Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
РЕНОВА - ПЕЛИСТЕР ( Тетово НЕДЕЛА 11.08.2013 година 18 час )
Главен судија : Влахо Константин - Скопје
1 асистент : Ширилов Игор - Скопје
2 асистент : Недески Илија - Скопје
4 судија : Ристеми Валтон - Гостивар
Контролор : Јосифов Зоран - Кавадарци
 
Ако го откачат сите странски Ш екипи со кои преговара можи ќе дојди..
И да дојди ќе дојди до на зима и после пак истото,ќе бара пак да оди надвор...
Фала,АМА НЕ ФАЛА,нас ни требаат играчи со договори,шо ќе останат на подолг период во Битола(посебно ако работи за Битолски деца)не Пелистер да му биди попатна станица во кариерата,да држат место овде и на прва шанса да ги запалат патиките за да бидат резерви во екипи од Романија,Казахстан,Азербејџан.....:tapp:
Подобро нека играат нашите деца отколку да си играме играчки со играчи кои не мислат на подолг период да се задржат во Битола...


За ова не се криви играчите туку управите !Барем сега може да бираме и да поставуваме услови плус колку толку имаме пари шо значи од нас зависи ...Инаку го делам твоето мислење мора да се потпишваат договри на две три сезони ако сакаме стабилен и силен Пелистер за да се работи на долги патеки и се разбира договрите да се потпишат на полусезона кога ќе видиме со какви квалитети ќе бидат новите(засилувања) играчи...Иако уште сега би потшишал со жуниор и христов на повеќе сезони ...
Недела со ренова ќе видиме колку вреди тимот дали вистина имаме сили за да се бориме во горниот дел до табелата или само не имаше фатено еуфорија и не гледваме реално на работите ...Се надевам дека бочески ќе го извади најдобриот состав и дека барем непоразени ќе се вратиме од Тетово иако потајно очекувам дека и ќе победиме , за жал пренос нема д аима ниту на МТв ниту на страната така да ќе дремиме на резултати и ќе го чекаме после видеото ...
 
http://www.pelisterfc.com/index.php/pvesti/250-milevski-nov-clen-na-pelister
Го памтам дечково од ко играше тука(уште пред 10ина години)ништо посебно,просечен играч....(вакви ги имаме еден куп)..
Ваков трансфер дефинитивно не ни требаше....
Не знам само зошто се земат вакви играчи со сомнителен квалитет,настрана квалитетот,играл дечкото во Втора Лига Шведска,знајме каков квалитет има таму,и какви екипи има,во некои аматерски Ш тимови,плус 29 години има,а децата од по 20 години ги пуштаме во Победа или дремат на клупа....:tapp:
Подобро нека му дат шанса на онај Дуков отколку да се земат за џабе вакви играчи(да не речам пропаднати таленти) ...:eek:
 
Дуков уште не бил потпишан(ваљда Тиквеш бара пари),па изгледа запна негде работата,па овај ко бекап го потпишаја.Со Ренова кец изиграјте си ја или воопшто не ја играјте,ако играт ко во неделата нема бод да чепниме надвор од Битола.
 
http://www.pelisterfc.com/index.php/pvesti/251-bravo-za-humanite-pelisterci
doencinja_4.JPG

Така беше дониран нов фрижидер, а во голема количиња млеко и вода пристигнаа во Домот за доенчиња. Оваа иницијатива ја подржаа буквално сите, па билети за мечот со Еурмилк платија и фудбалерите и членовите на обезбедувањето, кои ја исполнуваа работната обврска.
doencinja1.JPG

Целиот приход од мечот од третото коло Пелистер - Хоризонт Турново на 18 август ќе биде наменет за штитениците на Центарот за лица со оштетен говор и слух „Кочо Рацин„ од Битола. Секоја чест за хуманата иницијатива на ФК Пелистер и неговите спонзори.
doencinja_2.JPG

doencinja_3.JPG


(y)
--- надополнето: 9 август 2013 во 18:51 ---
http://www.tera.mk/2013080968534/aktuel/fudbalska-donacija-za-domot-za-doenchinja
 
Браво за идејата...(y)
Само вака ќе се поттикнат луѓето да плаќаат карта , барем ќе поможат на некој со купувањето на билет.
Треба да си сељак да не платиш карта , ако знајш дека парите од тој билет одат во хуманитарни цели.
Не се ништо 100 денари...
Ако можат да фрлат во кладилница по еден куп пари на ливчиња ќе можат да купат и карта.
Само со вакви иницијативи можи да се привлечат и други спонзори во клубот .
Ко ќе видат дека се работи како шо треба и со мал успех , сигурен сум дека следната сезона ќе имаме барем уште 2 спонзори кои ќе сакаат да инвестираат во клубот.
 
http://www.pelisterfc.com/index.php/pvesti/256-pelister-pa-vo-penzija

(y)

Николче е човек за разлика од многуте лешинари, и секогаш сум го почитувал и како играч и како човек.
И на 40 години за во нашата банана лига ќе биди главен играч, колку само ќе значи на помладите во екипата :rolleyes: Се надевам дека и после пензионирањето ќе биди дел од клубот, дали како претседател или како спортски директор небитно... Има искуство, видел како е на запад, можи итекако да помогни.
 
http://www.pelisterfc.com/index.php/pvesti/256-pelister-pa-vo-penzija

(y)

Николче е човек за разлика од многуте лешинари, и секогаш сум го почитувал и како играч и како човек.
И на 40 години за во нашата банана лига ќе биди главен играч, колку само ќе значи на помладите во екипата :rolleyes: Се надевам дека и после пензионирањето ќе биди дел од клубот, дали како претседател или како спортски директор небитно... Има искуство, видел како е на запад, можи итекако да помогни.




Николче е ѕвер, и јас би сакал да го видам во Битола како го пренесува своето богато искуство, но мислам дека Мајнц нема да го пушти туку така, кога знае за каков професионалец станува збор. Мислам дека тие и по пензионирањето ќе му понудат договор за да работи за нив во администрацијата на клубот. Сепак капитен е на Мајнц 4 години и тоа е за респект.
 
Ne znam oti ama siguren sum deka denes ke tepame 0-2 so golovite na mojsov i macata :vozbud:



Чул те Господ, но искрено многу тешка утакмица ќе биди. Тие не се слаби и плус ќе си ја бараат шансата за бодови дома, зошто на гости тешко ќе им биди. А ние ако сакаме висок пласман мораме да освојуваме бодови и во гости.

мој тип 0-2 гола
 
Decki negde slucajno TV ili radio prenos da ne ima od utakmicata ? Kako vo Abhazija da zivejme upm.
 
Да не знај некој дали имат пуштено сезонски карти?(и ако има колку пари се)....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom