Јас не сум бил идеја 40-тина години. Тоа според тебе е долг период?
1. Не знам зошто Охридската архиепископија се гледа како нешто „македонско“, кога е познатно дека мнозинството архиепископи и епископо во целата нејзина историја биле ГРЦИ. Де факто тоа била грчка архиепископија на македонска територија. Јазикот на кој што се служеле литургиите бил грчки. И во администрацијата на ОА исто така се говорело и пишувало на грчки.
2. На султанот воопшто не му пречела ОА или православието во балканот, како што не му пречела ни Цариградската патријаршија (на неговата територија!). Она што православните се обидуваат да го прикријат е тоа дека во самата Охридска архиепископија епископите биле поделени на фанариотисти (кои претендирале се потесни врски со Цариградската патријаршија) и автохтионисти (кои пак сакале да се ојача влијанието на Охридскиот трон). Токму оваа тензија и особено финансиската криза на ОА допринеле да султанот ги присоедини сите епархии од ОА кон Цариградската патријаршија.
3. Ако ОА има свој континуитет преку свештенство, тогаш зошто групата луѓе што сакаа да си оформат Македонска „црква“ (за да си тераат бизнис во Македонија) отидоа во Србија за Српската православна црква да им ракоположи свештеници? И зошто потоа истите направија неканонски раскол и си самопрогласија афтокефалност?
4. Еве и оваа група на луѓе тврдат дека се возобновената Охридска Архиепископија.
http://www.poa-info.org
Нивното име е „
Православна Охридска Архиепископија“ и нејзин архиепископ е неговото блаженство архиепископот охридски и митрополит скопски господин господин Јован.
За разлика од МПЦ тие имаат благослов од матичната црква СПЦ
и не пребиваат во раскол како МПЦ.
Мајката на Исус (блажената Марија) била мажена за Јосиф.
„А раѓањето на Исуса Христа стана вака:
кога Неговата мајка Марија беше свршена за Јосифа, пред да се состанат, се најде забременета од Светиот Дух. А нејзиниот маж Јосиф, бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја засрами, намисли да ја остави тајно. Но штом го намисли тоа, ете, Господов ангел му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов,
не бој се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.“ (
ев. Матеј 1:20, Библијата)
Кога Јосиф и Марија во една прилика го изгубиле 12-годишниот Исус и потоа го нашле, Марија му рекла:
„ Кога Го видоа се зачудија и мајка Му Му рече: „Чедо, што ни направи така? Гледај!
Татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.”“ (
ев. Лука 2:48, Библијата)
Како може Марија да го нарекува Јосиф татко на Исус, ако таа не му била законска жена? Клај си прстот на глава до каде одиш со твоите ереси!
А другите личности што си ги спомнал се тотално неадекватни примери. Демек тоа што Исус не бил женет, од тоа следувало дека и сите епископи не треба да имаат жени. Ц ц ц какви се не изговори не ќе си најдете да ги оправдате своите анти-библиски догми. Ама Божјото Слово си останува непроменето и до Судниот ден ќе ви ја клука совеста:
„Според тоа,
епископот треба да биде: непорочен,
маж на една жена, “ (
1 Тимотеј 3:2, Библијата)