Најмногу ми идат на нерви инат луѓето, и изреката ново си е ново....абе џигер да ти пукне.
Еве еден пример, еден другар запна да купува графичка, имаше околу 4000 денари, и ми вика што да купам, му викам графички нови, под 100 на евра нема барем не добри, (тогаш немаше де) така да му викам ти препорачувам да земеш од еден мој другар, со 2 години гаранција останато, карта која кога излезе беше висока класа, така да неа времето нема да ја изеде, барем не добри 3 години, а ако зимаш нова викам ќе треба да земеш најниска класа, која иако е нова, е 3-4 пати поспора од другата и е практично неупотреблива.
Џабе све, запна нова да зима, ја зема, и му се случуваше слајд шоу во игри, му сецкало! а нова карта имал !?
После тоа ме викаше пак за совет ама не отидов, ова ти е исто како да кажеш не Купувам Е класа Мерцедес користен 3-4 години, и наместо тоа за дури малце повисока цена, ќе купиш некое ново Пунто....значи разлика во повеќекратни класи, изработката на квалитет е огромна, таа Е класа после 15 години, ќе биде во подобра состојба од Пунто после 5....
Би купил старо квалитетно, од висока класа, пред ново од ниска или ентри класа, во СЕКОЕ ВРЕМЕ.