- Член од
- 15 ноември 2011
- Мислења
- 1.427
- Поени од реакции
- 751
Јас кога бев во Албанија најповеќе што сретнав се мерцедеси, преку илјадници сретнав насекаде, како само тоа авто да се вози дури и во Top Gear го кажаа тоа во една емисија за Албанија. Крави не сретнав никаде. Пројдовме во Валона не ни се допаѓаше некако па продолживме во Саранда, скапавме возејќи преку ридови/долови, 120км за 3 часа. Струја во Саранда имавме и клима. Хотелот беше Alina 70m од плажата, веќе беше доцна кога стигнавме така да си плативме прилично скапо 60евра за 2соби и купатило, тројца, внатре екстра чисто на прв спрат со паркинг секогаш слободен. Под нас близу имаше пицерија на луѓе од Дебар, така да одлично се разбиравме.
Но плажата беше со крупни камчиња, во водата дури и големи камења нозе да испокршиш, водата чиста, екстра солена мислам дека таму е Јонско , некогаш имаше некои гранчиња, пластични чаши, веројатно некоја струја ги има донесено. Одевме и на друга плажа кај што се влеваше некоја река, чиста плажа ситен песок, ситен песок беше и на дното на морето, беше одлично.
Вториот/третиот ден почнавме да одиме на Ксамил, Бора Бора каде беше рај, за мене лично преубаво. Одпливаш од плажата кон островчињата, прекрасно чиста вода, луѓето нормални, албанките лепотици, мерак. Храната и пијалоците ефтино како да си искочил во град овдека кај нас. Единствено поради патот не би одел пак, многу е долг. Можеби некој дел од овој текст веќе сум го пишувал до сега, не памтам