Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За три месеци ќе се воведе зонско и во Гостивар јавува ТВ КИСС
За почеток новиот начин на менаџирање со паркиралиштата ќе се воведе во централното градско подрачје како прва зона. Откако ќе се увидат искуствата, ќе се воведе и во други зони, објаснуваат од одделението за сообраќај.

http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=18240
Вечер јавува во Центар нови налепници

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=10D70970ACEFA1468BC5F99681F88295
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Кои се тие „резидентни улици“ во Центар? Сите само ја препишуваат истата вест.

Резиденцијални улици се сите. Значи, џабе налепница?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дневник јавува дека и во Гостивар општинските лешинари воведуваат зонско
http://dnevnik.mk/?ItemID=F0D7B48E318D094CA9DC82AFE35F8788
Според мене, прашање на ден кога и по селата ќе почнат да воведуваат зонско - на пример во Врапчиште
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
Бев синоќа-вечерва на плоштадот за прославата „Скопје се сеќава“.
Сигурно и многу други граѓани дојдоа од другите населби и места од околината.
Арам да им е на власта,полицијата и пајак службата.
Баш вечерва нон-стоп,врчеа,товаара и лапаа оние пајаци кој беа повеќето,околу плоштадот на Градот. Наместо да нагласеа (или можеби имало) бесплатни паркинзи за оваа вечер тие најдоа да печалат на прославата за Душа на загинатите сограѓани.
Аир да не видат од овие пари.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Вечер голем напис какви проблеми имаат странците со зонско
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F3DD79C3DE08084BA0C2D9245FE6C5E5
Мое мислење не само странците туку сите имаме проблеми со зонското... Треба еднаш за секогаш да се стави крај на оваа „ стопанисување и поштено заработување “
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера - вечер, кај хотелот Бристол, советниците на Општина Центар одржале јавна седница јавува Утрински:
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=20E33F8A4233B247B3D269FB2AEA38A7
Председателот на Советот изјавил:
- Тука сме за да им објасниме на граѓаните како се случи ова и како дрвјата станаа жртви на режимот на ВМРО ДПМНЕ – рече Шиповиќ.
Истовремено советниците од ВМРО изјавиле
На неколку метри од овој настан, неколку советници на ВМРО-ДПМНЕ дадоа изјава велејќи дека оваа т.н. вонредна седница е само обичен политички настан на коалицијата што во моментов е на власт во општината Центар.
Додека овие држеа седници и ја објаснуваа суштината на своите „ политички опции “, на неколку метра од нив зонашите поставуваа лисици на возилата - ова јас можам да го посведочам
Никој од представниците на „ политичките опции “ не реагираше
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.679
Поени од реакции
11.773
Во Вечер голем напис какви проблеми имаат странците со зонско
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F3DD79C3DE08084BA0C2D9245FE6C5E5
Мое мислење не само странците туку сите имаме проблеми со зонското... Треба еднаш за секогаш да се стави крај на оваа „ стопанисување и поштено заработување “
да де владата води кампања за ендемските видови а со ова зонсково и третманот кон странците сами се ставаат у исти кош (n)
немаат тие од каде порака да пратат, башка се непознато и овие одма лисицата...
а чув и дека овие што наплаќаат намерно им се криеле кога ке видат странци и штом отидат се знае :facepalm:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
И во Кичево се подготвува зонско...
Има и анкета Во написов велат и на тој начин Ве покануваат да гласате за зонско:
Зонското паркирање даде позитивни резулати во повеќе градови низ Македонија. Дали мислите дека е време да се воведе и во Кичево?

http://kicevo.mk/anketa-zonsko-parkiranje-kicevo/
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Катната гаража во близината на Подвожњакот е речиси готова.
Објектот е убав....
Но на нејзиниот влез се веќе поставени рампи за наплата и во таа гаража речиси никој нема да паркира, бидејќи очиглено не е направена за општо добро тука за да зонашите „ стопанисуваат и поштено заработуваат “
И оваа и сите катни гаражи се направени со пари собрани од Народот. Но очигледно нема да служи на Народот, туку на зонашите. Како не им е срам.... Трошат народни пари, за да го дискриминираат, казнуваат и понижуваат сопствениот Народ
 

Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
И во Кичево се подготвува зонско...
Има и анкета Во написов велат и на тој начин Ве покануваат да гласате за зонско:
Зонското паркирање даде позитивни резулати во повеќе градови низ Македонија. Дали мислите дека е време да се воведе и во Кичево?

http://kicevo.mk/anketa-zonsko-parkiranje-kicevo/
Според резултатите, изгледа на народот повеќе му одговара да има зонско. Дај боже да се воведе закон и во сопствените гаражи и дворови да направат зонско па да видам после кој ќе гласа „да“ :mad:
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Едно видување за зонското паркирање и т.н проблеми што произлегоа со него.Но да почнеме со ред,нели....
Секаде во светот паркинг се плака,да се разбереме.Значи дали се работи за Скопје,Берлин,Париз,итн секаде има платен паркинг,така????Некој ке рече ех,стандардот.....

Стандардот не е причина.Зошто?Ти ако немаш стандард=џеб нема да возиш автомобил,туку ке користиш градски превоз и ли велосипед.Е ние сакаме да возиме автомобил,ама кога ке дојде за паркинг д асе плати,тогаш ни е те актуелната власт крива,па градоначалниците.....

Прошетајте малку низ Центар посебно паркингот што е веднаш до Телеком.Таму ке најдете возила кои чинат 1000евра и си платиле 4оден да се паркираат,а по сокачињата кај влада ке најдете возила кои чинат 100000евра ама не им се дава 40 денари за паркинг.А кога пајакот ке ја крене тогаш е крив те градоначалникот што не му е вујко,те власта која и да е.....

Има прилика да прошетам низ Загреб,и тоа во строго централно подрачје.Имаат баш паркинг кој е многу близу до нивниот плоштад исто како нашиот.Знаете колку е 1 час пакинг????30ЕВРА.Да 30 ЕВРА ама таму беа паркирани возила,мислам најевтиното беше 60 000евра.Логиката е,ако сакаш колата до гз,тогаш ке си платиш 30евра.А ако не сакаш има и за 2 евра,ама 10минутки ке одиш пешки.....

Ние сакаме ем до гз колата да е паркирана,да не одиме пешки,ама не ни се дава 40 денари за паркинг....

Знаеме да се возиме сами во кола со литар бензин 82ден,а не ни се дава 20 денари за паркинг.Тешко ги менуваме навиките,а секогаш се вадиме со стандардот,па бил скап паркингот...

Еве катната гаража во Аеродорм е доказ.Го намалија паркингот на 20 ден 1 час,и пак е празна,а зонското до неа е 25 ден и тоа да се зезаш со пораки,башка сега преку лето и колата на сонце,а кога ке стават шепа тогаш сакаме да се расправаме како сме дошле пред 5мин,дрн,дрн.......

Во Скопје има сеуште места каде можеш да се паркираш без да палтиш,ама треба да се оди малку повеке.Е треба,ама кој ке ни верува дека имаме скапо ауто ако не ни е до гз,така?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Едно видување за зонското паркирање и т.н проблеми што произлегоа со него.Но да почнеме со ред,нели....
1.Секаде во светот паркинг се плака,да се разбереме.Значи дали се работи за Скопје,Берлин,Париз,итн секаде има платен паркинг,така????Некој ке рече ех,стандардот.....

Стандардот не е причина.Зошто?Ти ако немаш стандард=џеб нема да возиш автомобил,туку ке користиш градски превоз и ли велосипед.Е 2.ние сакаме да возиме автомобил,ама кога ке дојде за паркинг д асе плати,тогаш ни е те актуелната власт крива,па градоначалниците.....

Прошетајте малку низ Центар посебно паркингот што е веднаш до Телеком.Таму ке најдете возила кои чинат 1000евра и си платиле 4оден да се паркираат,а по сокачињата кај влада ке најдете возила кои чинат 100000евра ама не им се дава 40 денари за паркинг.А кога 3. пајакот ке ја крене тогаш е крив те градоначалникот што не му е вујко,те власта која и да е.....

Има прилика да прошетам низ Загреб,и тоа во строго централно подрачје.Имаат баш паркинг кој е многу близу до нивниот плоштад исто како нашиот.Знаете колку е 1 час пакинг????30ЕВРА.Да 30 ЕВРА ама таму беа паркирани возила,мислам најевтиното беше 60 000евра.Логиката е,ако сакаш колата до гз,тогаш ке си платиш 30евра.А ако не сакаш има и за 2 евра,ама 10минутки ке одиш пешки.....

4. Ние сакаме ем до гз колата да е паркирана,да не одиме пешки,ама не ни се дава 40 денари за паркинг....

Знаеме да се возиме сами во кола со литар бензин 82ден,а не ни се дава 20 денари за паркинг.Тешко ги менуваме навиките,а секогаш се вадиме со стандардот,па бил скап паркингот...

Еве катната гаража во Аеродорм е доказ.Го намалија паркингот на 20 ден 1 час,и пак е празна,а зонското до неа е 25 ден и тоа да се зезаш со пораки,башка сега преку лето и колата на сонце,а 5.кога ке стават шепа тогаш сакаме да се расправаме како сме дошле пред 5мин,дрн,дрн.......

Во Скопје има сеуште места каде можеш да се паркираш без да палтиш,ама треба да се оди малку повеке.Е треба,ама кој ке ни верува дека имаме скапо ауто ако не ни е до гз,така?
Еве одвоив 5 теми за кој ќе се спротивставам и ако има уште.
Најнапред дирекно и отворено да Ве прашам: Дали сте Вие вработен во Градски паркинг или Паркинзи на Општина Центар?
Најнапред за 1. Од каде Ви е информацијата дека „Секаде во светот паркинг се плака „. Има земји каде не само не се плаќа туку им е забрането на општинските лешинари да наплатуваат. На пример во Русија, веднаш по доаѓањето на власт Путин забрани ваква наплата на паркирање. И кај нас, паркиралиштата се добро во општа употреба, тие не се сопственост на општината ниту на зонашите. И постојат сите услови Власта да изрече таква забрана.Но Власта не го прави тоа, помили и се зонашите од граѓаните и човековите права.
2. За да нешто се плати требе нешто и да се добие. Тие меѓусебни давања и примања треба да се со еднаква вредност, Тоа е суштината на облигационото право. - Јас купувам компири , тие вредат 20 денари - толку и плаќам.- Односно заменувам 20 денари со кило компири
Замислете ја следнава ситуација: Вие имате мобилен телефон и јас дојдам и Ве прашам - Продадете ми го мобилниот телефон за 10 денари, во спротивно ќе Ви ставам лисици или ќе Ви ја дигнам колата со пајак. Ова што јас Ви го нудам не е трговија туку обичен грабеж. Зонашите не даваат ништо, а бараат пари со закана дека ќе ти ја дигнат колата, ќе ти стават лисици. Тоа се разбојници. Нивното „ стопанисување “ во ништо не се разликува од мојот „ предлог “ да го купам Вашиот мобилен за 10 денари. А градоначалниците и другите општинските лешинари се тие кои го овозможуваат овој грабеж и како сите подржувачи на криминал треба да одговараат според Кривичниот законик
3. Уптребата на пајаците според законот е предвидена ако возилото представува непосредна пречка и опасност за сообраќајот. Во Скопје дневно се дигаат речиси 200 возила само за да зонашите земаат плати
4. А зошто да не сакаме? Улиците, паркиралиштата, катните гаражи и сите други работи, ние сме ги изградиле, со наши пари и ние ќе ги користиме. Кога зонашите и општинарите ќе дадат свои пари и ќе изградат паркиралишта, тогаш нека наплатуваат
5. Употребата на блокатори на тркала, кои Вие ги нарекувате шепи, не е предвидена во ниту еден закон и представува обичен грабеж. Наполно е исто, јас да Ви го земам Вашиот мобилен и да барам 1300 денари за да Ви го вратам.
Во два збора - зонашите се криминалци, а тие што ги подржуваат се подржувачи на криминалци.
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Има прилика да прошетам низ Загреб,и тоа во строго централно подрачје.Имаат баш паркинг кој е многу близу до нивниот плоштад исто како нашиот.Знаете колку е 1 час пакинг????30ЕВРА.Да 30 ЕВРА
Како не бе, цел ден е 20 евра, 1 саат 1 евро, во прва зона



CIJENA
MAKSIMALNO VRIJEME PARKIRANJA
DNEVNA PARKIRALIŠNA KARTA
I. ZONA
8,00 kn/h
2 h
160,00 kn

8kn = 1.06 Eur
160kn = 21Eur
http://www.zagrebparking.hr/default.aspx?id=59
http://www.marino-bobetic.iz.hr/exchangerate.php
 

Kajgana Shop

На врв Bottom