Свекрва / мајка - како ги нарекувате родителите на вашиот партнер?

  • Креатор на темата Креатор на темата ragazza
  • Време на започнување Време на започнување
Кој како си милува но сепак мислам дека е во ред да се викаат мамо или тато највеќе од почит према мажот. Јас би ги викал бабо и дедо нели дека не иде машкото да ги вика мамо и тато барем досега не сум видел и слушнал нешто вакво. Има време и за тоа не се брзам кога ќе дојде време ќе се договориме:baeh:
e da be ne ide ...koj veli taka...maskite?eve jas sum zensko i velam deka ide...
 
Тетка и чичко- строго. Немора да значи дека така помалку ги почитуваме. Инаку нели отпрвин додека си во врска се обраќаш со тетка и чичко, па по навика така може и да остане.
 
i jas tetka i chichko si gi vikam :)..za ponatake koga ke stapime u brak ( se nadevam ) isto bi gi vikal oti ne znam..jezivo mi e da gi vikam babo i dedo :S
 
Никако мама и тато нема да ги наречам свекорот и свекрвата, си имам јас мајка и татко, а како ке ги викам не знам дали по име дали чичко тетка ке видиме. А и нејкам еден ден жената на брат ми мајка ми и татко ми да ги вика мама и тато затоа што не и се мајка и татко:toe:
 
Јас си имам една мајка веќе и нема потреба ниедна друга жена да ја викам „мамо“. Малку е и застарено тоа. Ќе им се обраќам со име, не верувам дека би им сметало.
 
Mногу сте напредни снааи, немам зборови.
Ќе си ги викате свекрвите "мамо" и точка, после кога зборувате во трето лице за нив што сакате зборувајте. Тоа е традиција и ќе се држиме до неа. Да не дозволиме една современа и напредна генерација, да ги уништува и заборава традициите што се граделе со векови и векови.....наназад.
 
како да ја викам мамо кога ни сопствениот син не си го сака.
Каква е таа мајка?
 
Па мајката на жена ми ке ја викам баба а таткото дедо :toe:
 
Јас по име ќе ги викам. Таткото на мојот партнер нема да ми е нити дедо нити чичко за така да го нарекувам.
 
Mногу сте напредни снааи, немам зборови.
Ќе си ги викате свекрвите "мамо" и точка, после кога зборувате во трето лице за нив што сакате зборувајте. Тоа е традиција и ќе се држиме до неа. Да не дозволиме една современа и напредна генерација, да ги уништува и заборава традициите што се граделе со векови и векови.....наназад.

:)
Да оставиме да живееме во минатото?
Како што се оди напред така и ние.
Мајка јас колку што знам е жената што не родила. Нема зашто свекрвата да ја викам мамо. Да ја викам така свекрвата само достоинството ќе и се накачи и таа ќе се гордее божемски види снаата ме вика мамо и ме сака како мајка и. Како да не знаат сите дека не е така ама ај. Со тоа мамо всушност во минатото се искажува потчинетоста на снаата кон свекрвата (барем јас така си мислам). А сега ретко кој така ги нарекува.

Јас не би ја викала свекрвата мамо во никој случај. Си имам прекрасна мајка и таа ми е една и единствена. Исто и имам и еден и единствен татко. Свекрвата и свекорот ќе си ги викам тетка и чичко и барем искрено го мислам тоа, а не да се бламирам со она мама/тато.
 
Mене воопшто не ми се допаѓа тоа ословување погоре, многу вештачки наметнато.
 
Ќе ги викам по име, не им го дале за џабе а и не мислам дека ќе бидат стари како библии па да ги викам Дедо или Бабо.

Инаку има еден убав термин за свекрва.... свекрива :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom