Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
мислев ко нешто у стил ми иде дома апаш да ме ограби, јас го факам и ми вади пиштол на пр. и пробува да пука у мене ама јас сум по брз и јас го испукувам прв и сл.

или те напага на улица и сака да те ограби и ти не сакаш на пр. да му дадеш ништо и он вади нож арно ама ти си по јак му го земаш и у борба со него го прободуваш.... значи во ситуации каде што си 100% во право.
Ситуацијата во која си „...100% во право...„ е ситуација во која правдата ја земаш во свои раце и наоѓаш оправдување за убиството сторено во самоодбрана.

Се разбира, она кое од Тебе зависи, тоа и ќе го направиш, на пример, го совладуваш напаѓачот ако си проценил дека си посилен од него, но тоа не значи дека сам на себе треба да си дадеш право да одлучуваш дали некој треба да биде убиен или не...

Непосредната животна опасност е ситуација во која заштитата на личниот живот и може да оправда убиство во одбрана, но самото убиство во одбрана ќе си остане сторен чин, кој не може да се избрише ако остане неисповедан.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Не си давам сам на себе право да го убиајм, ама еве едноставно се случува, може ни јас не сум сакал мегутоа се случило во тек на борбата. Значи без "вртење одоколу" оправдано е или не?

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не си давам сам на себе право да го убиајм, ама еве едноставно се случува, може ни јас не сум сакал мегутоа се случило во тек на борбата. Значи без "вртење одоколу" оправдано е или не?

Ај сеа кажи, кого се спремаш да убиеш:pipi:
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Абе не се спремам никого да убиајм. А и да се спремам не би прашал дали црквата ке ми прости бидејки не верувам во неа, имам најдолно мислење за црквата поповите и сл.

Онака прашам само, чисто информативно, бидејки нели исус вика да не убиваш и сл. а чудно ми е доколку тоа мора да го направиш т.е. или он (апашот) тебе или ти него што би било правилно. Мислам, нели е глупо некој ти иде тебе да те рокне а ти пошто веруваш во учењето на црквата ке си седиш онака ко теле некое и ке чекаш... оти нели, ти ако го убиеш ке одиш у пеколот пошто си направил грев.

значи еве пример уше по конкретен. апаш ти иде дома да те краде, ти го факаш и одиш да земеш пиштол. у мегувреме он ти го фака детето и му става нож под грло и сака да го заколе, а ти го имаш апашот на нишан. и....? да пукаш и да го отепаш тогаш и да си го спасиш детето оправдано е?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Абе не се спремам никого да убиајм. А и да се спремам не би прашал дали црквата ке ми прости бидејки не верувам во неа, имам најдолно мислење за црквата поповите и сл.
Точно така, ние христијаните треба да веруваме во Исус, а не во некоја институција МПЦ или во попови и самонаречени „свештеници“. Бај д веј во Христовата Црква немало и нема титула „свештеник“. И 100 пати да го прочиташ новиот завет, нема да најдеш свештеник во црквата, а ќе најдеш дека Исус е единствениот свештеник и првосвештеник.Тоа некои цркви (Католичка и православните) си го измислија за да примаат почести од луѓето (да им бацуваат раце, да ги чевствуваат), за да ги држат во зависност од нив, за подобро финансиски да ги молзат и сл. А исто така во целиот нов завет не се спомнува ниту ценовник на црковни услуги. Наспроти тоа, Исус на своите следбеници им вели: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (ев. Матеј 10:8, Библијата)

значи еве пример уше по конкретен. апаш ти иде дома да те краде, ти го факаш и одиш да земеш пиштол. у мегувреме он ти го фака детето и му става нож под грло и сака да го заколе, а ти го имаш апашот на нишан. и....? да пукаш и да го отепаш тогаш и да си го спасиш детето оправдано е?

У тој случај треба да центрираш во право во мозокот на апашот, за кога ќе го упуцаш да нема време и можност да ти го заколе детето.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279

Брус Вилис ти е омилен глумец ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Точно така, ние христијаните треба да веруваме во Исус, а не во некоја институција МПЦ или во попови и самонаречени „свештеници“.
А Вие „христијаните„ од „центарот„, да не бевте у Антиохија, кога Св. Ап. Павле и Варнава прв пат го употребија изразот „христијани„?

И што везе има Вашето „христијанство„, Вашето верување во Вашиот апстрактен Исус, како и нашите православни свештеници, со прашањево?....
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
У тој случај треба да центрираш во право во мозокот на апашот, за кога ќе го упуцаш да нема време и можност да ти го заколе детето.
Алал да Ти е на „советов„: се надевам дека постов нема да биде незабележан од администраторите.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
зависи во кој филм.
прво шо ќе му е на христијанин - верник дома пиштол??
шо ќе му е алатка за убивање?
Второ ако бог сака да го спаси детето - ќе го спаси, верник треба да верува дека се е со воља и одобрување на Бог. Ние не можеме некогаш... ма не некогаш туку најчесто да ги разбереме неговите постапки, но на крај тоа е се негова воља и секое мешање во вољата божја - е грев.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
ај сеа... од кај ке му е пиштол... може еве му паднал на апашот додека се бореле. може жена му не е толку голем верник како него па има дома оружје. и немој да ми кажете дека жената во тој случај треба да го упука пошто жената е на работа трета смена. Значи ми треба прост и едноставен одговор ако може ке ве молам, го оправдува или не го оправдува нашево христијанство ова убиство?

Во Библијата пиши “Не убиј“
не пиши “Не убиј освен ако ти влезе апаш дома да краде и ти му вадиш пиштол а тој ти го граба детето и му става нож под грло“
“Тој што за меч се фаќа - од меч ќе загини“ значи нема ништо од пукање. Сеј си мирен.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Фала бе Let3 ете тоа ме интересираше.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Фала бе Let3 ете тоа ме интересираше.
Тоа пиши али не мора да значи дека е така, морра да навлезиш малце во историјата на настанувањето на христијанството, тоа не настана така во еден ден и не беше секогаш вакаво како што денес се прикажува, си има тоа децении и векови созревање оформување менување разни фракции разни идеји... денешното христијанство не произлезе од учењето на Исус.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во Библијата пиши “Не убиј“
не пиши “Не убиј освен ако ти влезе апаш дома да краде и ти му вадиш пиштол а тој ти го граба детето и му става нож под грло“
“Тој што за меч се фаќа - од меч ќе загини“ значи нема ништо од пукање. Сеј си мирен.

Библијата не е составена од два збора „не убиј“, туку има над 700.000 зборови запишани во 66 книги колку што има Библијата.
И сличен пример на оваа ситуација има во Библијата:

„Ако крадецот биде затекнат како го пробива ѕидот, па му биде зададен смртоносен удар, неговата крв не треба да биде одмаздувана. Но ако е сонцето веќе изгреано, неговата крв треба да биде одмаздена.“ (Излез 22:2-3, Библијата)

Значи ако денски убиеш невооружен крадец, ти си извршил убиство и ќе си добиеш казна за тоа (во наш случај од државата, а и пред Бог ќе ти се смета за грев). Но ако навечер крадецот ти провали и ти не можеш да видиш дали е вооружен, оправдано е убиството. Значи ако за крадец е дозволено убиство при неможност да се види дали има оружје, уште повеќе дозволено да убиеш вооружен разбојник кој ти посегнува по животот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom