Километарски колони на патарините долж Е-75

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Темава не е мотивирана со намера да се дискутира дали треба или не да се патува на одмор во Грција, туку општо како проблематика која одзема време да се транзитира по коридоров. Поточно и Македонија губи со оваа проблематика.
Еве ја веста.
------
Македонија очигледно и натаму е земја низ која транзитираат бројни туристи од Европа кон Грција но и кон Турција. Тоа беше забележливо токму денеска кога патаринити беа затрупани со километарски колони. Овие фотографии ги направивме на наплатната рампа кај Куманово на која се чекаше повеќе од час и половина. Еден турски гарстарбајтер од Германија кој патува кон Турција на годишен одмор не информираше дека негов пријател кој денеска рано минал низ Македонија на наплатните рампи на автопатот Куманово –Гевгелија чекал вкупно повеќе од 4 часа. Ако тука се додаде и чекањето на граничните премини излегува за да се помине малата Македонија од Србија до Грција се потребни речиси 10 часа. Што е многу , многу е.
Очигледно време е да се побара друга опција и да се отстранат патарините барем во екот на летната туристичка сезона бидејќи секој кој еднаш вака ќе заглави следниот пат ќе ја заобиколи нашата земја.
Туристите се жалат и на лошата кетеринг понуда долж автопатот без мотели и катчиња за одмор.
sam0893.jpg

sam0884.jpg

sam0891.jpg

sam0887.jpg

Кој е коментарот?
Проблематикава со коридорот Е-75 е се поголема имајќи предвид оти надлежниве ништо не преземаат веќе подолг период. Поточно министерствово за транспорт и врски спие.
Прво проблемот со патариниве не е нов, туку е проблем кој секое лето е присутен во Македонија.
Се поголем број на туристи транзитираат низ Македонија и се поголем број на гастербајтери од сите краишта на Европа проаѓаат и поминуваат по 10 саати од Табановце до Богородица. Океј да се работеше за граничен премин ама за патарини?

Е сега замислете хипотетички да треба да брзате поради некоја итна работа или посета на лекар од еден до друг град, користејќи го автопатов низ што се треба да поминете? Некој од земјава што постојано ја користи делницава му пропаѓаат цели денови.
А дека и туристиве и гастербајтериве ќе ја одминуваат Македонија е повеќе од јасно.
Друга работа е тоа што нашиве најпрво евра не примале, па примале само книжни и враќале денари... Тука се создавала гужва. Втора работа е што има по два-три пункта за наплаќање и се создава ваква гужва.

Нека воведат вињети и завршена работа, барем ако не ти се плаќа од почеток ќе можеш да бегаш од гужва.
 
Потполно се согласувам со членот темата е супер и кажува многу за нашиот туризам ние се фаќаме за Охрид а не гледаме дека немаме патишта и дека секој град може да биде туризам за себе.

Заглавени во своја сопствена бирократија си го мериме со Грците кои не треба динар да земат од нас секогаш последни сме за жал.
 
Вињети на граница, решен проблем.

Тие се последен проблем гледај да ги задржиш туристите некако со планински туризам ова она кога и така се заглавени на патарините.
 
Тие се последен проблем гледај да ги задржиш туристите некако со планински туризам ова она кога и така се заглавени на патарините.

Па еве се задржуваат на автопатски туризам се :icon_lol:.
 
Е сега замислете хипотетички да треба да брзате поради некоја итна работа или посета на лекар од еден до друг град, користејќи го автопатов низ што се треба да поминете? Некој од земјава што постојано ја користи делницава му пропаѓаат цели денови.
А дека и туристиве и гастербајтериве ќе ја одминуваат Македонија е повеќе од јасно.
Друга работа е тоа што нашиве најпрво евра не примале, па примале само книжни и враќале денари... Тука се создавала гужва. Втора работа е што има по два-три пункта за наплаќање и се создава ваква гужва.

Нека воведат вињети и завршена работа, барем ако не ти се плаќа од почеток ќе можеш да бегаш од гужва.

Баш тоа ме замисли, пример итна помош, зар ќе треба час и пол да чекаат за да го пренесат лицето? Како што гледам трите ленти се зафатени, што не смее да се случи. Тоа мора да се регулира, ако веќе има гужви, лентава за застанување треба да биде празна. Ова што се случило е неорганизација.

Има некои луѓе идат на работа на таа релација, секојдневно, јас сум сигурен дека никој работодавец нема да им прогледа низ прсти за секојневно доцнење поради то што немаме соодветен систем за наплата.

Проблемот постои недела наназад, само не беа толку долги колониве, мада се чекаше по 20 минути.

Све е труло и скапано во државата...
 
Добар план разработиле овие за да ги ,,задржат" туристиве во Македонија. Сега нека им пуштат циганчиња со подвижни фрижидери да им продаваат сладолед и пиење, а за секоја сметка на 300 и безплатно чистење на шофершајбна.

Него утре патувам за Дојран, па како би било подобро со скапан автобус по скапаниве патишта или со уште поскапан воз ? Јебига изборов е премногу добар за да биде вистинит.
 
Нема ништо што може да се види долж коридорот 10,нема мотели,нема дури ни доволно бензински..за некои други содржини да не правам муабет.Очигледно дека мора да се работи на проблемов.
 
Воз, секако. Само глеј да е порано, зашто преку ден ќе загрее моторот и ќе мора да правите пауза. Скапан воз, барем е поефтин и моеш да отвориш и прозор и се, за разлика од скапан автобус на скапани патишта.
 
Нема ништо што може да се види долж коридорот 10,нема мотели,нема дури ни доволно бензински..за некои други содржини да не правам муабет.Очигледно дека мора да се работи на проблемов.

Еве ти бизнис идеја бе Цитро :D

Еден мотел/ресторан/супермаркет да си отвориш таму.
 
како черупаат овие на патариниве на е75 :pos:

За накај Велес лани одиме и пред нас еден Французин дава 20 евра, овој на патарина му враќа 500 денари. Вчера тетка ми и тетин ми биле накај Крива Паланка, на патарината кај Куманово, редици 500 метра, тој на патарина со сите странци се карал (ги ограбувал) и пред нив некоја Гркинка се карала, му дала 10 евра овој и рекол толку, нема кусур :pos: петнаесет минути се карале и на крај гркинкава му фрлила пари во фаца и кур му покажала и да ја нема.

со вакво понашање уште малце и како транзит ќе не одбегнуваат.
 
Да, решение би биле вињетите ама тоа да е пропратено со совесна полициска контрола која нема да потпаѓа под мито.
 
извини за глупо прашање ? а што е тоа вињети ? :confused:
налепница која ти ја лепат на граница, на шофершајбна за платена патарина во некои држави и слободен си, не плаќаш патарини на патишта.
 
Летово бев во Италија и навистина на генијален начин го имаат решено проблемот. Наместо на секои 30 километри да има патарини, има две, една на влез и една на излез од автопатот.

При влез во автопатот, автомат ти дава ливче со бар код и слично. На излез од автопатот со ливчето се легитимираш и наплаќаш во зависност колку километри си поминал. Тука тоа може да го направиш преку автомат кој исто така ти дава кусур или пак на старомодниот начин.

Поминав околу 1000 километри и не се случи да чекам повеќе од 1 минута на патарина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom