Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Тој кај новата црква беше парк.
Новите хотели што се градат , зеленило беше , можеше да биде и парк.

Тоа кај новата црква ќе биде заменето со нов плоштад, кој ќе има и дрва и чуда веднаш спроти него. Таму каде што се градат новите хотели ама баш никој никогаш не планирал парк.
 
Тоа кај новата црква ќе биде заменето со нов плоштад, кој ќе има и дрва и чуда веднаш спроти него. Таму каде што се градат новите хотели ама баш никој никогаш не планирал парк.


Ич немаше потреба таму од црква, ама ај мислам веќе помина таа дискусија.
А за другово ако е така, испаѓа ај нека ги исечат сите дрва важно ќе посадат нови нели. Плус викаат саделе нови дрва низ Скопје - а забораваат дека може тоа е така во некои од другите општини ама не и во Центар.
 
Последниве години никнаа неколку паркови во Скопје,некои поголеми,некои помали.Два во Аеродром,сега нов во Ѓорче,уште еден мислам во Карпош беше..Чудна работа,за такви убави работи се премолчува на форумов,никој не ги спомнува,а кога ќе се исечат 5 дрва се диза прашина од Скопје па се до Куманово.Таков народ сме,само лошите работи ги памтиме.
 
Два во Аеродром,сега нов во Ѓорче,уште еден мислам во Карпош беше..

А во Центар? Ме интересира бидејќи живеам таму (заедно со уште 50.000 други жители).
 
А во Центар? Ме интересира бидејќи живеам таму (заедно со уште 50.000 други жители).

Што се буниш,местото кај што живееш се вика Центар.Центар на Скопје,центар на Македонија..а ти што сакаш? Кога ќе излезеш од зграда под нозе да газиш на земја и да осеќаш мирис на сено и слама??Или овци да ти пасат на некоја ливада...идила. Пресели се у некое село,продај тоа станот таму и во некое запустено село ќе купиш 5 хектари земјиште со се куќарка и штала.
 
а ти што сакаш? Кога ќе излезеш од зграда под нозе да газиш на земја и да осеќаш мирис на сено и слама??Или овци да ти пасат на некоја ливада...идила. Пресели се у некое село,продај тоа станот таму и во некое запустено село ќе купиш 5 хектари земјиште со се куќарка и штала.

:tapp:

Си бил во право со овој пост:
Многу сум глуп..
а бре што сум глуп..
глуп сум дефинитивно..
конечно дознав дека сум глуп..
 
Види го. Па истото го реков - викам има понекој нов парк во другите општини (што автоматски е ОК работа), ама обратно е во Центар.
А сеното, сламата и ливадите за кои збориш во центарот на градот се викаат ПАРКОВИ кои се помалку ги има. А ливади кај што пасеа коњи имаше накај Аеродром и никој не вика дека тоа е ОК.
 
Што се буниш,местото кај што живееш се вика Центар.Центар на Скопје,центар на Македонија..а ти што сакаш? Кога ќе излезеш од зграда под нозе да газиш на земја и да осеќаш мирис на сено и слама??Или овци да ти пасат на некоја ливада...идила. Пресели се у некое село,продај тоа станот таму и во некое запустено село ќе купиш 5 хектари земјиште со се куќарка и штала.

веројатно човекот мислеше на зелена површина,некое паркче а не сено и крави.Пошто во центар не е само плоштадот и улица македонија,тука спаѓа и капиштец и градски ѕид и други места кај што претежно има луѓе а не деловни објекти.И тие треба да живеат.
Не врти менхетен филмови што ви ги кажуваат јанко и миленко,Скопје и Њу Јорк не е исто и голем дел од центарот се нормални маала како во карпош или аеродром
 
http://farm9.staticflickr.com/8343/8253433746_89487f5401_z.jpg - Будимшешта

http://www.visualphotos.com/photo/2...of_downtown_city_with_mountains_WVF000071.jpg - Прага

http://mw2.google.com/mw-panoramio/photos/medium/54264309.jpg - Братислава

Како што гледам нема нешто бог знае колку зеленило во центарот на овие градови.
Царе, стаи и од Нџамена и од Могадишу слики, главни градови се исто....
Лево маде не заболе дали има или нема зеленило во Братислава....

И нормално кадрите ти се избрани да има што помалку зеленило.....тркни до Берлин на пример, па види што значи зеленило во град....
 
Многу лош речник користите. Прво не согледувајќи и не разбирајќи ги фактите и потребите на центарот и на Скопје се зборува тоа што медиумиве го величеаат. Само површно дрвата како слеп за стап. Има тука многу. Аман, проблемот со загадувањето не е во дрвата. Проблемот е во немаање на брзи собраќајници како тунелот под кеј/плоштад, јужен булевар, без семафори и помалку издувни гасови. Немање на шински сообраќај и немање на алтернативен еколошки превоз и инфраструктура пример велосипедски патеки по булеварите а не на кеј рекреативно... Елиминирање на стари камиони и возила. Ајде ова низок стандард и тешко да се среди. За фабриките и дрвата што се горат зимно време е прилично јасно. Проблемот тука се суетите и личните барања на луѓето што живеат во центар. Центар не е нивни и крај на приказната. Јас не се слагам со барокот кој го инсталираат, меѓутоа дека одредени подрачја треба да се оформат во урбанистички целини е неоспорен факт и работа која нема да ја спречат никакви струи.
 
Центар не е нивни и крај на приказната.

Ахам, значи утре кога ќе одам да платам данок на имот или друга општинска давачка да им кажам дека дечките од Карпош или Куманово ќе платат.

Проблемот е во немаање на брзи собраќајници

За ова тотално се слагам, инфраструктурата е поприлично запоставена.
 
http://farm9.staticflickr.com/8343/8253433746_89487f5401_z.jpg - Будимшешта

http://www.visualphotos.com/photo/2...of_downtown_city_with_mountains_WVF000071.jpg - Прага

http://mw2.google.com/mw-panoramio/photos/medium/54264309.jpg - Братислава

Како што гледам нема нешто бог знае колку зеленило во центарот на овие градови.

Центарот на Лондон. Ама се прости ова британциве, нека им каже некој дека треба згради да има во центар!

292204064_3362eeb2ff_o.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom