Тито и Македониjа

Дали е Тито предавник или херој?

  • Предавник

    Гласови: 12 66,7%
  • Херој

    Гласови: 6 33,3%

  • Вкупно гласачи
    18
Федерација со бугарија е можна само ако Бугарија се откаже од вечните идеи за бугарштина во Македонија.А за праските и грозјето и виното ние и денес го извезуваме во словенија ама таму само го полнат во шише(бидејки извезуваме во цистерни) и ни го враќаат како made in slovenia.

Пишиував за федерацијата во тоа време кога сите имале комунистички систем, до пред расколот Тито-Сталин постоела шанса тоа да се случи. Бугарите тогаш биле подготвени да се отакжат од пиринот, барем начелно.

За праските патлиџаните и виното и ја го реков истото, нема разлика во тој сегмент без оглед дали било 1973 или 2013 година.
 
И како сега човек да развие сериозна дискусија, на секој пасус му доаѓаат по две пароли „садичемо кукуруз до неба, нека гладна Америка гледа„:D.

Vori дете мило, пратиш ли оваа ситуација :D, сите се жалат на мизерија (што е така) а на никој не му текнува да види CV, по старо биографија на кадарот што ја создаде - па до скоро сите (а и сега 90%) судии, лекари, адвокати, офицери... што порано „знаеја се„ а сега не знаат ништо се докторирани и со бар 10-ина години работно „искуство„ во таа Југославија. Тие експерти ни ја ебаа мамата а сега ќе се вртиме, ќе мирисаме и ќе се чудиме „ко се усрао„.

И како сега на нив да им покажеш документи дека „другарот„ Тито уште во 64-та гледа дека успешниот пат и не му е така успешен и дека почнува реформи, како да им покажеш стенограм како Моша Пијаде „обезбедува кадар„ за партизаните... Како да им докажеш дека една магистрала во Црна Гора ден денес зема животи затоа што „висок функционер„ ветил асфалт до родното село, ...
Уствари батали, реков уште горе како ќе заврши темава, само не очекував дека ќе се случи толку брзо.
 
Пишиував за федерацијата во тоа време кога сите имале комунистички систем, до пред расколот Тито-Сталин постоела шанса тоа да се случи. Бугарите тогаш биле подготвени да се отакжат од пиринот, барем начелно.

За праските патлиџаните и виното и ја го реков истото, нема разлика во тој сегмент без оглед дали било 1973 или 2013 година.
pregovori se odvivale ,bugarija da stapi vo juznoslovenska federacija, bigarija se slozuvala so toa, einstven problem bilo toa sto tito sakal bugarija da stane edna od republikite na sfrj,ramnopravna so drugite,dodeka bugarija barala uija na jugoslavija i bugarija ,pregovorite se vodele godina - dve se do 48 , e togas ideja prpaga poradi stalin
 
Јас имав прилика да учам во училиште кои беше полно со историска и социјалистичка литература.Затоа извинете ако тргам малку на социјализам ама да се разбереме различен од тој на СДСМ.
 
Другиот дел, дали економски не уништила југославија, тука не можам да се сложам. Како што спомна некој погоре, целата инфраструктура денешна е од тоа време, не викам дека Тито со негови пари лично ја изградил ама ја изградиле македонските комунистички власти со буџетот на СР Македонија и дел на СФРЈ. А тоа дека патлиџаните и праските ни ги зимале словенците да прават сокови, ај малце да спроредиме, денес како е. Не ни ги зимаат пак и патлиџаните и праските и грозјето и виното во туби и прават свои продикти таму не само словенците туки и многу други држави. Демек денес не сме експлоатирани во тој поглед, ништо не е сменето само е полошо.

Некој ќе рече се градело ама на кредити и затоа пропадна Југославија. Да точно е тоа, ама пак да споредиме како е денес, се она малце што е изградено во овие 20 и кусир години е или со кредити или кофинансирано од некои евро фондови, европска банка за обнова и развој, јапонски грантови и донации и слични дотации. Нема ништо капитално изградено чисто со наши пари. Свесни сте дека цело време се задолжуваме кај разноразни финансиски институции и банки, ништо од тоа не е различно, на хартија сме самостојна и независна држава, а всушност немаме нешто повеќе овалстување ни сега ни кога бевме во СФРЈ.

Bateman, а бе се уништи сама себе, малку ли е? Уште во првиот пост спомнав дека Тито е дел и тоа важен од нашата историја, ни се допаѓало тоа или не нема бегање од тоа. Исто е и факт дека бил важна фигура во минатиот век, ама од друга страна нема потреба и од негово мистифицирање и забегување во други крајности. Уште некој да му препише исцелителски моќи и шарадата да биде потполна. Имал лидерски способности, имал шарм, ама му се наредиле и картите.
Посебно во делот на економијата, која стварно била катастрофа. Не знам зошто некои денес го негираат тоа, кога и самиот тогашен државен врв го констатира тоа уште во 60-тите и пробува да преземе мерки (неуспешно) тоа да го надмине.

Кога сме кај картите, еве само еден пример - како кец на десетка му легнува потребата од работна рака во Германија - 400.000 Хрвати одат само таму што се вика преку ноќ, за Македонија немам податоци ама се се правело пропорционално. Замисли денес на 200.000 Македонци да им се овозможи легална работа во Германија, тоа се 10% од народот и 10% помалку невработени. И што е владата заслужна за тоа, што ги пуштила да одат? А добивката е повеќекратна - рез на невработените, ослободување од „проблематични елементи„, нагло растење на стандардот на скоро пола држава (просек 4 во семејство).

И да,за замерување е тоа што знаел дека државата по него ќе се распадне во крв, и или свесно не презел ништо, или презел а не било доволно. И едното и другото не му служи на чест.
 
Јас имав прилика да учам во училиште кои беше полно со историска и социјалистичка литература.Затоа извинете ако тргам малку на социјализам ама да се разбереме различен од тој на СДСМ.
Нема потреба од извинување, социјализмот си е опција како и секоја друга (дури и многу подобра), си има приврзаници и противници. Само што неговата имплементација во пракса била далеку од добра.
 
Нема потреба од извинување, социјализмот си е опција како и секоја друга (дури и многу подобра), си има приврзаници и противници. Само што неговата имплементација во пракса била далеку од добра.
Тука застаниле од патот во своја корист за да изградат култ на личност.
 
Отворете слики од Северна Кореа, така сте живееле во Југославија. Цела армија за еден лидер се плашат од војна а нема врска луѓето живеат на лоши стандарди цела држава пропада се прават дека се е супер.
Како да го направиш народот да е среќен? Уби ги тие кои се несреќни.
 
еј ај некој нека постави анкетно прашање " Дали Македонија има корист од Југославија " ?! слободно допрецизирајте го моето прашање ,знам дека не е баш добро поставено ... знам дека може да се постави анкетно прашање,не знам како се правеше,дали само оној модератотот може да го направи ова .... со понудени одговори :
  • Позитивна корист
  • Негативна
  • додадете и вие слободно надупунете ме ..... ;)
Незнам дали ќе те надупунам, ја гласам комбинирано под „А“ и „Б“: Македонија има и позитивна, али и негативна корист од СФРЈ.
 
Отворете слики од Северна Кореа, така сте живееле во Југославија. Цела армија за еден лидер се плашат од војна а нема врска луѓето живеат на лоши стандарди цела држава пропада се прават дека се е супер.
Како да го направиш народот да е среќен? Уби ги тие кои се несреќни.

Каква глупа споредба напиша и ти самиот мислам дека не си свесен..
 
тито е производ на идеологијата...
градеше..со кредити...
тв во боја има од 50-те..
во мкд од 1976...

светот возеше автомобили, ние фичо...

во негово, беше подобро од кралството времето,..бидејќи поради и технолошкиот скок од 2 св. војна.
луѓето, нашите, не го ценеа човечкиот живот...

технолошкиот застој во кој е мкд, е голем придонес од титовото владеење...
парламентарната (не)демократија е голем придонес од него,....

најсмешно, е она, се градело, имало...
па, и Зимбабве од 45-та наваму се гради, има...

да не бил тој, ќе немало држава..глупост...
кралот беше прибран во Англија, ЈУ беше миленик на западот и во нивната агенда...
кога излезе од агендата, видовме што бидна...

тито е производ од Јалта самитот, ЈУ ќе биде под Сталин, значи државата опстанува, системот се менува...

дали ќе имало Македонија?
веројатно да, по 2та светска војна исчезнаа монархиите, западот носеше парламентарна демократија, во ЈУ беа издиференцирани кроатите и словенците, и ако не ние, тие ќе протежираа федерализам..па, така место и за нас...

да не заборавиме, и германија, од монархизам, па идеолошка држава, по војната бидна федерација...зарем некој од Келн, можел и да сонува дека ќе биде федерален член во некоја држава германија, од било кој тип ?

Маршаловиот план беше и за нас, наместо застава, ќе имавме Форд, ГМ, Крајслер, и т.н.
кога ќе донесеа роботи да прават коли, пак нема да ни чинеа...
застава, немаше врска од роботи, затоа ни чинеше...

народот, призвод од комунизмот е изгубен..веројатно, и генерацијата по нив...
многумина велат, нечини капиталот, а имаат приватни бизниси...
оние, на кои им оди, не даваат плата на оние на кои не им оди..
а плачат по тито, кој им земаше/даваше во такви ситуации...
 
Од економски аспект единствена добра работа е тоа што неколку мали држави се здружуени во еден поголем заеднички пазар за да се поуспешни. Али за тој проект да успее требало секоја да си има посебна каса и валута, а не кучето стопанот да не си го знае. И нормално пазарната економија е подобра отколку тоа централно планирање. Значи единствен плус за развојот е заедничкиот пазар, останатото минус.
Ослободувањето е наша заслуга, а најверојатно е и неизбежен процес.
Што се однесува до некој си културен и интелектуален развој тоа зависи само од нас, колку и да сака(л) некој нешто да наметне. А колку сме способни и колку сме и на тоа поле напредни пресудете сами.
 
За да се збори за ослободувањето и развитокот на Македонија, мора да има параметри за да се спореди, во спротивно не би можел да се пресмета учинокот. Во тој случај кога во насловот би се додала паралела со лидерите во Македонија и нивната улога во ослободување и развитокот на Македонија сите би се прснале од смеа и три дена ќе се виткате од болка во стомак.

Смешно е и да се спореди, неспоредливо катастрофално сценарио од Македонските лидери. Тоа не не прави југоносталгичари, само сме реални. Само слеп човек не би ја увидел разликата.

Додека ја гледам Македонија денес, увек ќе викам Тито врати се!
 
Ајде ти си образована па да те прашам. Свесна си дека сето тоа било една огромна пред се економска илузија за лажење на примитивни необразовани чичковци и тетки кои немаат ни И од интелектуален капацитет. Свесна си дека единствениот аргумент на малоумниците е-А види како е сега, демека змија да те апне е алтернативата наместо магаре да ти го бапне. Свесна си дека на еден разумна образована личност да му предложиш да живее во еден таков систем на апсолутистичка монархија со планирана економија насилна експропријација, контролирана пропаганда ќе те прогласи за луда. Не ми се расправа со идеолошки наркомани, деца со че гевара маици и мексикански субтерористи затоа тебе те прашувам искрено да одгвориш-Тоа ли беше начинот и системот кој ти го поддржуваш и во која ти би сакала да живееш? Не ми одговарај како децава-А што сега поарно да не е, оти тоа за став може да го рачунаат само простаци и луѓе со умоболие. На крају краева истите идиоти кои ги пцуеме и клеветиме за 23 години апашка транзиција се кадри на стариот систем, од тогаш како сиви еминиенции ги добиле позициите, манирите и образот. И покрај сите факти кои се изнесоа на темата каде се живееше подобро, каде што убаво беше прикажано каков само илузорна глупост од систем било тоа, уште се плаче по маршалот како што се плаче по Ким во Северна Кореа. Јас ги разбирам тие луѓе до некаде, тоа им е всадено во менталната матрица, тие и што учеле економија учеле марксизам и планска економија, едноставно мозокот им е веќе отиден некаде со песничките во второ каде што се величел идолот, месијата, каде што се трчало по штафети. И види сега истите тие се бунат сега за некаков си тоталитаризам. Мене заклучок ми е дека народов би одбрал да се простируира за едно југо и 3 недели одмор на јадран. Значи би се откажал од правото на глас, земјата, креативната диверзификација, слободата на изразување и информирање би одбрал да биде роб на нечивии идиотски мегаломании за едно југо, 3 недели на Улцињ и концерт на Здравко Чолич. Па за какви имбецили правиме ние тука муабет? Не е тоа проблем. На пример при една дискусија со еден член кога му објаснував дека во Ју ''живеел на дроги'' он барем призна дека тоа него не го занима, он си живеел убаво и тоа му е битно. Јас повеќе не го цитирав и не го чепнав. Он си одбрал да биде наркоман и така му е најубаво. Ама ако они се ебени у здрав мозок нека не ме ебат мене. Значи ајде без дебилизми од типот на-А како е сега? (Никако, истите идиоти без мозок кои со пушење кур дошле до позиција и нивниот ретардиран потомок не ебеле и тогаш и сега) одговори како образована единка-Зарем и ти ќерко ќе биде апологет на тој систем?
 
За да се збори за ослободувањето и развитокот на Македонија, мора да има параметри за да се спореди, во спротивно не би можел да се пресмета учинокот. Во тој случај кога во насловот би се додала паралела со лидерите во Македонија и нивната улога во ослободување и развитокот на Македонија сите би се прснале од смеа и три дена ќе се виткате од болка во стомак.

Смешно е и да се спореди, неспоредливо катастрофално сценарио од Македонските лидери. Тоа не не прави југоносталгичари, само сме реални. Само слеп човек не би ја увидел разликата.

Додека ја гледам Македонија денес, увек ќе викам Тито врати се!

leandra, не си јасна.
Кого со кого споредуваш, наведи точно?

И дневна политика овде нема да биде дозволена.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom