Кој употребил хемиско оружје?
Ај да видиме вака:
Верзија 1:
Сириската војска има голем напредок во борбата против терористите кои се спонзорирани од САД, Велика Британија, Франција, Турција, КСА, Катар и Израел.
Во момент кога на терористите им се гледа крајот и гинат како пилци, Сириската армија ненадејно и без никаква причина употребува хемиско оружје но не против муџахедините, туку против цивилното население, против Сиријци, вклучувајки жени, деца и бебиња, и со тоа сами си го начукуваат.
Верзија 2:
Сириската војска има голем напредок во борбата против терористите кои се спонзорирани од САД, Велика Британија, Франција, Турција, КСА, Катар и Израел.
Во момент кога на терористите им се гледа крајот и гинат како пилци, тие на само еден ден пред пристигнувањето на меѓународната инспекција вршат напад со хемиско оружје кое претходно падна во нивни раце, врз цивилно население, со цел - воена интервенција од страна на мршојадите САД, Велика Британија, Франција, Турција, КСА, Катар и Израел, кои претходно по некоја "коинциденција" поставија -црвена линија- те. Ако Сириската Армија употреби хемиско оружје, ќе ја бомбардираме Сирија.
Фала Богу, главата ми служи за размислување, плус веќе овие трикови имавме можност многу добро да ги видиме кога НАТО ги спасуваше "кутрите цивили" од Косово.