Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ВИДЕО Пронајден дел од крстот на кој бил распнат Исус Христос
Објавено: пред 7 часа
+


Археолозите во Турција веруваат дека пронашле мало парче крст кој е искористен за распнување на Исус Христос.
Легендата вели дека своевремено делови од крстот се испратени на верски водачи ширум светот, па тоа може да биде објаснување како ова парче завршило во Турција.
Професорката Гулгун Короглу која е на чело на археолошкиот тим рекла дека пронашле парче од крстот за кој сметаат дека на него е распнат Исус. Таа и нејзиниот тим почнале да работат на наоѓалиштето покрај црквата во Синоп уште во 2009. година, а оттогаш пронашле повеќе од 1.000 скелети на тоа место.

http://www.plusinfo.mk/vest/101454/VIDEO-Pronajden-del-od-krstot-na-koj-bil-raspnat-Isus-Hristos
--- надополнето: 3 август 2013 во 19:16 ---
Папата ги повика христијаните и муслиманите да ги срушат предрасудите
Објавено: 11:58, 03/08/2013


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франсис ги повика христијаните и муслиманите да ја урнат оградата на недоверба и омраза и ги повика на взаемно почитување.

Пораката е упатена во време кога радикалните исламисти ги доведуваат во опасност многуте христијани во светот, а кон муслиманите често лошо се однесува на Западот.

Папата ја потпиша годишната порака на Советот за Ватикан за меѓуврески дијалог, на чие чело е и францускиот кардинал Жан Луј Торан.

-Оваа година одлучив лично да ја потпишам оваа традиционална порака, како израз на почитување и пријателство кон сите муслимани, особено кон верските лидери, напиша тој.

Исто го направи само папата Јован Павле Втори во 1991 година.

http://a1on.mk/wordpress/archives/187597
--- надополнето: 3 август 2013 во 19:26 ---
Убиен уште еден Албанец од Македонија во борбите во Сирија
Објавено на 03 August 2013 во 18:04


Уште еден Албанец од Македонија е убиен во борбите во Сирија, јавува порталот на албански јазик Almakos, повикувајќи се на сигурни извори.


Според порталот, во борбите меѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал-Асад, бил убиен оџата од Скопје, Сами Абдулахи.

Порталот дознава дека тој бил убиен во жестоките борби меѓу сириските бунтовници и милиициите на Курдите во Сирија.

Кон средината на јули два дена кај Рас ал-Аин се водеа жестоки борби меѓу сириските Курди кои му нанесоа тежок пораз на борците на движењата Фронтот ал-Нусра (во кој според разузнавачки информации се борат и платеници и исламски фундаменталисти од Босна и Херцеговина, јужна Србија, Косово и Македонија) и Исламската држава во Ирак и на Левантот (Медитеранот), блиски на глобалната терористичка организација Ал Каеда. Џихадистичките борци беа протерани од местото Рас ал-Аин, а многу набрзо, по жестоки борби, го загубија и селото Касрук во истата област.

Абдулахи е вториот Албанец од Македонија, кој е убиен во Сирија, објавува Almakos.

Kон крајот на мај беше објавено дека Албанец од Македонија загинал во Сирија во борбата против власта на претседателот Башар ал-Асад. Младиот гостиварец Расим бил дел од опозициската движење во Сирија Jabha el-nusrah (Фронтот ел-Насри), во кој се борат и доброволци од Бодна и Херцеговина. Расим беше првиот доброволец од Македонија, кој е убиен во Сирија.

Што се однесува до регионот, пак, кон крајот на февруари беше забележан и случајот на 23-годишниот етнички Албанец Мират Ахмети од селото Велики Трновац кај Бујановац, во јужна Србија кој според локалните медиуми загинал во борбите во Сирија. Тој како одличен ученик успеал да се запише на студии по теологија на престижниот исламски универзитет Ал Ажар во египетската престолнина Каиро, а на сириските бунтовници им се придружил заедно со други негови колеги од трета и четврта година на студиите.

Порано медуимите објавија вести за убиени Албанци од Косово, во борбата против режимот на претседателот Башар ал-Асад.

Овие вести оставија сомнение дека во Сирија има и други групи од по десетина Албанци, добро вооружени кои војуваат против Асад во Сирија. Кон средината на мај, телевизијата на Федерацијата на БиХ (FTV) повикувјаќи се на полициските и разузнавачките агенции од Босна и Херцеговина собрале информации дека досега најмалку 52 државјани на оваа земја се бореле на страна на бунтовниците во Сирија, а досега еден од нив загинал.

Според телевизијата, од Сирија досега се вратиле 32 исламистички доброволци од Босна и Херцеговина, а во оваа земја во која повеќе до две години беснее граѓанска војна којашто прерасна во меѓуконфесионален судир останале уште дваесетина босански државјани.

Во Сирија загинал Муаз Шадиќ чиешто семејство живее во околината на Зеница, а тоа го потврдила и неговата мајка која изјавила дека тој во Сирија заминал бидејќи сакал да стане шехид (маченик).

Според информациите на босанските безбедносни служби заминувањето во Сирија го организира селефијската заедница од селото Горња Маоча кај Брчко коешто со години се смета за центар на радикалниот вехабизам и во кое владеат строгите шеријатски закони.

Селефијската заедница привлекува радикални исламисти како што беше и Мевлуд Јашаревиќ од српската област Санџак кој во 2011 година изведе терористички напад врза амбасадата на САД во Сараево.

Сите исламски доброволци од Босна и Херцеговина во Сирија се бореле за Фронтотел-Насри движење коешто се смета за блиско на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. И чии членови изведоа неколку брутални јавни погубувања на припадниците на воените и полициските сили на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад кој потекнува од алавитската заедница (шиитски огранок на исламот) и потоа снимките од овие погубувања ги поставува на интернет.

Сите исламски доброволци од Босна и Херцеговина во Сирија се бореле за Фронтот ал-Насри движење коешто се смета за блиско на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. И чии членови изведоа неколку брутални јавни погубувања на припадниците на воените и полициските сили на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад кој потекнува од алавитската заедница (шиитски огранок на исламот) и потоа снимките од овие погубувања ги поставува на интернет.

Кон крајот на април координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил Декершов изјави за дека најмалку петстотини Европејци се борат на страната на сириската вооружена опозиција против силите на претседателот Башар ал-Асад . Се претпоставува дека повеќето од европските борци во Сирија доаѓаат од Велика Британија, Ирска и Франција. Се стравува дека во Сирија во борбите се вклучени неколку десетици лица од регионот на Балканот.

http://www.hajdpark.mk/ubien-uste-eden-albanec-od-makedonija-vo-sirija/
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
НАУЧНИЦИ ТВРДАТ ДЕКА ГИ ПРОНАШЛЕ „АДАМ“ И „ЕВА“

Група научници тврдат дека го пронашле прататкото на сите денешни мажи, кој живеел пред 135.000 година, објави магазинот „Сајнс“.
Со новите истражувања на машкиот Ипсилон хромозом оваа група научници ги побиваат досегашните теории дека најстариот предок на денешниот човек живеел во периодот од пред 50 до 60 илјади години.
Во заклучоците од истражувањето се наведува дека новооткриениот „Адам“ живеел во истиот период кога и прамајката на сите жени, условно наречена „Ева“, но она што е интересно е тоа дека тие не живееле близу еден до друг и немале директни заеднички потомци.
Досега во научната јавност доминираше становиштето дека предците на современиот човек пред околу 60.000 години тргнале од Африка и почнале да го населуваат целиот свет. Според ова тврдење, прамајката на сите жени потекнувала од источна Африка.
„Адам“ и „Ева“ од истражувањето не се поврзани со истоимените личности од Библијата, туку имињата се искористени на сликовит начин да се посочат како предци на современото човештво.

http://novini.mk/read/260838/nauchnici-tvrdat-deka-gi-pronashle-adam-i-eva
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.811
Вознемирувачко видео: Брутално убиство на курдски војници

06.08.2013 | 13:06
Извор: Tочка
Прочитано: 5051 пати
Испрати на пријател

Зголеми го фонтот

Намали го фонтот



На интернет се појавило вознемирувачко видео во кое што може да се види како припадниците на бунтовничката група Ал-Нурса брутално убавиаат сириски Курди кои најпрво ги полиле со заплива течност, а потоа ги запалиле.

Жртвите биле тројца курдски војници, а Ал-Нурса ужива во поддршката од Ал-Каеда и од западните сили.


Според последните информации, војниците на Ал-Нусра го нападнале регионот Тел Абјад во северниот дел на Сирија, убивајќи вкупно 450 цивили, од кои поголемиот дел биле жени, деца и стари лица.

Борбите помеѓу курдската војска и армијата со поддршка на Ал-Каеда се засилени во последните неколку недели, откако курдските борци, кои што се борат против странските влијанија во Сирија, успеале да го протераат непријателот од неколку стратешки места.


Одборот за Заштита на Курдите ги повикал сите оние "кои се здрави и можат да носат оружје да им се придружат на трупите" во борбата.

Ужасните борби ја пустошат Сирија уште од 2011 година, а според податоците на Обединетите нации, убиени се повеќе од 100.000 луѓе досега, додека околу 7,8 милиони лица избегале од својата татковина во страв од насилството.


Пред да продолжите со разгледувањето на видео содржината, ве предупредуваме дека станува збор за вознемирувачка снимка!


 
Член од
16 јуни 2013
Мислења
436
Поени од реакции
65
МВР демантира постоење на терористи кои се обучуваат во Македонија

http://kajgana.com/mvr-demantira-postoenje-na-teroristi-koi-se-obuchuvaat-vo-makedonija

По веста која ја објави руското радио „Гласот на Русија" во која се тврди дека во Македонија се обучуваат терористи од Балканот подготвени во секое време да извршат самоубиствени напади, МВР се јави со демант.

Текст: Макфакс
Македонија | 07 Август 2013
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Поглаварот на ИВЗ: Поголем наталитет за повеќе муслимани во Македонија
Петок, 09 Август 2013 16:45


Ние сме издигнати доколку живееме и дејствуваме според најголемата, најчистата и најнепокорливата реч, славниот Куран. Едуцирани сме според зборовите на најголемиот воспитувач на човештвото пророкот Мухамед, дека треба наполно да одговориме на верскиот указ и оти треба да го зголемиме наталитетот и опти зголемувањето на бројот на нашите следбеници е дел од зачувувањето на нашата чиста и горда генеза. Муслиманите на овие простори на овој начин си ја зачувувале својата биолошка и верска егзистенција. Ова го истакна поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи во пораката по повод празникот Фитр Бајрам.



Во честитката на албански јазик, поглаварот им порача на верниците да го зголемат наталитетот за да има повеќе муслимани во Македонија. Ова порака не беше упатена на македонски јазик, туку само во обраќањето на албански јазик.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/126120-Poglavarot-na-IVZ-Pogolem-natalitet-za-poveke-muslimani-vo-Makedonija
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:13 ---
Свети Климент Охридски-Вечен заштитник на православните
пред 16 часа

Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела. Свети Климент се упокоил на денешен ден во 916 година.



Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, или во неговата околина, а тоа го поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа Кирил и Методија во нивната мисија (што значи дека најверојатно живеел во нивна близина).

Подоцна, тој учествувал и во преведувањето на светите богослужбени книги од грчки на црквенословенски јазик. Заедно со светите браќа отпатувал во Панонија и Моравија, каде живо учестувал во мислијата за словенска богослужба и словенско Православие. Бил еден од истакнатите учители на младенците од Моравија и Панонија, кои се подготувале за свештеници и ѓакони. По смртта на своите свети учители, под притисок на Германците, а по Божја промисла, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици од Моравија тргнале на југ, како гостин при кнезот Михаил и потоа дошол во охридскиот крај, за да го учи својот народ на божјите вистини. Таму св. Климент прво основал манастир во Белица, кај што му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму развил голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Неуморно одел од село до село, од град до град и на разбирлив народен јазик со своите боговдахновени проповеди го разгонувал мракот од умот и срцата на своите сонародници. Често говорел за тоа дека нема добродетелен христијански живот без чисто верско-догматско учење и дека најчистото догматско учење не е спасоносно ако не е проследено со богоугоден добродетелен живот. Првото го споредувал со слепец кој има раце и нозе, а второто со човек што има раце и нозе, а нема очен вид. Во Охрид Свети Климент му подигнал црква на Свети Пантелејмон.

Бидејќи бил свесен за тоа оти со својот жив говор може да допре само до своите слушатели, а не до целиот народ и генерациите што ќе дојдат по него, тој основал универзитет во Охрид, прв од таков вид не само на Балканот, туку и во целиот тогашен словенски свет. Низ оваа висока просветна богословска институција, во текот на триесет години, поминале околу 3.500 ученици, на кои им биле откриени длабоките вистини на Светото Писмо и на Светото Предание. Никој никогаш не го видел Св. Климент да се одмора, туку напротив – постојано бил зафатен со работа: на едни им ги покажувал буквите, на други им ја држел раката при пишувањето, а на трети им ја објаснувал длабоката смисла на напишаното. Честопати вршел и две работи одеднаш: и деца учел, и книги пишувал. Поголемиот дел од своето време го употребувал за молитва и богомислие. Тој знаел, а и другите постјано ги учел, дека мрзливоста е мајка и учителка на секое зло. Особено настојувал да ја искорени мрзливоста, да ги навикне луѓето на работа, да ги скроти и спитоми жестоките срца, да ги приведе кон покајание и да ги исполни со вистинско знаење за Бога и за блажениот живот на праведниците во царството небесно. Неговиот труд не останал без плод: учениците негови напредувале и во знаење, и во добродетелен живот.

Неговата слава сѐ повеќе растела и гласот за овој голем духовник и проповедник се слушал на далеку. Затоа бил хиротонисан за прв епископ словенски. Тогаш ги зголемил уште повеќе своите грижи и трудови за доброто и душевното спасение на своите духовни чеда. Во неговото житие се вели дека не им давал сон на своите очи, ниту дремка на своите веѓи. Учел и дење и ноќе, утврдувајќи ги верните во вистините на христијанската вера и богоугодие. Се грижел и за телесната храна на сиромашните, вдовиците и сираците. Напишал беседи на сите неделни и празнични денови на прост и јасен јазик, така што секој можел да ги разбере вистините кои ги учел.

Се трудел педесет години во извршувањето на Божјото дело и вршел чуда и за време на земниот живот. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокоил мирно во Охрид, на 9 август 916 година. Господ го прославил со светителски ореол. Неговите земни остатоци станале чудотворни мошти, од кои по Божја благодат се лекуваат низ векови многу телесно и душевно болни кои пристапуваат со вера и љубов. Неговите мошти се чуваат во охридската црква „Свети Климент“ – „Света Богородица“ – Перивлептос во Охрид.

Свети Климент е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Тој е патрон на Македонската Православна Црква, на Македонската Православна Богословија и Богословскиот факултет, како и на голем број просветни и научни институции во нашата земја. На него се посветени и голем број новоизградени цркви и манастири во европските и прекуокеански земји.
Дела

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Свети Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за свети Кирил и Методиј итн. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Пресвета Богородица и слова посветени за настаните од животот на Господ Исус Христос.

http://denesen.mk/web/2013/08/09/sveti-kliment-ohridski-vecen-zastitnik-na-pravoslavnite/
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:15 ---
09 август 2013 - 13:57
Верската толеранција во Дебар е реална

Делегација на Дебарската парохија предводена од свештеникот Благоја Спировски во петокот во Дебарското муфтиштво му го честиташе исламскиот празник Рамазан Бајрам, на муфтијата Рамазан Хаса.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, кој оцени дека верската толеранција во Дебар е реална.

Градоначалникот Лата, кој пред неговиот избор беше муфтија на Дебар, истакна дека Дебарската традиција за верска и етничка толеранција секогаш била на ниво и така треба да се негува и понатаму.

Отецот Благоја Спировски по честитките што ги упати на Муфтијата Хаса, рече дека Дебар е добар пример како треба да се почитува и негова заедништвото на етнички и верски план.

Муфтијата Хаса истакна дека без разлика на верата, нацијата и јазикот сите треба да се почитуваат меѓу себе. Овие големи празници се можност повеќе да имаме почит еден кон други, бидејки по традиција овде односите биле секогаш на ниво.

http://makfax.com.mk/316050/verskata_tolerancija_vo_debar_e_realna
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:16 ---
Празничен обред кај новата црква Св. Параскева во Кавадарци


ФЕНИ Индустри ja гради најубавата црква во Тиквешијата


Црквата Св. Параскева која се уште се гради во Кавадарци ќе биде најубавата црква во Македонија, која ќе привлече голем број верници и за која идните генерации ќе ни бидат благодарни.

Ова го истакна Константинос Даскалакис, генерален директор на ФЕНИ Индустри, кој е најголем покровител на изградбата на оваа црква. Тој имаше обраќање на свечената прослава на верскиот празник Св. Параскева Петка Римјанка, светицата заштитничка на град Кавадарци.
По повод празникот, утрото се одржа света литургија во црквата Св. Димитрија во Кавадарци со која чиноначалствуваше Митрополитот Вардарски Агатангел, а во 11ч. се одржа и свет празничен обред на локацијата на новата црква Св. Параскева во Кавадарци, каде и покрај тоа што црквата се уште не е пуштена во употреба, се насобраа бројни верници.
Новата црква за само три години е веќе во фаза на завршена карабина, а поставен е и иконостасот.

Обраќање имаше и градоначалникот Александар Панов, кој го искажа своето задоволство за остварениот напредок на овој проект кој е заеднички на Општина Кавадарци, Вардарската епархија и бизнис-заедницата на Кавадарци.

На крај се обрати и митрополитот Агатангел, кој исто така задоволен од прогресот на црквата, најави дека сега е на ред фрескоживописот во црквата кој треба да биде во склад со првокласниот квалитетот на досега сработеното во црквата.
Црквата Св. Петка во Кавадарци, е изработена од рачно клесан камен, во византиски стил, типичен за средновековните македонски цркви.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=12FF2850B96C714F84AFC671CE1366FD
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:19 ---
09.08.2013, 16:20

Коптите стравуваат од исламистички напади



Ги обвинуваат дека, наводно, имале улога во уривањето на експретседателот Мухамед Морси

Првиот човек на коптската црква во Египет, папата Тавадрос Втори, го откажал одржувањето на неделните црковни собири поради загриженост околу можните напади врз коптската конгрегација.

Епископот Ангелаос, кој инаку е поглавар на коптската црква во Обединетото Кралство, обелодени дека можни се инциденти особено откако во еден случај, знамето на Ал каеда било покренато на црковен имот, додека уплашените верници се криеле внатре во коптската црква.

Неколку групи за човекови права го критикуваа властите во Египет за неуспехот да ги заштити христијаните.

Од страна на некои исламисти, пак, доаѓаат обвинувања дека Коптската црква го поддржала отстранување на претседателот Мухемед Морси.

Пред две недели, епископот Ангелаос за Би-Би-Си изјави дека тој нема ништо против каква влада ќе го предводи Египет – па дури и таа влада да е исламистичка - се' додека се почитуваат индивидуалните човекови права и се' додека земјата има можност да се развива.

Сега ситуацијата не е таква и лидерот на Коптската црква, папата Тавадрос Втори, беше принуден да откаже некои јавни настани во катедралата „Свети Марко“ во Каиро поради влошување на безбедносната ситуација.

Папата е загрижен за ризик од потенцијални напади врз коптските верници и заедница.

Христијаните во Египет веќе долго време се цел на исламисти, од кои многумина отворено ја обвинуваат црквата дека играла улога во неодамнешното отстранување на претседателот Мохамед Морси.



Морси Ќе се врати, издржете!

Каиро - Сопругата на Мохамед Морси упати порака до илјадниците негови приврзаници да истраат и покрај закани на владата дека ќе ги расчистат протестите.

„Тој (Морси) ќе се врати, со божја волја, изјави Нагла Махмуд при првото појавување во јавноста од воениот удар на 3 јули, со кој беше соборен претседателот Морси.

Нагла се обрати до насобраниот народ пред џамијата Рабах ал-Адавија во каирското предградие Наср Сити, истакнувајќи оти носи „добри вести“.

Египетските медиуми претходно објавија дека армијата на непозната локација ги држи Морси, неговата сопруга и едно од нивните деца. На собирот присуствуваа и децата на Морси, кои апелираа нивниот татко да биде ослободен. (Би-Би-Си)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=BB0FC8C1CC9C27418FBD997904512470
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:26 ---
петок, 09 август 2013, 17:41

Европа
Германија се плаши од прилив на чеченски исламисти
Во Германија, значително се зголемуваат барањата за азил од страна на Чеченци, меѓу кои има и лидери на исламската терористичка група „Кавкаски Емират“, а кои најчесто доаѓаат преку Чешка, објави германскиот весник „Ди велт“, пренесува МИА


Според германските тајни служби, во земјата сега има околу 200 приврзаници на водачот на „Кавкаскиот емират“, Доку Умаров, најбараниот терорист во Русија, кој неодамна се закани со напади при Олимписките игри во рускиот град Сочи.

- Речиси сите врвни претставници на „Кавкаскиот емират“ во Германија дошле неодамна како апликанти за азил, цитира весникот изјава на неименуван службеник на внатрешните тајни служби.

Тој додава дека таквите лица собираат пари и врбуваат борци за војна на Кавказот.

Германските служби алармираат дека е евидентно е зголемен бројот на бегалци од Чеченија од почетокот на годината.

Колку за споредба, ако лани, азил барале 3.200 лица од Руската федерација, од нив Чеченци биле 70 проценти.

Последните шест месеци, има над 10.000 баратели на азил од Русија, а 90 проценти меѓу нив се Чеченци.

Иако главната траса за премин во земјата им е преку Полска, има многу кои доаѓаат и од Чешка, и тоа преку Украина, Молдавија, Романија или Бугарија.

Чешката Служба за безбедност (БИС) не се изјасни конкретно во врска со можното префрлување на чеченски исламисти преку Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

- Доколку добиеме податоци дека на наша територија доаѓа до активности, кои можат да придонесат за загрозување на безбедноста на соседна земја(или некоја членка на ЕУ) можам да ве уверам дека такви информации секогаш неодложно ги предаваме на партнерските разузнавачки служби на одредената земја, вели Јан Шуберт за Чешката информативна агенција, ЧТК.

Загриженоста на Германија се гледа и од предлогот, потенцијално опасните баратели на азил од Чеченија да се сместуваат во специјални објекти кои се под постојан надзор.

Според „Ди Велт“ поради можни напади од страна на чеченски исламисти, изминатите недели неколкупати се сретнале претставници на германските и руските тајни служби и разговарале за можни терористички мрежи од Кавказот, кои можат да се рашират во Германија.

Во мај, руската служба ги информирала своите германски колеги дека дошла до телефонски разговор на исламист од Кавказот во Сирија, во кој шифрирано се зборувало за „операција во Германија“.

Веднаш потоа, Германската тајна служба идентификува 18-годишно момче од Чеченија кое живее во Берлин како можен учесник во акцијата

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=22467
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:34 ---
Крвав Рамазан Бајрам: Убиени 44 лица на гробишта во Пакистан и Авганистан
09. 08.2013 - 09:36:10

Во напади за време на погреб и на гробишта во села на границата меѓу Пакистан и Авганистан животот го загубија 44 лица.

Крвавиот напад се случил вчера иако беше еден од најсветите празници за Муслиманите.

Најтрагично било во пакистанскиот град Кјета, кога бомбаш-самоубиец активирал експлозивна направа за време на погреб на полицаец кој бил убиен неколку часа пред тоа. Во нападот загинале најмалку 30 лица.

На другата страна од границата, на гробишта во провинција Нангархар, додека оддавале почит на мртвите, 14 жени и деца биле убиени од силна експлозија.

http://www.netpress.com.mk/m/vest.asp?id=135078&kategorija=6
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:37 ---
9. август 2013 - 16:42
Радикалниот ислам се шири на балканот

http://sitel.com.mk/mk/radikalniot-islam-se-shiri-na-balkanot-0

Се шири радикалниот ислам на Балканот. Се отвараат се поголем број на центри и институти во Регионот во кои се школуваат идните терористи. Најголем број од нив се сместени во Албанија, а се финансирани од Саудиска Арабија и Кувајт.


Во институтите и центрите се школуваат верници со вахабистички идеолошки убедувања не само од Албанија, туку и од Босна, Косово и Македонија. Потоа одбрани ученици се праќаат на доусовршување во Арабија, Сирија, Пакистан, Јемен и Египет. Овие организации с епредмет и на истражување на албанските и европските разузнавачки служби, пред се на аиталијанските и германските.

Познавачите на безбедносните ситуации во регионот обајснуваат дека сите центри и институти имаат свои училишта и дека во нив с еизучува Куранот на Арапски јазик.

Продирањето на исламските хуманитарни организации, кои често се и еден вид на центар за ширање на радикалниот ислам, во Албанија почна во 1990- та.Некои од нив се официјално регистрирани, но сепак во Албанија има и такви кои дејствуваат без дозвола за работење.

Заедничкото им е тоа што лиферуваат „кадри“ кои претставуваат закана за Европа и светот.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Полициски час по смртоносните протести во Кашмир

10.08.2013
Индиски војници со предупредувачки истрели го спроведуваат полицискиoт час во Кашмир каде во судири меѓу муслиманите и хиндусите загинаа најмалку две лица. Насилството изби во петокот во Киштвар, град на околу 200 километри североисточно од главниот град на провинцијата Сринагар, по молитвите за одбележување на муслиманскиот празник Рамазан. Ривалските муслимански и Хинду групи се судрија, затоа што хиндусите се противат на тоа што муслиманите извикувале слодани за независност.

Полициските власти тврдат дека еден муслиман бил изгорена до смрт и еден припадник на хинду групата бил убиен во вчерашните судири, а 24 лица биле повредени. Антииндиското расположение во Камир кадешто мнозинството се муслимани често се манифестира преку протести против припадниците на паравоените и полициските сили. Неколку бунтовнички групи се борат против индиската власт од 1989 година. Повеќе од 68 илјади луѓе, претежно цивили, се убиени во судирите.

http://www.makdenes.org/archive/news/20130810/428/428.html?id=25071576
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Ова може да ги збуни демо-христијаните (ВМРО-ДПМНЕ)!
Ако може да му се верува на Бозвел, кој бил католички историчар и професор на познатиот универзитет Јејл, грчките православни свештеници во X и XI век ги благослвовувале „истополовите заедници“, што денес православната црква остро го демантира, спомнувајќи го изразот „збратимување“.
Американскиот историчар особено посочува на икона која била донесена од Синај, која денес се наоѓа во музеј на уметноста во Киев, а која покажува обред на „склопување брак“ меѓу двајца светци од IV век, Свети Сергеј и Свети Бахус.
На иконата е прикажан и Исус Христос, најверојатно во улога на „старосват“ или „пронубус“. Бозвел во книгата тврди дека таквите заедници биле благословувани низ цела Европа сѐ до современо доба.
Според францускиот неделник Нувел опсерватер, во Франција постоеле таканаречени договори за збратимување, со кои двајца мажи влегувале во заедница, ветувајќи еден на друг дека заедно ќе ги делат „лебот, виното и креветот“.

Извор
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Убавините на религијата:
ВИДЕО: Муслиманското братство организирано ја пали црквата Св. Ѓорѓи, христијаните ја бранат

Приврзаниците на Муслиманското братство во Египет предизвикаа вистинска тортура врз коптските христијани и црквите ширум земјата.


Исламските подржувачи на соборениот претседател на Египет, Мохамед Морси во средата започнаа со подметнување на пожари и напади на цркви, што резултираше со уништување на најмалку три храма. Меѓу опожарените цркви е и онаа во градот Сохаг, „Св. Ѓорѓи".
Египетската државна новинска агенција Мена извести за напади врз три цркви, вклучувајќи и уништување на споменатата црква. АФП објави дека напаѓачите фрлат молотови коктели врз „Св. Ѓорѓи“ во градот Сохаг, кој има голема коптска заедница на западниот брег на Нил.

 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452


Овој кордон го направиле припадници на муслиманските браќа. Ова е жив штит за да се запрат палењата на верските храмови од страна на воениот режим и останатата шејтанска гарнитура.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614


Овој кордон го направиле припадници на муслиманските браќа. Ова е жив штит за да се запрат палењата на верските храмови од страна на воениот режим и останатата шејтанска гарнитура.
Фотошоп е.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Почеток на нова религиска војна?



Терор: Список на 45 запалени цркви последниве 24 часа
Четврток, 15 Август 2013 23:33

Исламските подржувачи на соборениот претседател на Египет, Мохамед Морси започнаа со подметнување на пожари и напади на цркви во Египет. Според информациите кои се пласираат, само во последните 24 часа се запалени дури 45 цркви.


Инцидентите за палење на цркви и напади врз христијански институции, се шират преку информации на социјалните мрежи од коптски лидери и организации кои одблиску ја следат појавата на анти-христијанското насилство.

Ова е списокот на 45-те запалени цркви во последните 24 часа од страна на Муслиманското братство

Alexandria

Father Maximus Church
Arish

St George Church | Burned | Source
Assiut

Good Shepherds Monastery | Nuns attacked
Angel Michael Church | Surrounded
St George Coptic Orthodox Church | Photo, Photo, Photo,YouTube
Al-Eslah Church| Burned | Source
Adventist Church | Pastor and his wife kidnapped | Photo
St Therese Church | Photo
Apostles Church | Burning | Source
Holy Revival Church | Burning | Source
Beni Suef

The Nuns School | Photo
St George Church | al-Wasta
Cairo

St Fatima Basilica | Heliopolis | Attempted Attack
Fayoum (Five churches)
St Mary Church | El Nazlah | Gallery
St Damiana Church | Robbed and burned
Amir Tawadros (St Theodore) Church
Evangelical Church | al-Zorby Village | Looting and destruction
Church of Joseph | Burned | Source
Franciscan School | Burned | Source
Gharbiya

Diocese of St Paul | Burned | Source
Giza

Father Antonios
Atfeeh Bishopric
Minya (Around twelve churches)
Church of the Virgin Mary and Father Abram | Delga, Deir Mawas | Source
St Mina Church | Abu Hilal Kebly, Beni Hilal | Source, photo
Baptist Church | Beni Mazar | Source
Deir Mawas Bishopric
Delga Church | Attacked (Previously attacked with fire)
The Jesuit Fathers Church | Abu Hilal district
St Mark Church | Abu Hilal district
St Joseph Nunnery | Photo, photo
Amir Tadros Church | Photo, photo, photo, album
Evangelical Church | Photo
Anba Moussa al-Aswad Church
Apostles Church | Source
Qena

St Mary’s Church | Attempted Burning
Sohag

St George Church |Photo album, photo, photo, video, source, source
St Damiana | Attacked and burned | Source
Virgin Mary | Attacked and burned | Source
St Mark Church & Community Center
Anba Abram Church | Destroyed and burned | Source
Suez

St Saviours Anglican Church | Source
Franciscan Church and School | Street 23 | Burned |Photo, photo, source/photos, photos
Holy Shepherd Monastery and Hospital | Photo
Good Shepherd Church (molotov cocktail thrown)- Relationship with Holy Shepherd Monastery unknown.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Не е фотошоп туку е само обратно од напишаното во постот над твојот.
Приврзаниците на армијата и секуларноста ги заштитуваат црквите од муслиманското братство. Најверојатно типот има некоја происламска агенда, па се обидува да ги врти информациите во негова корист.
Муслиманското братство долго време беше забрането во Египет поради нивните радикални ставови, кои вклучуваа борба за воведување на шеријат, напади врз немуслиманите и останати нeприфатливи за денешно време активности.

CAIRO (AFP) – Supporters of deposed Islamist president Mohamed Morsi torched three churches in central Egypt on Wednesday in reprisal attacks as police dispersed demonstrations in Cairo, reports said.

Read more: http://www.foxnews.com/world/2013/08/14/morsi-supporters-torch-three-churches-in-egypt/#ixzz2cAGyJ3vY


Борбата во моментов во Египет е борба во која народот треба да избере дали сака да оди напред кон просперитетна секуларна иднина или сака да живее ко европјаните што живеле за време на инквизицијата.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не е фотошоп туку е само обратно од напишаното во постот над твојот.
Приврзаниците на армијата и секуларноста ги заштитуваат црквите од муслиманското братство. Најверојатно типот има некоја происламска агенда, па се обидува да ги врти информациите во негова корист.
Муслиманското братство долго време беше забрането во Египет поради нивните радикални ставови, кои вклучуваа борба за воведување на шеријат, напади врз немуслиманите и останати нeприфатливи за денешно време активности.

CAIRO (AFP) – Supporters of deposed Islamist president Mohamed Morsi torched three churches in central Egypt on Wednesday in reprisal attacks as police dispersed demonstrations in Cairo, reports said.

Read more: http://www.foxnews.com/world/2013/08/14/morsi-supporters-torch-three-churches-in-egypt/#ixzz2cAGyJ3vY

Борбата во моментов во Египет е борба во која народот треба да избере дали сака да оди напред кон просперитетна секуларна иднина или сака да живее ко европјаните што живеле за време на инквизицијата.

Типот има ептен исламска агенда. Пропагира на секој чекор ислам и шеријат.

Секако дека борбата е токму како што ти ја наведе.

Шеријатот е полош и од инквизицијата.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226



СВЕТ | 16. АВГУСТ 2013 - 8:46
Вооружен маж со автомобил упаднал во центарот на Исламабад и барал воведување на шеријат
Вооружен маж, со својот автомобил синоќа се протнал во строго обезбедуваниот центар на Исламабад, запрел во близина на претседателската палата и пукал во воздух, барајќи воведување на исламска управа во Пакистан, пренесоа светските агенции.
Тој на неколкуте полицајци кои зазеле позиции околу палатата им изјавил дека бара владата да биде соборена и без контрола пукал во воздух.
- Јас сум против вулгарност и неморал. Моите истомисленици зазедоа позиции низ цел Пакистан, изјави неидентификуваниот маж за локалната телевизија.
Стотици минувачи се насобраа на централниот булевар „Џинах“, а од местото на инцидентот периодично се слушаа истрели.
Надреалистичната сцена во живо се пренесува на телевизија.
Црниот автомобил е запрен на средина од булеварот, а во него освен вооружениот маж се наоѓаат уште и неговата сопруга и двете негови деца.
И покрај тоа што очигледно дејствува сам и изгледа збунет при изнесувањето на своите барања, останува нејасно како овој човек со најмалку две автоматски огнострелни орудија успеал да се протне преку мноштвото контролни пунктови, да го парализира центарот на градот и да им се спротивстави на полицајците и единиците за борба со тероризмот.
--- надополнето: 16 август 2013 во 23:47 ---
Петок, 16 Август 2013 16:00

Десетгодишната Џесика Булус беше убиена во вторникот во Каиро откако присуствуваше на час по веронаука. Нејзиното убиство е уште еден пример за теророт кој приврзаниците на Мохамед Морси го вршат врз коптските христијани во Египет.


Вујко на девојчето, кое беше убиено при одење дома од час по веронаука, со нејзиниот инструктор, вели дека нејзиното семејство е уништено по убиството.
-Јас едноставно не можам да поверувам дека ја нема. Таа беше толку слатка мала девојка. Таа ми беше како ќерка, изјавил вујкото Nasr Allah Zakaria.

Активисти за борба за човекови права велат дека девојчето било убиено кога, враќајќи се од училиштето застанало пред еден дуќан. Според сведоци, била застрелана со еден куршум, во градите. Нејзиниот вујко не бил сигурен дали пукањето е поврзано со религија, а никој не ја презеде одговорноста за убиството.

Коптските христијани жалат за убиството на четворица христијани во катедралата во Каиро




http://kurir.mk/svet/vesti/126904-Islamistite-zapalija-hristijansko-uciliste-ubieno-10-godisno-devojce
 

Kajgana Shop

На врв Bottom