Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Цитро, која е логиката веќе постоечка зграда да се обвитка со барок?

Нема логика.Само ме изнервира пост на седмооддленец кој прочитал нешто на интернет и наредил гомно-икони.Ај барем да е од сега веста,не од лани полани-
 
Нема логика.Само ме изнервира пост на седмооддленец кој прочитал нешто на интернет и наредил гомно-икони.Ај барем да е од сега веста,не од лани полани-

Не сум седмоодделенец и тогаш не мислев дека се озбилни. Ама од денеска и да кажат дека ќе се обесат на Ацето ќе им верувам.
 
Ако изнесеш факти одма ќе те направат дека си од партија тоа само во Македонија може.

Бидејќи фалат аргументи еве на пример зашто се гради токму овде, сите коментирате а никој не ги познава работите ама битно да се речело.
Целта им е да ја дооформат улица Македонија од плоштад до стара железничка. Значи овој таканаречен трет дел да добие оска на објекти кои ќе излегуваат во "Г" форма према улицата кај Рамстор. Со црвено е линија на објекти веќе од многу одамна изградена па прилепена е со зградите отпозади и тоа на никому не му смета? А дали дрвава се причина за загадувањето е сосема друга дискусија на муабет, практично не се, туку се работи за лични побуди тие што живеат околу нема да можат да го узурпираат просторот.
Паркови во ред да има ама цели површини ливади, не може долго да опстанат се работи за строг центар.

23.jpg

Не можам да не реагирам на ваква небулоза.
Целта им била да се дооформи ул Македонија? И ти веруваш на ова?
Целта е да си избрише од визуелна и ментална претстава за центарот - главната водилка во ДУП-от на Мал Ринг - Градски ѕид кој во овој дел во оската на ул. Македонија е зафатен со кулите, кои не случајно се поставени на поголемо растојание за визуелно поврзување на плоштадот со главната фасада на старата железничка станица (и застанатиот саат) - просто кажано да се гледа....таа оска која се протега од јужната порта на вториот бедем на калето, па преку плоштадот се до железничката може да ја прочита и мало дете, нормално ја сфатил и Танге, ама тоа е научна фантастика за Боро Инпума, Вангелштајн и сличните малоумњаци со диплома од архитектонски...
Паторот ангажираше полуписмен несуден овчар од Кичево во урбанизмот на Центар и врањански драгачевац на кои ова им се гледаа како росни ливади кои не смее да ги има во Скопје - да не случајно ги потсеќаат на ливадите по кои во нормална држава они ќе требаа да пасат овци, а не да ми кажуваат како ќе ми излгеда градот. Не е урбанизам - „шибни зграда врз зеленило“! Ова е штракање во аутокад без памет.
Последен објект бил хотел „Бристол“ и тоа не било случајно направено така и тоа и по тој српско-краљевински урбанизам и по комунистичкиот.
Не ти се ова факти, заведен си.


Па уште одам на врв на Водно пред некој ден - стаиле табла за „лепотите“ на Скопје на кои на пример ја нема зградата на МАНУ на Чипан, него ја има оваа архитектонска брбушка „Совет за радиодифузија“ потпишана од незнаен јунак - „требала да се види“ - ма немој да ме јебеш! Доаѓаат будали јапанци и нема да идат у МСУ него ќе идат да ја видат радиодифузија!???

Умоболни хејтери на зеленило, е***е си мајката од Скопјево што побрзо!
 
ДУШЕГРИЖНИЦИ збор! Насочете ја вашата енергија кон вистинскиот проблем,Водно.Се испоуништи Водно,се исече,никој не реагира,а Водно е многу побитно за Скопје од овие неколку дрва.
 
ДУШЕГРИЖНИЦИ збор! Насочете ја вашата енергија кон вистинскиот проблем,Водно.Се испоуништи Водно,се исече,никој не реагира,а Водно е многу побитно за Скопје од овие неколку дрва.

Наполно се согласувам со тебе - она што се случи на Водно е трагедија. Водно е национален парк а го преплавија со зградишта. Незнам како не им беше срам
Не знам дали ти е познато, претходно на Водно имаше неколку села. По Ослободувањето, тие села се иселени, Водно е пошумено и така стана Водно
И ова кај Бристол е срамно, ама не е тоа единствено... и карши Бристол е уништен паркот и кај домот на АРМ за изградба на цркава, и позади градкиот стадион и пред стадионот на влезот на Градскиот парк ( хотел ). И на почетокот наКапиштец се исечени дрва за да зонашите „ стопанисуваат и поштено заработуваат ’
И на многу други места....
Сето тоа зборува дека ние немаме одговорна власт
 
ДУШЕГРИЖНИЦИ збор! Насочете ја вашата енергија кон вистинскиот проблем,Водно.Се испоуништи Водно,се исече,никој не реагира,а Водно е многу побитно за Скопје од овие неколку дрва.


Не може заради еден проблем, сите други проблеми да се игнорираат. Ако тебе те боли главата, не значи дека тоа дека што те боли стомакот е тотално небитно. Проблемите треба сите да се прифаќаат, макар и мали. А ако еден проблем не се прифаќа а друг да, тогаш значи дека првиот проблем се уште не е до критична точка. На Водно веќе е проблем, само дај време кога луѓето ќе почнат и со тоа да се „замараат.“
 
ДУШЕГРИЖНИЦИ збор! Насочете ја вашата енергија кон вистинскиот проблем,Водно.Се испоуништи Водно,се исече,никој не реагира,а Водно е многу побитно за Скопје од овие неколку дрва.
Citro, а да се насочиш ти накај градинка, со мали деца да си праиш муабети. Водно е е***о во последниве 15 години, во кои ај погоди кој ја држеше власта. Прашај си у штаб таму, разноразни орцевци, гемми чии фирми се и кој го испогради Водно.
--- надополнето: 6 август 2013 во 17:38 ---
Водно е национален парк а го преплавија со зградишта. Незнам како не им беше срам
Не знам дали ти е познато, претходно на Водно имаше неколку села. По Ослободувањето, тие села се иселени, Водно е пошумено и така стана Водно
Водно е парк-шума. Национален парк е нешто друго. Во секој случај, османлиите за да си ги греат амамите и го соголиле до последна грмушка. Во периодот на СФРЈ е повлечена акција за негово пошумување, а последниве 10-15 години, власта на општина Центар се обидува да види дали може до врв да собере згради.
 
Слободниот простор кој го изгуби Скопје последните 4 години. Зборуваме за централното јадро. (изменете ако има некоја грешка).


skopje1.jpg
 
Слободен простор за што?


Не реков дека требало така да остане , тоа покрај кејот требаше да се затвори ... Но сепак почнаа да се уништат и паркови.
Нека се изградат згради и во Жена Борец , за да добие форма тој простор , пошто многу широко е.
Разбирам да беше нешто неопходно.
 
Како плаче тоа паркингот кај Холидеј Ин за една административна зграда, уфффф...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom