- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
И ти што стори откако некое детенце ти истурило кафе врз облеката? Баш ме интересира.
Ете ти пример, кој може да се случи и на возрасен
Многу е едноставно решението, доаѓам, ти се извинувам за истуреното кафе, ја плаќам вашата пијачка и те прашувам колку чини твојата уништена облека, и ти давам пари колку што чини.
Многу е едноставно, нели?
Ама ако почнеш да го вреѓаш детето, да урлаш и да се дереш заради ситуацијата, нема да добиеш соодветен фидбек, бидејчи тоа може и тебе да ти се случи, нели.
Откако ќе кажеш што си сторила и случајов, ќе те замолам да кажеш, што ти би направила, ако по грешка ми истурип мене, кафе?
Јас само останав запрепастена, не ми е во природа да урлам ни на дечко ми, а не па на рандом некое жениште. Не знам како да ти објаснам, ама моето однесување на јавно место ми е пребитно за да се спуштам толку ниско и почнам да викам и привлекувам внимание.
Во мојот случај, мајката си го прибра Лео со нежни зборови, го исчисти од прашината на рацете а мене не ме ни погледна. Дојде келнерот и ми донесе салфетки, а јас умачкана се прошетав низ Центар дур фатам такси и одам дома.
Имало МНОГУ ситуации кои не биле до толку страшни (во овој случај цело кафе, и не само кафе туку се во послужавникот заврши врз мене) меѓутоа сепак не се прифатливи.
Едно е детето да ти трчка не тераса, на кеј, сосема друго да турка келнери и маси.
Разликата меѓу возрасниот и детето, е што возрасниот НИКОГАШ не трча околу нозете на келнерот, а ако направи беља, не само што се извинува, пробува и да помогне. Во овој случај возрасниот се испонаша како ништо да не било.
Ако јас по грешка ти истурам кафе на тебе, ќе се извинам, во најмала рака ќе ти дадам влажни марамчиња (кои таа ги имаше за детето, а не ги понуди), ќе ти ја платам истурената пијачка и ќе ти понудам превоз до дома, ако сметаш дека имаш потреба да се пресоблечеш.
Во мојот случај имав потреба да се избањам, косата ми беше залепена.
--- надополнето: 19 август 2013 во 14:17 ---
И како жити се ќе ми ја платеше гардеробата, ако на пример носев маица од 3000 денари? Немој, те молам
