Може. Еве мојот одговор е следниов: Не знам на кој начин ангелите се материјализираат. Едноставно начинот не ми е познат, не е опишан во Библијата, ниту е во дометот на научниот метод, ниту сум имал лично прилика да видам ангел како се материјализира и да го прашам како го прави тоа.
Е ми, од кај Ти текна дека ангелите се материјализирале, како што самиот велиш во свој претходен пост, а сега велиш дека не знаеш како се материјализирале, ама сепак се материјализирале?...
Еве го одговорот на прашањето, иако веќе го посочив: на ангелите, како духовни и нематеријални битија, не им е потребна материјална храна, т.е. леб. Ангелите немаат материјално тело, не се подложни на физичките закони од материјалниов и створен Свет, не јадат, не пијат, не спијат, не се уморуваат, немаат похоти и страсти, не стареат, не умираат...
--- надополнето: 15 август 2013 во 00:50 ---
Јас од последниве неколку страни научив дека не постои научен доказ дека ангелите се материјализираат, дека можеби и не се материјализираат, и дека најверојатно не доаѓаат у контакт со луѓе.
Научив и тоа дека духот не јаде леб, а можеби и јаде, зависи.
Се прашувам, како да ги искористам овие новодознаени вистини во мојот живот?
Тоа се вистините од верата, не вистините од науката. Начелно, верните се должни да ја засилуваат и зацврстуваат својата вера (во Бога) а еден од начините како да се постигне претходно напишаното, е токму подлабокоот (за)познавање на верата која верникот ја исповеда.
„Корист„ од знаењето дека ангелите се нематеријални и немаат потреба од храна можеби и немаш во баналното и еднодимензионално секојдневно живеење, но во живеењето во и според верата, и тоа знаење е битно, оти од кај знаеш дека во текот од животот нема да Те посети ангел Господов а Ти не си го препознал?
--- надополнето: 15 август 2013 во 00:57 ---
прочитав поголем дел од книгата што ја препорача пред некој ден.
Што знам, немам коментар. Интересни искуства.
Не би се осмелил да кажам дека се невистинити.
Ме закопка едно нешто. Кога сите споменувале зелени ливади, порта, светлина, некои дури и човек до нив, на крај носат заклучок дека е тоа рајот, човекот е Исус и слично.
Субјективен ли е заклучокот? Или некој објективно го потврдува тоа?
Можно ли е да е грешка, и да е нешто друго тоа?
Заклучокот и е‘ и не е субејктивен: ако е само субјективен, тогаш оној кој имал вонтелесно искуство, може да се измами самиот себе. Заклучокот е субјективен и затоа што релацијата помеѓу Творецот и творението навистина е субјективна (тоа е прилика кога душата (не телото!) од субјектот Го препознала својот Творец), а не „научно„ измерлива категорија. Заклучокот е и објективен, затоа што е потврден со искуствата од Црквата, која е водена од Духот Свет а не од духот од овој Свет.
Просто кажано, кога душата човекова ќе се сретне со Бога, има поинакво дожививање (доживува радост и веселба) отколку кога душата ќе се сретне со демонот, кога душата доживува страв и без видлива причина.