Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Тогаш подобро да одам на Оксфорд да студирам него ли тука :D
Офф проблеми :(
Ете ти причина да го совладаш англискиот јазик. Во случај да не можеш, не ти препорачувам воопшто да се запишуваш на факултетов, зошто сепак, англиски јазик е полесен од програмски јазици.
 
Со новиот редизајн на нивниот сајт ги снема профилите кои ги имаше на долниот дел од страната, наместо тоа дадена е листа од изборни предмети за секој семестар.
Има некои промени?
 
Ме исплаши сега :(
А дали може да се избегнат ? :D Мислам од изборните дали има доволно на македонски, па да нема потреба да избирам од овие на англиски што се учат ?

Не, не може. Скоро се е на англиски (освен презентациите по некои предмети).

Се наоѓа тука-таму по нешто, ама катастрофа е тоа што го има. Ќе мора да се научиш да учиш на англиски, да бараш на интернет, на јутјуб клипчиња итн... Презентациите се најчесто на македонски, ама не се доволни за положување на секој предмет
 
Ништо без англиски. Сега нели имаат КНИ на англиски, а и Томче лани нешто почна да ни збори дека сакаат се повеќе да се учи на англиски и програмите кои ги пишуваме се на англиски да пишуваме и такви ствари.
 
Можно е да има цели предмети само на англиски, предавање, тестови и слично, бидејќи сакаат да привлечат и странски студенти. Пошто нели имаат размена со Универзитетот во Бостон, па од страна луѓе да доаѓаат и кај нас. Не знам како ќе испадне тоа, ама можно е.
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:36 ---
Со новиот редизајн на нивниот сајт ги снема профилите кои ги имаше на долниот дел од страната, наместо тоа дадена е листа од изборни предмети за секој семестар.
Има некои промени?

избриши го тоа -new во адресата, ќе ја видиш старата страница на смеровите.
 
Може некој да ми каже за смерот Примена на е-технологии?
 
Општо за смерот, колку е тежок, дали се бараат инженери по инфо. технологии, каде може да се вработат и сл.
 
Општо за смерот, колку е тежок, дали се бараат инженери по инфо. технологии, каде може да се вработат и сл.
Еден од полесните од причина што единствената задолжителна математика е Дискретна Математика 1/2. Голем дел се одлучуваат за овој смер баш поради оваа причина.
 
Можеби се на англиски книгите, но сепак доволно е да учиш и од презентациите кои се на македонски, на пример ДМ, КРС/НРС, АОК има преведена книга на македонски... Барем во прва година, нема некоја голема потреба од англиски... Само Калкулус :D
Ама како и да е, често пати ќе ти се случува нешто да не разбираш, па да бараш на нет итн., така да, англискиот е must за факултетов :D
 
Општо за смерот, колку е тежок, дали се бараат инженери по инфо. технологии, каде може да се вработат и сл.

Во било која ИТ компанија за која имаш способности да работиш. Работа во ИТ сектор има многу, само специјализирај ти за одредедна работа, немај гајле.
 
Можеби се на англиски книгите, но сепак доволно е да учиш и од презентациите кои се на македонски, на пример ДМ, КРС/НРС, АОК има преведена книга на македонски... Барем во прва година, нема некоја голема потреба од англиски... Само Калкулус :D
Ама како и да е, често пати ќе ти се случува нешто да не разбираш, па да бараш на нет итн., така да, англискиот е must за факултетов :D

Да, нормално ова.
Имам јас познавање од англискиот, па барање помош по интернет нема да ми е голем проблем.
Но проблем ќе ми биде доколку цел предмет ќе мора да го учам од книга на англиски. Не го владеам до тој степен.
 
Колку шо сум чул и примена на технологии ќе имало К1/К2/Веројатност од годинава..... Дезинформации се ова или таман е работата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom