Се’ додека инаетот нее животонепријатен а се противи на отецот на животонепријатното семе и на животонепријатното семе, зошто инаетот да нее нешто позитивно?
Дури и инаето кон своите најближни - во тој случај - е нешто позитивно и животопријатно!
„Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч.
Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.
И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.
Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
(Ев. Матеј 10:34+)
Неможеш човека да се увери - а уште помалку согласи - се’ додека се противи на дечјото срце, кое неможе поинаку а да верува и затоа се’ повеќе се уверува!
Кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи;
а кој нема, ќе му се земе и она што го има.
(Ев.Матеја 13:12)
Кој не стои или врви во
Мудроста БОЖЈА, тој стои или оди по глупоста!
Знам дека горчи во моментов, но вистинско и лековито е!
.
првиот дел. двојни аршимни односно лицемерно е, сега вака, друг пат така .ко ислам сега да ми проповедаш. или Е, или НЕ Е. нема помеѓу. а за мене Е лошо/зло инаетот. секој кој се инати, а нема факти за тоа за што се инати е човек кој тоа го прави од немоќ.
вториот дел (првото црвено), ........ тоа може да важи САМО за верниците, а за останатите не може. мене ми се поважни животот и среќата на децата од кој и да е тој горе. зошто? затоа што не ми дал доказ дека треба да ми биде поважен од се друго. а згора на тоа ако горниот е полн со добрина (како што се опишува) она “не е достоен за мене“ го прави ЛОШ. значи е себичен!!!
третиот дел. баш јас сум со дечјо срце, затоа што наивно за се прашувам. секое дете кое не разбира вика до бесконечност “зошто“ (се надевам имаш дете и сфаќаш на што мислам) и очекува од родителот да му биде објаснето. а пошто родителот не е сезнаен, доаѓа до момент кога ќе му каже на детето “дај доста со тоа зошто“. и тука завршува муабетот. е сега, ао повлечеме паралела со овој пример, и примерот јас/ти/ние ко деца прашуваме “зошто“, ако бог е Сезнаен, тогаш нема да му биде проблем да ни одговори на прашаата. а ако не одговори, тогаш не е Сезнаен и Се моќен, нели?
четвртиот дел, втор црвен. што ќе ми земе? или што ќе ми даде? ај еве со паметот да земеме пример. сеуште добро ме служи паметот. со тој памет работам, заработувам, одгледувам деца, шетам, уживам во овоземноте задоволства, ..... нели ако не верувам ќе ми земе? или здравје? сеуште ме служи добро. или ќе ми го земе местото во рајот? .... ух, и то ме заболе. нека ми се докаже дека тој е тој, па тогаш ќе се секирам за тоа имагинарно место за кое не постои доказ дека постои, легенда, ко за легендата за неси од лох нес.
ти, ОК, остани си со своите верувања, али не пробувај да ги наметнеш, него прај муабет со свои зборови, а не со цитати. тоа не си ти, само copy-paste.
а јас како што не сум уверен во ништо околу верата, мое е да прашувам/дискутирам со верници, кои ако се расположени ќе ми одговорат/дискутираат. но само ако размислуваат со своја глава. дијалог со цитати е досаден