Деца во двојазични средини

  • Креатор на темата Креатор на темата nene88
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Локација
Skopje
Во последно време има многу бракови помеѓу маж и жена од различни земји, или ситуации кадешто родителите се од една земја, а живеат и работат во друга. Мислите ли дека децата од најрана возраст можат да научат два јазика и и двата да ги владеат како мајчин јазик? Или двата родители треба да се одредат за еден јазик, најчесто оној кадешто живеат.
Познавате ли вакви случаи, или вие сте во ваква ситуација?
 
Можат ама е малку понапорно за родителите па некои од комоција го занемаруваат својот јазик и го превземаат тој од средината. Дете може да научи и повеќе јазици но треба малку екстра ангажман од родителите да се пребродат првите месеци кога некои деца даваат отпор на еден од јазиците.
 
Можат ,во комшии кај една другарка има едно детенце каде мајкаму е Македонка ,татко му Турчин и баба влав ,па детенцево кое има 3 год. ги збори перфектно и Македонски и Турски па дури и Влашки
 
Јас се замислив на темава затоа што сакам на моето дете да му зборувам на руски, ама сите ме предомислуваат. Плус знам случај на татко македонец, мајка русинка, живеат во Америка. Детето не одговара на македонски на никого, освен на тетин му. Англиски зборува најчисто, а има и неколку гласови од сите јазици кои не може да ги изговори. Иако, според мене, кај него проблемот е тоа што таткото му зборува на руски, а едвај го знае јазикот :/
 
Не се мисли многу уште од малечко да го научиш да зборува на Руски да си го знае како мајчин јазик ,според мене штета би било дете да не го научи родителот на својот мајчин јазик да зборува уште од малечко,тоа е како да имаш приватен учител за јазик а да не го искористиш,колку јазици знае толку подобро. Сепак се до родителите колку сакаат да се потрудат околу детето ,иначе децата брзо учат јазици како мали .
 
Во последно време има многу бракови помеѓу маж и жена од различни земји, или ситуации кадешто родителите се од една земја, а живеат и работат во друга. Мислите ли дека децата од најрана возраст можат да научат два јазика и и двата да ги владеат како мајчин јазик? Или двата родители треба да се одредат за еден јазик, најчесто оној кадешто живеат.
Познавате ли вакви случаи, или вие сте во ваква ситуација?

Познавам многу такви парови и детето нема никакви поблеми да зборува три различни јазика: јазикот на мајката, на таткото и јазикот во земјата каде што живеат.

Ти си Русинка?
 
Јас се замислив на темава затоа што сакам на моето дете да му зборувам на руски, ама сите ме предомислуваат. Плус знам случај на татко македонец, мајка русинка, живеат во Америка. Детето не одговара на македонски на никого, освен на тетин му. Англиски зборува најчисто, а има и неколку гласови од сите јазици кои не може да ги изговори. Иако, според мене, кај него проблемот е тоа што таткото му зборува на руски, а едвај го знае јазикот :/

Па очигледно треба да смениш пријатели.
На детето научи го Македонски, Руски и уште три четири јазици и ич уво да не те боли.
Од учење нема да му се слоши.
Еве јас зборувам и пишувам три јазици течно и еден да речам колку да се разберам па ништо не ми е.

П.С Само немој да го форсираш со сила убавина не бидува.
 
--- надополнето: 15 август 2013 во 16:26 ---
.

Ти си Русинка?

Четврт :) Родена сум овде. Рускиот го научив кога пораснав ( моите сметале дека нема да има потреба да го учам, и баба ми само по некоја песничка ми пеела ) Додуша и мајка ми и тетка ми не го зборуваат, само го разбираат. АМА, јас си го научив совршено и го употребувам секојдневно.
smihajlo не планирам за ништо да форсирам. Јас сакам од самото негово раѓање да му зборувам на руски, а потоа самото ќе си одлучи дали ќе го употребува и ќе се дошколува на тој јазик или не :)
 
Јас се замислив на темава затоа што сакам на моето дете да му зборувам на руски, ама сите ме предомислуваат. Плус знам случај на татко македонец, мајка русинка, живеат во Америка. Детето не одговара на македонски на никого, освен на тетин му. Англиски зборува најчисто, а има и неколку гласови од сите јазици кои не може да ги изговори. Иако, според мене, кај него проблемот е тоа што таткото му зборува на руски, а едвај го знае јазикот :/

Обично така и се случува децата да го зборат подобро јазикот на мајката.
Јас да не пројдев како мал еден период во Хрватска и понатаму да продолжам да читам работи само на хрватски жими такво што ќе го знаев јазикот како што го знам сега.
Брат ми немал такво искуство да помине како мал некој период меѓу хрвати и многу слабо го знае јазикот и тоа е само затоа што е сличен со македонскиот.
 
Слободно форсирајте ги децата кои имаат можност да научат повеке јазици , тоа за нив не е нарочито тешко !
Единствено од многу мала возраст препорачливо е освен јазикот кој го зборува мајката , другите јазици да бидат не од сите извори од еднаш туку да се труди да збори со него на втор, трет ... јазик оној на кого му е тој јазик мајчин јазик ( рецимо бабата руски ако е русинка ...).
Ова од причина на почеток да не направи детето микс!
 
Јас знам случај ваков тука в комшии,веќе 10 години се во Германија еден млад пар и имаат 7 годишен син,па во Германија му зборуваат македонски по дома,а надвор во опкружувањето тоа си зборува германски.И кога дојде овде,македонскиот го зборува на германски акцент и звучи како некоја патка очајна за помош ;D
 
Обично така и се случува децата да го зборат подобро јазикот на мајката.
Јас да не пројдев како мал еден период во Хрватска и понатаму да продолжам да читам работи само на хрватски жими такво што ќе го знаев јазикот како што го знам сега.
Брат ми немал такво искуство да помине како мал некој период меѓу хрвати и многу слабо го знае јазикот и тоа е само затоа што е сличен со македонскиот.

Иста ситуација и кај мене, со таа разлика што татко ми е Македонец, ако добро те разбрав што сакаше да кажеш.
Инаку, од таму негдека на свои 12 години почнав повеќе да одам и да останувам преку лето во Хрватска и тоа доста ми помогна и плус надоградување дома прво преку кабловска тв, подоцна и интернет. Пред тоа исто така го разбирав хрватскиот, ама преку песни и не знаев да го разликувам од српскиот.
--- надополнето: 15 август 2013 во 20:58 ---
Слободно форсирајте ги децата кои имаат можност да научат повеке јазици , тоа за нив не е нарочито тешко !
Единствено од многу мала возраст препорачливо е освен јазикот кој го зборува мајката , другите јазици да бидат не од сите извори од еднаш туку да се труди да збори со него на втор, трет ... јазик оној на кого му е тој јазик мајчин јазик ( рецимо бабата руски ако е русинка ...).
Ова од причина на почеток да не направи детето микс!

Дедо ми да бил жив уште некое време, ќе ме научел веројатно германски, ама ете судбина...
 
„Чоеко, колку појче јазици знај, толку појче лујџе вреди“ - Марко Цепенков
А јазици најдобро се учат на малост
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom