 6.000 Библија, како и книги и цедиња со религиозна содржина.
Бордар, според тврдењата на Фидес, во 2009 година веќе бил уапсен поради напуштање на исламот, но во меѓувреме бил ослободен.
Католичката новинска агенција ги цитира тврдењата на невладините организации дека интересирањето за христијанството меѓу младите Иранци ги загрижува властите во оваа земја, и поради тоа прибегнуваат кон затворање на црквите.
Фидес истакнува дека новиот ирански претседател Хасан Рохани, со своите приказни за граѓански правила будат надеж дека нешто ќе се промени. Христијанското малцинство во Иран сочинува еден процент од жителите.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=23092--- надополнето: 21 август 2013 во 21:46 ---
Мапа на сите 60 запалени цркви во Египет

Среда, 21 Август 2013 16:38



Коптите, чија црква е една од десетиците уништени од подржувачите на Муслиманското братство се вратија во изгорената куќа за богослужба, со нивниот свештеник ветувајќи дека претрпеното насилство ќе ги направи „подобри христијани“.


„Ова ќе не научи да бидеме подобри христијани“, вели свештеникот Самех Ибрахим на запалена црква во Миниа, каде што околу 14 цркви биле наводно нападнати во последните неколку дена.
Низ Египет, најмалку 60 цркви биле обележани, заедно со христијанските училишта, домови, бизниси, па дури и сиропиталишта. Во областа на Миниа, сопственици на христијански домови и бизниси добиле флаери со предупредување да ги напуштат или да се соочат со одмазда од страна на исламистите.
Христијанските домови и бизниси во Миниа, биле обележани со црн Х за да ги издвојат за напад.
Уште еден свештеник во областа ја споделува својата загриженост. "Живееме во нашата црква, па кога некој ја напаѓа црквата тоа е како да ја напаѓа нашата куќа", вели свештеникот Џон Амин на Mени Мазар црквата. „Нашите деца се плашат“, додаде тој.
Откако насилството се разви во Египет, христијаните се плаќаат висока цена со уништување на нивните домови, цркви и споменици, кои се уништуваат од страна на членовите на Муслиманското братство, кое еден коптски лидер го нарече етничко чистење.
Групата, која е судри со војската во Северна Африка, Муслиманското братство беше поддржана од администрацијата на Мохамед Морси, кој беше соборен на 3 јули. Војската него го отстрани од власт откако тој наметна неколку уставни промени кои се појавија со цел нацијата од 90 милиони жители да ги почитуваат исламистичките правила.
„Муслиманско братство ја продолжува со своите напади врз цркви со цел да ја спроведе целта, која вклучува етничко чистење и присилно раселување на Коптите“, изјави Абул Ез ел-Харири, христијанин и поранешен претседателски кандидат од Александрија.

http://kurir.mk/svet/vesti/127414-Mapa-na-site-60-zapaleni-crkvi-vo-Egipet
--- надополнето: 21 август 2013 во 21:55 ---
МРАЧНАТА ТАЈНА НА ИНДИЈА
Тинејџерки им се продаваат на богаташи на месец дена секс
Краткорочните лажни договорни бракови кои траат по еден месец се сѐ поголем проблем на југот на Индија, каде што богатите странци, локалната полиција и „квазиите“, државните муслимански свештеници, ја искористуваат сиромаштијата на муслиманските семејства.
Една од жртвите на „бракот за секс“, Наушин Тобасум од Хидербад, ги разоткрила размерите на овој бизнис кога побегнала од дома откако родителите ја присилиле да стапи во брак со средовечен Суданец, кој платил околу 1.200 фунти за таа да му биде „жена“ четири недели, пренесува Би-би-си.
Наушин ѝ кажала на полицијата дека тетка ѝ ја одвела во хотелот каде таа и уште три тинејџерки му биле претставени на директор на суданска нафтена компанија. 44-годишниот Осама Ибрахим Мухамед оф Картум, кој е женет и татко на две деца, подоцна дошол во нејзината куќа каде свештеникот „квази“ го извел обредот на венчавање.
Според зборовите на инспекторот Виџеј Кумар, Осама ѝ платил 100.000 рупии (околу 1.200 фунти) на тетката, а таа од тие пари 70.000 рупии им дала на родителите на Наушин, 5.000 на свештеникот, 5.000 на преведувачот на јазикот урду и задржала 20.000 за себе. Покрај венчалниот лист се издава и „талакнама“, документ со фиксиран датум на развод, кој се совпаѓа со крајот на одморот на „младоженецот“.
„Кога дошол кај девојчето, тој побарал секс, но таа го одбила. Младоженецот е постар од нејзиниот татко“, објаснил инспекторот Кумар.
Наушин побегнала од дома, и успеала да најде полициска патрола. Биле уапсени и младоженецот,нејзината тетка и свештеникот, а бил даден и налог за апсење на нејзините родители, бидејќи Наушин е малолетна, а според индиските закони таа не може да се мажи пред да наполни 18 години.
„Морав да соберам храброст и да отидам во полиција“
Инспекторот Кумар потврдил дека се склучуваат стотици вакви краткорочни бракови. Осама во Индија дошол по препорака на пријател, бидејќи во неговата земја за секс мора да плати и до трипати повеќе, бидејќи таму понудата е многу помала, а може да земе и втора жена.
Кумар објаснува дека странците се женат со млади Индијки затоа што според исламските закони проституцијата е забранета, а сиромашните девојки на овој начин собираат пари за „вистинската“ венчавка.
„Не знаев што се случува, тие ме натераа на тоа. Го сменија датумот на моето раѓање во изводот од книгата на родени, за да изгледа дека имам 24 години. Ги експлоатираат девојките, и затоа отидов во полиција. Морав да соберам храброст и да ги пријавам родителите. Дома не се враќам бидејќи се плашам“, вели Наушин Тобасум, која денес живее во државен дом за девојки.
Според податоците на Здружението за заштита на жени и деца, само во Хидербад месечно се склопуваат околу 15 договорни бракови, а бројката постојано расте.
--- надополнето: 21 август 2013 во 21:57 ---
Како изгледа затвор за терористи во Саудиска Арабија: Секс забави, теретани и спа-центри (ФОТО)
Саудиска Арабија се надева дека ќе го сопре верскиот екстремизам на Ал каеда со тоа што на уапсените исламски терористи ќе им понуди „луксузна рехабилитација“ – вклучувајќи советување, спа-третмани и рекреација во луксузен рехабилитациски центар во Ријад.
Државата не штедела пари па така затворениците имаат затворен олимписки базен, сауна, теретана и дневен престој со телевизор.
Оние кои добро се однесуваат имаат право на дводневна пауза, а за оние што сакаат да бидат сами со своите жени достапни им се специјални „апартмани“, кои се наоѓаат во составот на комплексот.
Во пет центри во целата земја има место за 3.000 затвореници, а новиот објект во Ријад на затворениците им нуди „вкус на луксузот како мамец за ублажување на нивните убедувања“.
Сите центри го носат името на актуелниот министер за внатрешни работи, кој започнал сопствена владина програма за борба против Ал каеда по нападите на припадници на оваа група меѓу 2003 и 2006 година во кои беа убиени над 150 Саудијци и странски државјани.
За време на кампањата голем дел од припадниците на оваа милитантна група побегнале на југот и југоистокот на Јемен, каде мрежата во јануари 2009 ја основала „Ал каеда на Арапскиот полуостров“ – која САД ја опишуваат како нејзин најсмртоносен разгранок.
Луксузниот затворски комплекс во Ријад зазема простор колку десет фудбалски терени и е замислен за сместување на 228 затвореници на „девијантната група“, како што Саудиска Арабија ја нарекува Ал каеда.
Во секоја од вкупно 12-те згради може да се сместат 19 затвореници. Во текот на денот тие ќе присуствуваат на верски семинари, со цел да ги увидат грешките во сопственото однесување под влијание на погрешните идеи на џихадизмот.
„За да го победиме тероризмот, мораме да им понудиме психофизичка рамнотежа... со дијалог и способност за уверување“, изјавил директорот на рехабилитацискиот центар Саид Ал Биши. Според него, до сега со оваа програма биле опфатени 2.336 припадници на Ал каеда.
Во едно интервју, меѓутоа, тој признал дека околу десет отсто од оние кои минале низ програмата не доживуваат „преобразба“ и се враќаат во своите терористички ќелии. Имало дури и поединци кои по напуштањето на центрите станале уште поозлогласени.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Муслимански верници не дозволуваат осветување на црква во струшко Октиси

Со арапски и муслимански знамиња, група верници од муслиманска веросиповед утрово од 10 часот го блокирале патот кој води до струшкото село Октиси.
Причина за протестот е најавата дека во селото ќе се осветува православна црква. Муслиманските верници не дозволуваат по патот да поминат свештениците на Македонската православан црква и донаторот на црквата.
Полицијата стои меѓу двете групи, едните од православна а другите од муслиманска вероисповед и ги држи групите раздвоени.
Од двете страни има скандирања и дофрлувања, но нема обиди за пробивање на полицискиот кордон.
Поставувањето на темели и изградба на црквата „Свети Димитрија“ во струшкото село Октиси е причината поради која дел од жителите Македонци - муслимани претпладне се собрале пред локацијата на која е предвидена изградба на црквата.
По тоа следувало и собирање на македонското население поради што морала да интервенира полицијата која во моментов е на местото на настанот и со кордон ги раздвојува двете групи граѓани.
Како што информираат од СВР Охрид, засега не се предизвикани посериозни инциденти и полициските службеници остануваат на терен сè додека не се смират страстите меѓу жителите.


 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Муслимански верници не дозволуваат осветување на црква во струшко Октиси

Со арапски и муслимански знамиња, група верници од муслиманска веросиповед утрово од 10 часот го блокирале патот кој води до струшкото село Октиси.
Причина за протестот е најавата дека во селото ќе се осветува православна црква. Муслиманските верници не дозволуваат по патот да поминат свештениците на Македонската православан црква и донаторот на црквата.
Полицијата стои меѓу двете групи, едните од православна а другите од муслиманска вероисповед и ги држи групите раздвоени.
Од двете страни има скандирања и дофрлувања, но нема обиди за пробивање на полицискиот кордон.
Поставувањето на темели и изградба на црквата „Свети Димитрија“ во струшкото село Октиси е причината поради која дел од жителите Македонци - муслимани претпладне се собрале пред локацијата на која е предвидена изградба на црквата.
По тоа следувало и собирање на македонското население поради што морала да интервенира полицијата која во моментов е на местото на настанот и со кордон ги раздвојува двете групи граѓани.
Како што информираат од СВР Охрид, засега не се предизвикани посериозни инциденти и полициските службеници остануваат на терен сè додека не се смират страстите меѓу жителите.

Ова е резултатот, кога се дозволува на оџи и муљи да дејствуваат во нашата Македонија, платени со пари од Саудиска Арабија, Катар, држави кои под закрила на САД извезуваат џихад, а тајните служби ги користат овие верници(кои навистина мислат дека се борат за исламот) за своите потреби-топовско месо, како што е примерот со Сирија.
Јас не знам дали има институции што се занимаваат со ова, колку само "хуманитарни" и невладини организации има што примаат пари од Саудијците.
Треба да се исече од корен ова, додека е време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom