S
Stef Bachatero
Гостин
Јас пораснав и станав по скромен и културен дечко,нормално кога ми се угодува шанса ја користамСтеф, ти ли си бе?
Чек да се симнам од облаков на кој сум заседнала, па да ти реплицирам...
Така е! Разговор можеш да започнеш за било што! Апсолутно се согласувам со тебе!
Почнувајќи од квантна механика, па преку HTML и CSS, па движењата на светските берзи, па економско политичката ситуација на Блискиот исток и во Сирија, постулатите на либерал-капитализмот, езотеричните, феминистички, религиозни концепти, па се до тоа како се месат штрудли и штиркаат кошули. Која жена ќе одолее на вакви муабети? Ниедна! На колена ќе ти паднат сите, не ќе може да постигнеш.
Ти препорачувам да го искористиш ваквиот талент, подучи ги другиве мажи кои појма си немаат, греота е, и тие кутрите да се омрсат барем еднаш у животов Поготово оние со пари, џипови, авиони и камиони....изгореа за жени, изгореа. Џабе парите и богатството, ниедна не ги сака, оти не можат муабет саглам да сврзат.
--- надополнето: 15 август 2013 во 15:54 ---
Ама пази, Хемијата треба да иде у пакет со Физика, иначе може да те корпоса