Ако ова се однесува на мене да напоменам дека поголемиот дел од 70-тите и до средината на 80-тите сум одел(ме носеле во стварност) или на егејот или на јадранот.Сум одел во грција уште во времето кога Паралија имаше неколку куќарки за бродови,а Олимпик Бич воопшто не постоеше.Во Катерини се одеше на шопинг(уште се сеќавам на големиот папагал во центарот на пазарот).Плажата во Лептокарија беше запоседната со големи рибарски бродови на секои 100 метри од кои се ширеше неподнослива миризба,а ние децата чекавме рибарите да ни ги фрлат морските ѕвезди и школки.
Ама тогаш платите (на родителите) им беа над 1000 марки и со една плата се одеше таму.Сега се зборува само за сиромаштија,криза,катастрофа во економијата,луѓето јадат од контејнери,луѓето крадат за да јадат....а паралелно се критикува летување на море `каде е видена некоја крава`.Па излезете покрај Вардар ќе видите многу повеќе на 500 метри од Скопје 2014.
Кому не му се свиѓа еспресо за 23 денари на плажа,гиро за 65,нека си оди во Грција за 3 евра има колку и да сакаш.Ама немојте да труете за немаштија,сиромаштија,глад......
ПС.Планирав да направам поширока `репортажа` од одморот кој планирам да го правам бидејќи планирам да го посетам скоро цело јужно крајбрежје на Албанија,ама не ми се плаќа оштета на тие што се незадоволни од одморот во Ксамил
Прво тој што кука за глад, сиромаштија, немаштија искрено нема што да бара на море. Да бидеме реални одмор и море е луксуз во денешно време, па сега ако немаш за леб што мајка бараш да одиш на море.
Второ слободно направи репортажа од одморот во Албанија баш би ме интересирало да ја прочитам, но гледај да биде реална. Ако си видел крави пиши дека си видел крави, не го изоставувај тој факт. Ако нема струја кажи дека нема струја, па секој со својот ум како ќе си одлучи така.
Поентата на темава не е дали треба да се убедуваат луѓето да одат или не одат во Албанија, туку секој да си пише свое реално искуство како поминал таму.
Кажав и погоре, секој има различно сваќање за тоа што е убаво и секој за различни работи оди на одмор. Некој сака да седне во ресторан и да јаде по цел ден друг сака да си јаде лепче и маргаринче и да се пече по цел ден на плажа, трет сака бурен ноќен живот и така натаму. Секој нека си процени што бара од одморот, па според тоа и нека одлучи.
Јас кога бев сите што ги прашав за мислење ми рекоја дека е прекрасно, ефтино не знам ти ја што. Само еден колега Албанец ми рече "Што мајка бараш таму? Нема ништо вредно да се види, немој да одиш.Јас што сум Албанец па не ми се допаѓа" И нормално јас не ќе го слушам него еден, кога 100 души велат дека е убаво. И бев, видов, издржав дури еден цел ден и колата под газ метак да ме нема од таму.