Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Еве одвоив 5 теми за кој ќе се спротивставам и ако има уште.
Најнапред дирекно и отворено да Ве прашам: Дали сте Вие вработен во Градски паркинг или Паркинзи на Општина Центар?
Најнапред за 1. Од каде Ви е информацијата дека „Секаде во светот паркинг се плака „. Има земји каде не само не се плаќа туку им е забрането на општинските лешинари да наплатуваат. На пример во Русија, веднаш по доаѓањето на власт Путин забрани ваква наплата на паркирање. И кај нас, паркиралиштата се добро во општа употреба, тие не се сопственост на општината ниту на зонашите. И постојат сите услови Власта да изрече таква забрана.Но Власта не го прави тоа, помили и се зонашите од граѓаните и човековите права.
2. За да нешто се плати требе нешто и да се добие. Тие меѓусебни давања и примања треба да се со еднаква вредност, Тоа е суштината на облигационото право. - Јас купувам компири , тие вредат 20 денари - толку и плаќам.- Односно заменувам 20 денари со кило компири
Замислете ја следнава ситуација: Вие имате мобилен телефон и јас дојдам и Ве прашам - Продадете ми го мобилниот телефон за 10 денари, во спротивно ќе Ви ставам лисици или ќе Ви ја дигнам колата со пајак. Ова што јас Ви го нудам не е трговија туку обичен грабеж. Зонашите не даваат ништо, а бараат пари со закана дека ќе ти ја дигнат колата, ќе ти стават лисици. Тоа се разбојници. Нивното „ стопанисување “ во ништо не се разликува од мојот „ предлог “ да го купам Вашиот мобилен за 10 денари. А градоначалниците и другите општинските лешинари се тие кои го овозможуваат овој грабеж и како сите подржувачи на криминал треба да одговараат според Кривичниот законик
3. Уптребата на пајаците според законот е предвидена ако возилото представува непосредна пречка и опасност за сообраќајот. Во Скопје дневно се дигаат речиси 200 возила само за да зонашите земаат плати
4. А зошто да не сакаме? Улиците, паркиралиштата, катните гаражи и сите други работи, ние сме ги изградиле, со наши пари и ние ќе ги користиме. Кога зонашите и општинарите ќе дадат свои пари и ќе изградат паркиралишта, тогаш нека наплатуваат
5. Употребата на блокатори на тркала, кои Вие ги нарекувате шепи, не е предвидена во ниту еден закон и представува обичен грабеж. Наполно е исто, јас да Ви го земам Вашиот мобилен и да барам 1300 денари за да Ви го вратам.
Во два збора - зонашите се криминалци, а тие што ги подржуваат се подржувачи на криминалци.

Хахахахахаххаха,еве уште едно ку*ле кое сака своето БМВ да му биде паркирано до га*от,а кога ке паркира да си паркира каде сака и колку сака.

Значи пак ке повторам секаде паркинг се наплака.Да Путин го укина зонското паркирање,ама во кои делови на Москва????

Не ми давај глупави примери со компири и телефони зошто како прво не е пљачка,бидејки добиваш сметка откога ке завршиш со твоето паркирање.

Не може да се паркираш тебе кај ке ти прдне на га*от.Има места кои се предвидени за паркинг а не кошиња,игралишта и слични некогашни зелени површини кои такви сорти како тебе не сакајки да дадат 20 ден за паркинг ги претворија во паркинг плацеви.Па кога ке дојде пајакот тогаш тие се криминалци.Јааааааа,мајка та!!!!!!!

Мене пајакот ми беше крив што бев паркиран на тротоар,а?????Не,сам си бев крив.Имаше паркинг,ама јас од тоа наше пусто брзање,се паркирав да после колата да си ја барам на нивниот паркинг.

За крај.....Не можам да разберам како не ви се дава 20 ден за паркинг ,а ви се дава 82 ден за бензин да се возите низ градот и тоа со скапо ауто......Затоа нека тераат и нека ви го дотераат умот на таквите сорти како тебе,дека тротоар или коше со зелена површина не е ПАРКИНГ...
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
А кај сакаш да ја паркира???Во Гостивар на зонското па да оди пешки....
Ја незнам само што не продужил уште 10-тина метри, можел слободно во дворот да паркира. Ама толку му сече, не е он крив...
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
Evo XII и остали што размислуваат ко него, пред да се воведе зонското паркирање, а исто е и сега, строго е забрането да се паркира на зелени површини и на тротоари затоа што за тоа следи казна (од органите на власта а не од зонашите). Поентата на укинување на зонското не е ние да изиграваме каубојци и да паркираме каде ке стигнеме, него да се паркираме на обележани јавни паркиралишта кои се во сопственост на сите граѓани (а во моментов узурпирани од група поединци наречени зонаши). Точно е дека во поголемите европски метрополи се наплаќа за паркинг во строг центар или по нашки во зона I. Таму ако се наплаќа 1е од саат дали треба со нашиот стандард и ние да плаќаме скоро 1е од саат? А што се однесува до стандардот имаш коли на старо за 400е а имаш нови и за >400.000е па секој ќе си се пронајде во тој ценовен ранг, што значи дека колата (веќе) не е луксуз него е секојдневна потреба. И редно е веќе еднаш властите да ги почитуваат нашите граѓански права ко ние што ги исполнуваме нашите граѓански обврски (плаќаме даноци, регистрација на возила, акцизи итн)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Упорно не можат овие што го бранат зонсково да сфатат дека во еден Берлин е евро од саат паркинг. Кај нас им се виде лесен бизнис на овие нашиве и ајде ќе продаваме магла ќе земаме пари

Полицискана кола е срамотилаци, како што можел да се паркира овој со црната кола зад него паралелно, можел и овој.
 
Ако не ти одговара 40 ден саат плус потрошено гориво,имаш автобус или во зорт и такси.Ако имаш пари да ја поиш ламјата со 85 ден литар бензин и да се возиш сам,тогаш ке имаш и 40 ден да си платиш паркинг......

Стандардот ви е секогаш причина повеке,така?Е не е така...Значи имаш пари да ја поиш со бензин,да и плакаш регистрација секога година,да ј аоддржуваш,а немаш 40 или 20 ден за паркинг.Па кај ти е логиката....

Ако немаш стандард,тогаш нема да возиш кола,и точка.Ем шуто ем боде......
--- надополнето: 22 август 2013 во 00:05 ---

Ако имаш пари да ја поиш ке платиш 40 ден саат.Ако не имаш автобус,па еве убаво време со велосипед....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Прочитајте сами што напишавте,,,,
Вие веројатно сакате тие кои имаат пари Вам да Ви ги дадат.
Објаснете зошто
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ако не ти одговара 40 ден саат плус потрошено гориво,имаш автобус или во зорт и такси.Ако имаш пари да ја поиш ламјата со 85 ден литар бензин и да се возиш сам,тогаш ке имаш и 40 ден да си платиш паркинг......

Стандардот ви е секогаш причина повеке,така?Е не е така...Значи имаш пари да ја поиш со бензин,да и плакаш регистрација секога година,да ј аоддржуваш,а немаш 40 или 20 ден за паркинг.Па кај ти е логиката....

Ако немаш стандард,тогаш нема да возиш кола,и точка.Ем шуто ем боде......
--- надополнето: 22 август 2013 во 00:05 ---

Ако имаш пари да ја поиш ке платиш 40 ден саат.Ако не имаш автобус,па еве убаво време со велосипед....
Работава ако имам пари за бензин, треба да имам пари за зонски гомна? Па работава испаѓа ако имам пари за телевизор да купам морам по автоматизам да ставам и дримбокс што е 100 евра годишно ако на некој му прдне така?

Дај бе не бидете толку испрани од системов. Не знам што треба да се направи за да сфатите дека го претераа со зонсково. Прво беше една улица, две улици, сега е цел град.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
Evo XII ај малце да ти илустрирам (или нацртам) за подобро да сватиш.
Пр.1: Сопругата работи во приватна фирма во близина на влада. ПОЦ не и дава маркица (лепенката чини 500ден мес.) за паркирање со образложение дека се е зафатено и нема слободни места. Места со плаќање преку моб. имаш колку сакаш ама 20 и кусур работни дена во месецот x 9 саати дневно = џабе работам или работам за зонашите да уживаат.
Пр.2: Јас, сопругата и детето да отидеме со автобус до центар ни требаат во еден правец 90ден за автобус (со такси уште поскапо). А да отидеме со кола е дупло поевтино.
Заклучок: Секој просечен (или просечно платен) граѓанин веќе се има откажано од идење на гости и прошетки (види пример 2). Што се однесува до примерот 1 тоа ни е секојдневие и борба за гола егзистенција (глеаш дека стандардот е битен кога ги праеле калкулациите колку да чини 1ч. паркинг место). Старите викаат "џабе неседи, џабе неработи" ама па да работиме за да ги пуниме џебовите на зонашите... епа дечко порасни малце пошто не ја бива работава.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Прочитајте сами што напишавте,,,,
Вие веројатно сакате тие кои имаат пари Вам да Ви ги дадат.
Објаснете зошто

А бе не болдирај зошто не сум слеп ниту носам очила.Очигледно напишаното не ти оди во прилог.Значи да резимираме.Она што не ти одговара не го слушаш,така?????

Или водиш инает,или не сакаш да разбереш некои работи.
Ако имам пари да возам кола секој ден,да ја регистрирам секоја година,тогаш сигурно имам 40 денари да платам паркинг.Просто е нели???

Само исфрустрирани мамини и татини миленичиња нема да разберат никогаш,во тоа е проблемот......
--- надополнето: 22 август 2013 во 10:54 ---
Evo XII ај малце да ти илустрирам (или нацртам) за подобро да сватиш.
Пр.1: Сопругата работи во приватна фирма во близина на влада. ПОЦ не и дава маркица (лепенката чини 500ден мес.) за паркирање со образложение дека се е зафатено и нема слободни места. Места со плаќање преку моб. имаш колку сакаш ама 20 и кусур работни дена во месецот x 9 саати дневно = џабе работам или работам за зонашите да уживаат.
Пр.2: Јас, сопругата и детето да отидеме со автобус до центар ни требаат во еден правец 90ден за автобус (со такси уште поскапо). А да отидеме со кола е дупло поевтино.
Заклучок: Секој просечен (или просечно платен) граѓанин веќе се има откажано од идење на гости и прошетки (види пример 2). Што се однесува до примерот 1 тоа ни е секојдневие и борба за гола егзистенција (глеаш дека стандардот е битен кога ги праеле калкулациите колку да чини 1ч. паркинг место). Старите викаат "џабе неседи, џабе неработи" ама па да работиме за да ги пуниме џебовите на зонашите... епа дечко порасни малце пошто не ја бива работава.

Сега јас да ти нацртам то да разбереш....

Штом и дозволуваш на твојата госпога секој ден за се шетка со своето милениче тогаш сигурно имаш и пари да и дадеш да плати паркинг.Е сега проблемот е каде да се паркираш,така?

Колку што сум информиран јас лично,90% од сите автобуси поминуваат на Партизанска,која за ЖАЛ е многу блиску до владата,нели???

Е па тогаш нека си се качи на автобус како и секој човек(не сме родени во кола сите),па малку утринска гимнастика нема да е штетна,и си доага на работа.....

Ама по се изгледа е друг проблем,нели...
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
Evo XII пошто гледам дека бараташ со % и со бројки, кажи ми колку време ти треба да стигнеш со кола, а колку со автубус (мин. 5 стојалишта/постојки).
Дали ако треба да носиш и зимаш дете од градинка би ти било битно времето? Дали порадо би му купил на детето чоколадно млеко или би платил 1ч зонско? Дали знаеш колкава е просечна македонска плата? Дали знаеш колку чини една потрошувачка корпа?

пс:миленичиња немам, а колата ми е потреба.
 
Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Да поставам едно прашање. Неколку страни поназад на оваа тема прочитав дека жителите на населба Центар ќе можат да земат една налепница бесплатно за колата за бесплатно зонско паркирање.

Дали ова важи само за зонските паркинзи или и оние другите зонски што имаат и како трафика за плаќање во готово (ако не се тие истите мајмуни)?

Каде треба да се обратам за да извадам ова?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom