Во последно време има многу бракови помеѓу маж и жена од различни земји, или ситуации кадешто родителите се од една земја, а живеат и работат во друга. Мислите ли дека децата од најрана возраст можат да научат два јазика и и двата да ги владеат како мајчин јазик? Или двата родители треба да се одредат за еден јазик, најчесто оној кадешто живеат.
Познавате ли вакви случаи, или вие сте во ваква ситуација?
Познавате ли вакви случаи, или вие сте во ваква ситуација?
Родена сум овде. Рускиот го научив кога пораснав ( моите сметале дека нема да има потреба да го учам, и баба ми само по некоја песничка ми пеела ) Додуша и мајка ми и тетка ми не го зборуваат, само го разбираат. АМА, јас си го научив совршено и го употребувам секојдневно.