Сосема непотребно оние кретените од СЕХА бараат во јајцето влакно...
Можеби е мала Автокоманда,ама ги задолува сите стандарди,добра подлога,реновирани соблекувални...
Шо им игра улога за една ваква лига да бараат услови како да се работи за мечеви од ЛШ?
Штом ЕХФ дава зелено светло за мечеви од ЕХФ куп кои можат да се организираат во салата треба тоа да е доволно....
Шо ќе им е сала од 2000+,демек во другите земји полни се салите..
Шо ако Загреб има две сали пријавено,и тоа една со 15000 седишта кога живо пиле не оди на мечевите..
Ете видовме на Ф4 шо го организираа пред 2 години колку се заинтересирани за ракомет...

Па и Србите шо ги вклучија,демек кај нив интересот за ракомет е голем па ќе има публика,ни ќе има ни ништо,грото мечеви ќе се играат пред неколку стотини гледачи....
Малку несериозно од страна на СЕХА шо се заебаваат вака со критериумите,барем тие немаат право да поставуваат услови,зошто лигата на се личи само не на нешто сериозно..
Голема работа шо го донесле Газпром...
Страницата им е аматерска,нема никакви официјални информации околу лигата,екипите преку ноќ се откажуваат,па не знаат кој треба да ги замени,дали ќе се игра бараж помеѓу третопласираните екипи од Хрватска или Македонија,или пак ќе се лижат кај Унгарците...
На неполн месец до почеток тие не знаат дали ќе игра Борац или не,и кој треба да го замени?
И сега бараат од Металург некои услови...море мрш таму...
Едноставно дива лига....премногу преценета е лигата,засега се е само некоја идеја,демек лига која ќе има квалитет да и парира дури и на Бундес Лигата,ама на дело не се покажа,ниту во квалитет,а уште помалку кога се работи за посетата на утакмиците...затоа немаат право да поставуваат некои стандарди...
Демек се тепаат теливизиите да вршат пренос од лигата,па морало да се обезбедат услови за новинарските екипи....нема грешка...

Единствена придобивка за Металург е шо ќе има можност за повеќе мечеви..последните две сезони го покажаа ова....сепак се си има свои негативни страни...
Лани Лино на сметка на СЕХА кога непотребно ги исфорсира играчите на некои неважни мечеви,додека на Ф4 се глупираше со тие ротации....ја изгуби титулата во СЕХА,изгуби неколку клучни играчи за плеј офот и после беше тешко да се направи нешто повеќе..
Оваа сезона не смее да ја повтори таа грешка,без разлика дали ќе влезат во ЛШ или не....
Доколку не дај боже не успеат,имаат голема шанса да се покажат во ЕХФ купот,мислам дека ќе бидат меѓу главните кандидати за титулата....