Супер
ќе си земеш 4 пит була и ќе плаќаш како за 1 бернардинец. Повеќе забава за истите пари
Ако можат покаканите бебешки памперси да одат во обична корпа за ѓубре, може и заврзана кеса со кучешки какушки. И така корпите се празнат во истите контејнери и со истите камиони се носат на истата депонија како и сето останато ѓубре. Во парковите секогаш има недостаток на корпи за ѓубре, а камо ли па посебни корпи за кучиња. Ако добро се сеќавам, кога првпат се поставија посебни корпи за кучешки измет во паркот во Скопје, се користеа од луѓето како и секоја обична корпа за ѓубре,а и не се празнеа баш редовно
. Според мене нема потреба за претеризми од типот посебни корпи, доволно е градските служби да си ја работат работата за која се платени и да обезбедат доволно корпи за отпадоци.
Не ја читав темава од почеток,а не дека не ги сакам кучињата,напротив мили ми се.
Незнам дали за оваа појава сте зборувале-пишувале(освен за парковите).
Тие што живеат во куќи имаат подобри услови за чување на овие миленици.Знаеме.
Но што со останатите каде и газди и кучиња живеат ви стан.
Тоа е нивна работа,внатре како сака нека си живеат и нека си ручаат и спиат заедно ако им одговара не ми смета.
Но што ми смета.
Ќе се пристемни,ќе залади малку, значи за ова летно време зборам,и газдите а така и моиве нови комшии си ги вадат-носат милениците на прошетка. Морам да напишам дека се донекаде културни и тие и тие. Некои и им ставаат маски на муцките.Не за да касне некого,туку за да не касне нешто фрлено за јадење ми вели комшијата. И се разбира и дека кучето едвај ја чека оваа прошетка надвор. И веднаш бара некое дрвце да се течно испразни,но се почесто тоа е бандажот на мојата кола и тоа се истиот бандаж,веќе попрскан и обележан дека е за таа намена,од нив милиничињата.
А пак за тврдо празнење,зборите дека во паркот треба тоа да се собере,а тоа овие кученца го прават околу зградите,на тревниците и игралиштата за децата,сигурно тоа потоа никој не го чисти и останува таму да се гази со чевлите.
Ова сигурно сте го забележале до сега, на пример во новите игралишта, паркови и шеталишта во Аеродром и Ново Лисиче.Секојвечерно е исто. Треба и снимки знам.