Прашање за Христијанството III

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Мене не ми е јасно што ќе им се крилја кога мики ги гледа со НЛО се возат или за овие нема НЛО па мора да летаат ?

Тоа со мики објасни се околу делот со НЛО. Инаку јас не знам зошто ангелите имаат крилја и дали тие им се неопходни за движење низ воздухот. Како што кажав во Библијата се среќаваат и ангели без крилја, кои исто така имаат натприродни моќи. Едни такви ангели (кои што изгледале како обични луѓе) испуштиле силон блесок на светлина со кој што ослепиле голема група на луѓе.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362

Не разбирам за што се ангелите , ако бог го создал светот за 6-7 дена што ќе му се ангели кога може све да заврши сам .Ќе пушти само multitask и нема гајле. Фактички доаѓа дека бог ги користи другите за негови цели.
 
Епа Бог не создава од потреба. Бог нема потреба ни од нас, па ете не создал. Јас не би избрзувал со заклучоци за работите кои што не ги знам. Ако имаме шанса некој ден, ќе го прашаме. Ако не, ќе се научиме да живееме со нецелосно задоволена љубопитност.
 
Ако нема потреба од нас што не создал нас ? Зашто јас не ограбувам банки и луѓе ако немам потреба ?(Од тука доаѓа дека и ние сме некоја потреба само не знаеме за што служиме ).Или бог обожава да гледа ФИФА па не создал да гледа може и спортска уплаќа.
 
Ок, штом ја заврте на шала работава, бидејќи јас не се шалам со овие работи, ќе се повлечам и ќе те оставам да си ја продолжиш дискусијата со другите. Мило ми е што си поразговаравме, те оставам со аманет да размислиш дали се што се прави мора да биде направено од некоја потреба, дали ти се правиш од потреба, дали стекнуваш пријателства од потреба итн. Поздрав.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Оти на Груевски Бог не му пренел решение за спорот со името ?
На погрешно прашање, се дава погрешен одговор...
--- надополнето: 14 август 2013 во 22:17 ---
Дали може духот да јаде леб?
Чорба,

ваквија протестантски „доскочици„ поставувај на друго место, а мене ме занима одговорот на прашањето кое го доби од мене...
--- надополнето: 14 август 2013 во 22:19 ---
Тука ќе се роди завист помеѓу луѓето за нееднаквоста на бога ,има некој критериум што се исполнува за да добиеш абер ? Никогаш и никаде не сум прочитал критериуми за да ти се јави бог .
khz,

уште многу нешта немаш прочитано, така да не аздисуј поред време.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
На погрешно прашање, се дава погрешен одговор...
--- надополнето: 14 август 2013 во 22:17 ---

Чорба,

ваквија протестантски „доскочици„ поставувај на друго место, а мене ме занима одговорот на прашањето кое го доби од мене...
--- надополнето: 14 август 2013 во 22:19 ---

khz,

уште многу нешта немаш прочитано, така да не аздисуј поред време.
Па добро ти дека ги знаеш сите работи те прашувам кои се критериумите за кои поединци добиваат вести , а ние не ај објасни .Да не има и конкурс да се пријавиме може сме кадарни да примаме и ние вести .
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорба,

ваквија протестантски „доскочици„ поставувај на друго место, а мене ме занима одговорот на прашањето кое го доби од мене...
Нема ништо „протестантско“ во едноставното прашање „Дали може духот да јаде леб“ и е сосема поврзано со твоето прашање. Ок, бидејќи знам дека си тактичар и највештиот тука во избегнување на одговори (особено кога некој ќе те фати во противречност или ќорсокак), тогаш ќе те прашам вака;
Дали ако јас ти одговорам на твоето прашаење, ти ќе ми одговориш на моето? :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема ништо „протестантско“ во едноставното прашање „Дали може духот да јаде леб“ и е сосема поврзано со твоето прашање. Ок, бидејќи знам дека си тактичар и највештиот тука во избегнување на одговори (особено кога некој ќе те фати во противречност или ќорсокак), тогаш ќе те прашам вака;
Дали ако јас ти одговорам на твоето прашаење, ти ќе ми одговориш на моето? :)
Самото прашање не е протестантско, туку е крајно наивно и детинесто, во стилот „Дали Бог може да направи камен доволно голем, со кој ќе може сам себе да се поклопи?„

Прашањето во својот дух е протетсанска „доскочица„, т.е. досетка, во стилот: „Ама го зезнав„.

Не избегнувам никакви одговори, туку напротив, пишувам соодветни одговори, за разлика од Тебе, кој на секое мое прашање „Како се прави запишаното во Библијата?„,остануваш без текст и се вадиш во стилот „Прашањето не било соодветно на насловот од темата„.

Во ред: одговори на прашањето за начинот на кој ангелите се материјализираат, а јас ќе одговорам на наивното прашање дали духот, кој е е нематеријален, има потреба од материјална храна, т.е. леб.

Може?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во ред: одговори на прашањето за начинот на кој ангелите се материјализираат, а јас ќе одговорам на наивното прашање дали духот, кој е е нематеријален, има потреба од материјална храна, т.е. леб.

Може?

Може. Еве мојот одговор е следниов: Не знам на кој начин ангелите се материјализираат. Едноставно начинот не ми е познат, не е опишан во Библијата, ниту е во дометот на научниот метод, ниту сум имал лично прилика да видам ангел како се материјализира и да го прашам како го прави тоа.

Ајде сега ти одговори ми на прашањето што ти го поставив: Дали може духот да јаде леб?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јас од последниве неколку страни научив дека не постои научен доказ дека ангелите се материјализираат, дека можеби и не се материјализираат, и дека најверојатно не доаѓаат у контакт со луѓе.

Научив и тоа дека духот не јаде леб, а можеби и јаде, зависи.

Се прашувам, како да ги искористам овие новодознаени вистини во мојот живот?
--- надополнето: 15 август 2013 во 00:28 ---
MIKI1 прочитав поголем дел од книгата што ја препорача пред некој ден.

Што знам, немам коментар. Интересни искуства.

Не би се осмелил да кажам дека се невистинити.

Ме закопка едно нешто. Кога сите споменувале зелени ливади, порта, светлина, некои дури и човек до нив, на крај носат заклучок дека е тоа рајот, човекот е Исус и слично.

Субјективен ли е заклучокот? Или некој објективно го потврдува тоа?

Можно ли е да е грешка, и да е нешто друго тоа?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Може. Еве мојот одговор е следниов: Не знам на кој начин ангелите се материјализираат. Едноставно начинот не ми е познат, не е опишан во Библијата, ниту е во дометот на научниот метод, ниту сум имал лично прилика да видам ангел како се материјализира и да го прашам како го прави тоа.
Е ми, од кај Ти текна дека ангелите се материјализирале, како што самиот велиш во свој претходен пост, а сега велиш дека не знаеш како се материјализирале, ама сепак се материјализирале?...

Еве го одговорот на прашањето, иако веќе го посочив: на ангелите, како духовни и нематеријални битија, не им е потребна материјална храна, т.е. леб. Ангелите немаат материјално тело, не се подложни на физичките закони од материјалниов и створен Свет, не јадат, не пијат, не спијат, не се уморуваат, немаат похоти и страсти, не стареат, не умираат...
--- надополнето: 15 август 2013 во 00:50 ---
Јас од последниве неколку страни научив дека не постои научен доказ дека ангелите се материјализираат, дека можеби и не се материјализираат, и дека најверојатно не доаѓаат у контакт со луѓе.

Научив и тоа дека духот не јаде леб, а можеби и јаде, зависи.

Се прашувам, како да ги искористам овие новодознаени вистини во мојот живот?
Тоа се вистините од верата, не вистините од науката. Начелно, верните се должни да ја засилуваат и зацврстуваат својата вера (во Бога) а еден од начините како да се постигне претходно напишаното, е токму подлабокоот (за)познавање на верата која верникот ја исповеда.

„Корист„ од знаењето дека ангелите се нематеријални и немаат потреба од храна можеби и немаш во баналното и еднодимензионално секојдневно живеење, но во живеењето во и според верата, и тоа знаење е битно, оти од кај знаеш дека во текот од животот нема да Те посети ангел Господов а Ти не си го препознал?
--- надополнето: 15 август 2013 во 00:57 ---
прочитав поголем дел од книгата што ја препорача пред некој ден.

Што знам, немам коментар. Интересни искуства.

Не би се осмелил да кажам дека се невистинити.

Ме закопка едно нешто. Кога сите споменувале зелени ливади, порта, светлина, некои дури и човек до нив, на крај носат заклучок дека е тоа рајот, човекот е Исус и слично.

Субјективен ли е заклучокот? Или некој објективно го потврдува тоа?

Можно ли е да е грешка, и да е нешто друго тоа?
Заклучокот и е‘ и не е субејктивен: ако е само субјективен, тогаш оној кој имал вонтелесно искуство, може да се измами самиот себе. Заклучокот е субјективен и затоа што релацијата помеѓу Творецот и творението навистина е субјективна (тоа е прилика кога душата (не телото!) од субјектот Го препознала својот Творец), а не „научно„ измерлива категорија. Заклучокот е и објективен, затоа што е потврден со искуствата од Црквата, која е водена од Духот Свет а не од духот од овој Свет.

Просто кажано, кога душата човекова ќе се сретне со Бога, има поинакво дожививање (доживува радост и веселба) отколку кога душата ќе се сретне со демонот, кога душата доживува страв и без видлива причина.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Е ми, од кај Ти текна дека ангелите се материјализирале, како што самиот велиш во свој претходен пост, а сега велиш дека не знаеш како се материјализирале, ама сепак се материјализирале?...
Не ми текна, ниту св. Ѓорѓија ми го кажа тоа на сон, туку така тврди Библијата во која што јас верувам. Инаку тоа што јас не го знам начинот на кој што тие се материјализираат, тоа не го тангира нивното материјализирање. Јас не знам ни како Бог ги создавал ѕвездите, па ете ги, светат и постојат.

Еве го одговорот на прашањето, иако веќе го посочив: на ангелите, како духовни и нематеријални битија, не им е потребна материјална храна, т.е. леб. Ангелите немаат материјално тело, не се подложни на физичките закони од материјалниов и створен Свет, не јадат, не пијат, не спијат, не се уморуваат, немаат похоти и страсти, не стареат, не умираат...

Полека, полека о ти вешт и лукав избегнувач на одговори. Јас не те прашав дали на ангелите им е потребна материјална храна и сл. Моето прашање е: Дали може духот да јаде леб?
Уф ова ќе биде забавно :) :) :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не ми текна, ниту св. Ѓорѓија ми го кажа тоа на сон,
[/quote]

Далеку си Ти од достојноста да го видиш Светиот па нека е тоа и на сон...
--- надополнето: 15 август 2013 во 01:10 ---
туку така тврди Библијата во која што јас верувам.
Чорба,

претходно веќе Ти напишав: штом не знаеш како се остварува „нештото„ кое е запишано во Библијата, пак се вадиш од небрано со одговор во стилот: „Не знам како, ама така пишува во Библијата„.

Ајде де, па и јас можам да видам што е запишано во Библијата, нели?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
MIKI1 не се препелекај, туку одговори на едноставното прашање: Дали духот може да јаде леб?
Срамота си пишал таму под псевдонимот „Поставувач на неодговорени прашања“, а всушност е обратното, ти си тој што не одговара на поставените прашања. Подобро пиши си „Избегнувач на поставени прашања“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom