До оние вистинските натпревари имаме скоро еден месец. Прво коло од СЕХА лига со Металург што и не ни е баш битно во моментов е на 7ми септември, а натпреварот со Барселона треба да се одигра меѓу 18ти и 22ри септември. Претходно имаме турнир во Белорусија, имаме турнир во Франција (во група сме со ПСЖ и Арагон). Нашиот денешен противник Констанца веќе во август игра квалификации за ЛШ. Значи по некој логика, тие треба да се влезени во понапреден дел од подготвителниот период од нас.
Факт е дека се уште немаме оформено игра, но имаме неверојатни индивидуалци кои го направија пресвртот денес. Делуваше неверојатно лесно да се вратиме од -5, и на крајот да имаме цели +7. Иако комотно можевме да имаме и +10. Материјал има, само треба да се избруси. Е тогаш, кога ќе се уиграат играчиве, нема ни да дискутираме за "патриотите" (ги ѕирнав последните муабети на нивниот форум) од Автокоманда. Или од Велес, од кај ли беа? Тогаш едноставно, ќе си газиме.
Што се однесува до играчите, петорката која ја донесе денешната победа според мене беше:
- Даскаловски - со своите 20 факинг одбрани тотално ги откажа.. кога и да се посомневаа дека ќе се вратат он им фаќаше шут. Негова најдобра утакмица откако се врати од Ловќен. Му посакувам уште многу вакви.
- Растворцев - животиња. Ги уби, буквално. Ми се чини дека кога ќе тргнеше на шут, не постоеше човек што можеше да го сопре.
- Дибиров - многу нервозно прво полувреме и одлично второ. Оние шутевите под блокот - неодбранливи.
- Душебаев - има многу материјал у детево. Се гледаше дека е за класа подобар од останатите. Одлични додавања, неверојатно брз, кога ќе шутне - дава гол.
- Брумен - немав многу информации, ама со она што го прикажа денес мириса на одлично засилување. Без промашување.
Пикерите изиграа солидно, мислам дека Тоскиќ денес пружи најдобра партија од тројцата. Столе играше во период во кој баш ништо не ни одеше од рака, Чипурин во период кога земавме залет, а Тоскиќ во период кога газевме, па можда тоа е причината за мојата констатација.
Крилата (Марковиќ и Раковиќ) гризат кога имаат вакви конкуренти на истата позиција. Изиграа неполни 10тина минути, а и двајцата постигнаа по два-три гола. Абутовиќ покрај одбрана, во неколку наврати заигра и напад. И збрца добар гол. Карачиќ се уште ја бара формата од лани. Добар во асистенциите, реализацијата за разлика од минатата сезона мнооогу послаба. Прибак и Петриќ исто така не се на ниво од лани. Лазаров само се појави на теренот, Драгаш воопшто и не влезе. Милиќ и Чаневски не фатија ништо.
Кастратовиќ. Прв "контакт" со новиот тренер. Сосема различен пристап од Вујо, особено по темпераментот. Сепак, ми делува дека човеков го знае ракометот. Можеби не е доктор по ракомет, ама не е ни бос. Кога викаше тајмаут, знаеше што бара од екипата и знаеше како да им го каже тоа. Се надевам дека и во битните утакмици ќе не убеди дека е така.